Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Високи очекувања од Opel за новата Insignia Sports Tourer
 
Spodeli
21 февруари 2017, 10:42


Високи очекувања од Opel за новата Insignia Sports Tourer Opel Insignia Sports Tourer Високи очекувања од Opel за новата Insignia Sports Tourer
Од Opel имаат високи очекувања и освојување на нови купувачи во класата на семејните каравани....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако судиме според изгледот и она првично што го нуди Insignia Sports Tourer, тоа не би требало да претстаува проблем. 

Иако тековната караванска верзија на Insignia не поминува баш најдобро кај купувачите, со комплетно новиот модел, оечкувањата и за караван изведбата се поголеми. Ако претходниот модел нудење интересен визуелен идендитет, едноставно на изглед им се допаѓаше на неутралните, и однадвор и внатре, конкурентните модели како Mondeo Caravan и Skoda Superb подобро поминаат кај купувачите со примарни потребни - многу простор и практичност, иако дури и тие, во Македонија не се продаваат со оној просек како што е европскиот, или пак во САД. 
 
На страна стилот и емоцијата што новиот модел го носи, од новата Insignia Sports Tourer се очекува токму тој таргет на купувачи да биде примарниот. 
 
 
Што всушност нуди новата Insignia Sports Tourer?
 
Иако европскиот просек за купување на каравани е само околу 20% од хечбек моделите, а во Македонија тој број значително помал (немаме точна бројка), големите производители сепак имаат големи очекувања од овие модели. Официјалната промоција на пазарот Insignia Sports Tourer ќе ја има на саемот во Детроит, а во Македонија ја очекуваме крајот на летото или наесен. Ако треба да одбереме една работа што ја издвојува од претходниот модел, е тоа што порасна по димензии, па затоа и очекувања на Opel се големи.
 
Нема да биде ништо ново ако кажеме дека дизајнерски, вака на око, проаѓа веднаш - овој караван има личи на некоја лута купе лимузина, и не е како досадните каравани од пред 15-20 години, дизајнирани многу коцкасто (рака на срце и многу практични заради таквиот дизајн). Insignia влегува во друштвото на секси каравани, какви што се на пример Mazda 6, па дури и премиум караваните на Audi, сигурно најпосакуваните каравани во моментов. 
 
Освен што е подогла, новата Insignia Sports Tourer е и повисока. Има и поголем волумен капацитет од Mondeo караван, како главен конкурент, но се уште помал од караванот на Skoda Superb. Зголемено е меѓуоскиното растојание, што значи повеќе простор за нозете по должина.
 
 
Како и кај многу други модерни каравани, отварање на задната врата (или како што народот милува да каже - гепек), може и да биде без клуч, само со минимален допир на задниот браник и на тој начин автомобилот електронски ја отвара (или затвара) вратата. Можноста за преклопување на задните седишта само го проширува волуменот за товар за обемни предмети.
 
 
Кои мотори ќе бидат на располагање?
 
Се уште нема официјална листа на мотори кои ќе се достапни, но се знае дека влезен мотор ќе биде 1.5-литарски бензински со 163 КС, па до најсилниот 2.0-литарски бензинец со 247 КС, со погон на сите четири тркала и осум-степен автоматски менувач како стандард.
 
Она што би им било важно на поспортски настроените возачи е фактот дека 200 килограми полесната каросероја од претходникот значи и поагилно возење, податок кој во комбинација со изгледот на овој караван може да навлече целосно нова група на купувачи.
 
Да не го заборавиме FlexRide системо на Opel, за прилагодување на начин на возење (педала за гас, управувач и амортизери) за различни услови на возење (Standard, Sport и Tour), кој и тоа како ќе биде значаен кај Insignia Sports Tourer, особено во поспецифични ситуации, и во однос на теренот и во однос на бројот на патници и товарот што во одреден момент би го носел автомобилот. 
 
 
Каква опрема да очекуваме?
 
Како што е и за очекување, ентериерот е идентичен како и кај основната лимузинска изведба (која патем повеќе личи на хечбек). Ако кажеме дека тоа е модерен и паметен дизајн, значи дека фокусот е ставен на новиот touchscreen дисплеј кој меѓу другото има CarPlay Apple и Андроид smartphone Авто mirroring апликации, како и вграден Wi-Fi, како дел од услугата OnStar на Opel. Напуштен е концептот на многу мануелни копчиња (освен за најзначајните функции), па голем дел од контролите одат преку дисплејот осетлив на допир. 
 
 
Шлаг на тортата кај ваков автомобил секако бил сончев кров, распослан речиси по целата должина на седиштата, кој секако ќе биде достапен како опција, а секако достапни ќе бидат и опции од типот на греење на седишта и за возач, и за совозач и за задните патници. 
 
Во однос на системите за безбедност и помош, за очекување се системи како adaptive cruise control, lane-keeping assistance и rear cross-traffic alert. Insignia Sports Tourer е прв модел на Opel што ќе биде опремен со 'active bonnet', систем за подигање на хаубата за дополнителна заштита на пешаците во случај на судир.  
 
Освен на фамилиите, овојмодел веројатно би бил избор добар бизнис избор, за службено возило. 
 
 
Колку ќе чини?
 
Не би требало да има некоја посебна промена на цените во оснос на актуелниот модел. Номиналните ценовници секако ќе бидат повисоки од овие сега, но знаејќи ја практиката на импортерите на Opel во македонија, во првичниот период, влезната кампањска цена би требало да е некаде околу 20.000 Евра за првиот бензиски мотор и околу 23.000 за првиот дизел мотор, со одреден пакет опрема од дополнителните опции вклучен во цената. 
 

Opel Insignia Sports Tourer
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил