Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Mercedes подготвува конкурент на Panamera?
 
Spodeli
22 февруари 2017, 11:15


Mercedes подготвува конкурент на Panamera?  Mercedes подготвува конкурент на Panamera?
Според последните сознанија, на претстојниот авто-саем во Женева, Mercedes би требало да претстави најавен концепт за нов модел кој ќе биде директен конкурент на Porsche Panamera. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поконкретно, студијата ќе биде со ознака GT4, односно спортски модел со 4 врати чија конечна изведба ќе треба да биде замена за моделот CLS Shooting Brake. Овој автомобил ќе се темели на модуларната платформа MRA, а ќе го покренува 4.0 литрен би-турбо V8 мотор со 600КС во најсилната изведба.

GT4 би требало да е опремен и со нов Integrated Starter Generator систем, кој овозможува краткотрајан испорака на дополнителна сила од околу 20КС, слично на пуштање на Нитро во видео игрите. Да, добро прочитавте. Возиш, стискаш копче, малку си појак од другите за неколку секунди, и веќе пред следната кривина си ги претркал сите... 
 
Секако дека овој автомобил ќе има погон на сите 4 тркала, а ќе биде опремен и со нов автоматски менувач со 2 спојки.  
 
Продукциската изведна се очекува за 2018та година, а дополнително на пазарот би се појавила и изведба со 3.0 литрен мотор со 6 цилиндри. Најава е дека масата на возилото ќе биде значително помала од очекувањата, благодарение на употреба на алуминиум во голем дел од изведбата, што секако позитивно ќе влијае на подобри возни својства, а за таа цел, дополнително ќе се развива и целосно нова суспензија. 
 
Наравоучение - не купувајте Panamera, почекајте отприлика уште една година, можеби овој Mercedes во најава ќе биде вашата сродна душа. Некогаш не треба да се избрзува со одлуките за купување, особено кога се однесува вака на автомобили со поголем буџет. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил