Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Нашите импресии од 7-те финалисти за Автомобил на годината во Македонија
 
Spodeli
27 февруари 2017, 14:33


Нашите импресии од 7-те финалисти за Автомобил на годината во Македонија Peugeot 3008 Нашите импресии од 7-те финалисти за Автомобил на годината во Македонија
Викендов што измина, за нас од автомобилска вероисповест беше мал празник. Тоа што за боемите е кафаната, а за љубовџиите жената, за нас се автомобилите. Па, кога има паркирано повеќе автомобили и било какво возење со нив, не може а да не е празник. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Причината е македонскиот избор на автомобил на годината. 

Седумте финалисти во изборот во Македонија, паркирани еден до друг, чекаат да бидат повозени од, интересно, ни помалку ни повеќе - конкуренцијата. Значи, вработените во другите фирми треба да ги пробаат и на крај да дадат оценка и глас за својот фаворит, па на крај, заедно со гласовите на членовите на жирито, да се добие победникот - автомобилот што во наредните 365 дена ќе може во Македонија да се фали дека е Автомобил на Годината.
 
 
Еве кои 7 автомобили се во финалниот избор
  • Kia Sportage
  • Peugeot 3008
  • Seat Ateca
  • Toyota C-HR
  • Renault Megane
  • Citroen C3
  • Suzuki Baleno
Ние од koli.com.mk ќе ги споделиме нашите импресии за секој автомобил, иако за некои од овие веќе пишувавме низ тест возење. 
 
Во однос на импресиите од сите присутни, би ги поделиле автомобилите во две групи, една од која пријатно се изненадени, и не го очекуваа тоа што го видоа, и друга од која има мало разочарување. Во групата на пријатни иненадувања спаѓаат Kia Sportage, Peugeot 3008, Toyota C-HR Citroen C3 и Suzuki Baleno, единствено Seat Ateca и Renault Megane како да не припаѓаат во друштво на оние од кои се очекувало повеќе и едоставно не припаѓаат во еден финален избор, особено што годината што измина имаше премиери на поинтересни и технички понапредни модели, од типот на Mercedes E class и др.
 
Интересно, од автомобили кои се во финалниот избор во Македонија, единствено Peugeot 3008, Toyota C-HR и Citroen C3 се и во финалето на Европскиот автомобил на годината, каде дополнително ги има, освен веќе спомнатата E class, и новата Nissan Micra, Volvo S90 и Alfa Romeo Giulia. Не навлегуваме зошто и како не се тие во финалниот избор во Македонија, или пак зошто избраните се токму тие. Тоа е друга тема. 
 
 
Во продолжените, ќе ги споделиме нашите импресии за секој автомобил поединечно. За некои од нив конкретно имаме пишувано тест - Citroen C3 и Suzuki Baleno. За Peugeot 3008 ги споделивме првичните импресии од еднодневното тест возење што се случи неодамна.
 
Освен што ќе ги споделиме нашите импросии, интересно беше да видиме каква беше реакцијата на секој од присутните, кои доаѓаа од различни импортери, за возила на други импротери, особено што секој од нив, бидејќи доаѓа од автоиндустријата, има многу искуство и знаење, па затоа и нивното мислење има тежина. 
 
Да одиме со ред.
 
Разочарувањето кај Megane и Ateca е главно во фактот дека паднаа таму од каде што најмногу се очекува во нивната класа. 
 
 
 
Renault Megane - мало разочарување
 
Megane, освен што изгледа спортски и луто, и што нуди конфорно возење, како да доцни една цела генерација во однос на чувството кое го имате во ентериерот. Навидум различен, и со светлосен идентитет како од друга планета, кога ќе влезете внатре ќе видите прво дека има малку простор и многу евтина пластика - недостасува чувство на лукзус, па наместо да го споредувате со Golg VII на пример, поблиску е до Golf VI.
 
 
Она што вистински недостасува е простор на задните седишта, каде се очекува повеќе, особено што модерен компактен автомобил пред се треба да биде семеен автомобил. За секогаш добрите Renault дизел мотори нема што посебно да се коментира, тие сите ги знаете, исто како што ги знаете менувачите кои имаат долг од, ни никако не може да бидат прифатени од оние кои се навикнати на кратки и прецизни менувачи како кај VW Моделите, или речиси сите јапонски модели. 
 
 
 
 
Kia Sportage / Seat Ateca - Kia сериозно граби напред 
 
Очигледен е и напредокот кај Sportage. Овојпат со вистински модерен дизајн, и со прилично подобри материјали и целосно завршна обработка во ентериерот, Kia Sportage, ако ништо друго сигурно е подобар избор од Seat Ateca. Главно, нуди поудобно возење, има повеќе конфор на задните седишта, кои патем се и навалени и патниците позади можат навистина да уживаат. Динамиката и агилноста при возење е во согласност со 1.7 тони тешката каросерија, но тоа и не може да биде поинаку, заради фактот што Kia сака, и има има најголем автомобил во оваа класа. 
 
 
Реалната потрошувачка на 1.7 дизел моторот со 115 КС, но со добар обртен момент - високи 280NM, е околу 7,6 литри. ОД искуството од претходно, потрошувачка во град на овој мотор се движи од 10 до 10,5 литри. 
 
За разлика од Sportage, кај Ateca, не би сакале да седите и да се возите на задните седишта. Вибрациите се преголеми, што го прави возењето неудобно, а и самото седење не е добро, заради наклонот на седиштата кој не е баш најидеален, па имате чувство дека седите на клупа. Оправдување има во фактот дека платофрмата за овие модели е правена за убави и рамни патишта, па затоа во услови како во Македонија, задоволството од возењето е многу мало. И звучната изолација не е најдидеална, па и бучавата е причино голема. 
 
 
Ateca е типичен пример на автомобил од Volkswagen групацијата кој се "штанца" за да украде од колачот на некој друг производител. Поставен на платформата на Tiguan, со дизајн на ентериер од Leon, се чини Ateca е автомобил кој нема свој идентитет. Како кај белата техника, кога имате исти фрижидери, но има и поголем, и помал, и малку поголем и уште малку помал... тоа е Ateca. 
 
Да не ве чуди кога ќе слушнете сума блиску до 30.000 Евра за модел со солдиен дизел мотор. Независно од тоа, ваква Ateca патот до купувачите би го стигнал единствено со најниска цена од конкурентите, во секој момент. Не е случајно што кампањските цени на Ateca се ниски, иако номиналните, според ценовник, се далеку над вистинската вредност што овој автомобил ја нуди. 
 
Реалната потрошувачка кај Ateca во град беше околу 10,5 литри, а на отворено 8 литри. 
 
 
Peugeot 3008 - Level up над другите од својата класа
 
Иако е во класата на Kia Sportage / Seat Ateca и директен нивни конкурент, моравме да го одвоиме, од едноставна причина што 3008 е друга приказна, по димензии е иста класа, но по вокација е класа над нив. Не само дизајнот однадвор, погледнете го ентериерот, влезете, седнете... Ќе се почуствувате поинаку, изгледа како другите да се обични, а овој Peugeot да е премиум. 
 
 
Модерен и футуристички на прв поглед, со необични и префинети материјали, и со уникатни дизајнерски елементи, 3008 е чекор пред другите. Само видете ја графиката на дисплејот и веднаш ќе се согласите дека овој автомобил е level up во однос на Sportage или Ateca. Во ова друштво и најскап, но вреди за секое евро. Во однос на удобноста при возењето за нијасна е пред Sportage и светлосни години пред Ateca. И на волан ќе го чуствувате добро, управлив и директен, немате чувство дека возите толку голем автомобил. 
 
3008 е пријатно освежување во класата на SUV моделите. Гарантирано му стои светла иднина. Затоа главни негови конкуренти се повеќе премиум моделите со слични димензии, како на пример BMW X1, Audi Q3 итн.
 
 
 
 
C-HR - Мало парче лукзуз
 
Ако за Citroen C3 и Suzuki Baleno, веќе пишувавме, и ги знаете нашите импресии и одушевување од двата автомобили, кои заслужено се во финалистите, ако треба да одвоиме еден автомобил кој пријатно изненади, тоа секако е Toyota C-HR. Многу интересен модел, претерано секси, за кој дури и тешко се дефинира во која класа припаѓа, или кои му се реалните конкуренти. По димензии е помал од класичните SUV модели како Sportage, RAV4 или Tuscon, и отприлика е голем колку компактите SUV-ја како Suzuki Vitara, SX4 S-Cross или Mitsubishi ASX, но би го класифицирале како премиум CUV (премиум компактен SUV) - што значи дека најтесни конкуренти му се модели како Audi Q2, Honda HRV или Мазда CX3, па и Mini Clubman. 
 
 
На страна во која класа припаѓа и со кои автомобили треба да го споредуваме, импресиите од самиот автомобил се и повеќе од солидни. Речиси секој од присутните скриено го делеше одушевувањето и изненадувањето од тоа што го нуди C-HR. Со хибриден мотор и CVT менувач (кој не возел CVT нека проба, за да види која е разликата), C-HR вози фантастично. 
 
Тест моделот беше хибрид со 100КС (100+300), а на располагање е и мотор во турбо изведба, од кој реално, не очекуваме нешто специјално повеќе во однос на овој хибрид. Сигурен и управлив на волан, и сосема комфорен, едноставно, овозможува многу пријатно чувство - нема да излажеме ако кажеме дека имате чувство дека возите Honda, па дури Lexus. Во перидот што следи има најава за Lexus модел базиран на C-HR, но искрено, не знаеме каде тоа Lexus-от треба да биде подобар. 
 
Со дијамант како инспиративна тема на дизајн и префинети и скапи материјали во ентериерот за доловување на премиум чувство, и храбар дизајн однадвор кој личи на концепт кој ретко го доживува светлото на денот, конкретниот C-HR чини околу 29.000 Евра. Во однос на димензиите прво што би помислиле е дека тоа и висока цена за ваков автомобили и дека е скап, но тоа никако не смееме да го кажеме. 
 
Многу покоректно е да се согласиме дека чини повеќе, и дека си вреди за секое евро. Едноставно, C-HR е едно мало парче лукзуз, наменет за оние кои тоа може да си го дозволат. Фамилија на која и е потребен простор, никако не треба да го има во обзир за семеен автомобил, но за секојдневна градска употреба и уживање, C-HR секако е добар избор. 
 
Единствено, да не ве лаже изгледот и неговата повисока поставеност, по димензии се чини дека е помал и од компактните SUV - ја и нуди простор отприлика како автомобил од ниската класа, како C3, од причина што се речиси исто широки, а и простор по должина во кабината е речиси ист како кај автомобил од ниска класа. Можеби некому ќе му пречи клаустрофобичното чувство на задната клупа, но со таков дизајн однадвор, поинаку и не може да биде внатре. 
 
Бидејќи возењето беше само на отворено, реална потрошувачка можевме да видиме само на отворено, а таа на крај покажа 5.8 литри, што е сосема солидно. Зборуваме за реална потрошувачка, не фабрички декларирана. 
 
 
 
 
Suzuki Baleno / Citroen C3 - Помалите автомобили пријатно изненадија
 
Ако имаше автомобил кој така срамежливо се појави на македонскиот избор за автомобил на годината, тоа сигурно е Baleno. Поголемите автомовили природно е да се и поатрактивни противници, но откако заврши првата рута на возење, видно беше изненадувањето кај речиси секој од присутните од овој Baleno со хибриден мотор. Изненадени како добро вози, колку малку троши (може да троши и помалку од 5 литри на отворено), колку е просторен (на пример има исто простор напред како Megane и повеќе на задната клупа, иако по димензии е помал автомобил), од префинетоста на моторот и менувачот...  Baleno е типичен пример зошто некој мал автомобил влегува во финален избор на автомобил на годината. Не случајно веќе е дел од голем број на македонски семејства. 
 
 
Повеќе за Baleno може да прочитате во текстот што го објавивме на koli.com.mk, тука.
 
Интересно, кога вака се паркирани еден до друг, Baleno и C3, заклучуваме колку во суштина дизајнот, т.е. конструкцијата на самиот автомобил е слична - единствено кај C3 има многу дизајнерски моменти, од изведбата на задниот дел и кровот, преку предниот дел, и цел ентериер - она што секојпат велиме дека недостасува кај речиси секој модел на Suzuki. 
 
И за C3 веќе имаме пишувано тест, нашите импресии ги знаете, па слично и како во случајот со Baleno, во очекување бевме на импресиите на другите присутни. Недвосмислено е дека се работи за многу впечатлив автомобил, многу практичен, уникатен, и секако прилагоден на условите за возење во Македонија, т.е. прилагоден на нашите патишта. 
 
 
На крајот на краиштата, во автомобилот се возат луѓе, а на луѓето треба да им биде удобно возењето. Дури, не би требало да ги споредуваме, но ако ја споредиме удобноста при возење на C3 со Seat Ateca, ќе заклучиме дека во C3 е поудобно. Да, во овој автомобил од ниската класа поудобно ќе им биде на патниците позади отолку во SUV модел, главно заради вертикалните вибрации кои кај C3 се сведени на минимум. 
 
Тестот за C3 може да го прочитате тука
 
 
Секој автомобил е своја приказна, и си има свои таргет купувачи. Најмалку битно е кој ќе победи. Ако треба да донесеме заклучок, тоа е дека секогаш е добро да анализираме повеќе аспекти, и така да пристапиме кон секој автомобил, без оглед дали се работи за нас како медиум или за вас како купувачи. Има премногу автомобили достапни на пазарот, па затоа и многу детали кои нудат повеќе или помалку, по разни основи. 

Peugeot 3008
 Цени и нивоа на опрема
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил