Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Кои се предностите доколку купите SUV кој нема 4x4 погон?
 
Spodeli
20 февруари 2017, 10:25


Кои се предностите доколку купите SUV кој нема 4x4 погон?  Кои се предностите доколку купите SUV кој нема 4x4 погон?
Инспирирани од фактот дека SUV моделите стануваат и тоа како популарни, не само глобално туку и во Македонија конкретно, а уште повеќе од фактот дека голем дел од SUV моделите што се продаваат во Македонија немаат 4x4 погон, станува интересно прашањето зошто луѓето кога веќе купуваат SUV не е тоа с...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со самото купување на SUV, кој е повисок и значи амбиција на купувачот да излезе надвор од урбана средина, многу е логично да се има 4x4 погон. Но, пред да напоменеме што се добива ако моделот нема 4x4, логично би било да наведеме што носи 4x4 как придобивка. Нема да е ништо ново ако кажеме дека суштината е во тоа дека автомобилот има значително посериозни теренски способности, што во крајна мера значи достапност на поинаков и потежок терен, но, уште позначајно - зголемена безнедност. 

Сепак, пазарните околности диктираат нешто друго. Една работа е купувачот да го добие она идеално што му следува, како апсолутна вредност, а друга работа е каков е пазарот во моментов, и која е перспективата на тој што го продава автомобилот. 
 
Освен што кај најпопуларните SUV модели разликата во цена е одколу 1.500 - 2.000 Евра, она што ќе ви го кажат во салоните, а секако држи вода е дека, 4x4 погонот е прилично тежок, различно кај различни модели, но отприлика околу 150-200 Kg, што носи повисока потрошувачка, околу половина литар во просек кај дизел и нешто помалку од литар кај бензиски мотор, во просек. Зголемената тежина нема секако влијание само на потрошивачка, туки и на динамиката на возење.
 
 
Дополнително, погонот зафаќа завиден волумен на простор, што значи дека некаде во ентериерот ќе се направи компромис во однос на понудата на простор, што кај некои модели резултира со рамен под на задните седишата (во случај кога немa 4x4). 
 
А, ако некому тоа значи, иронично е, ама така е, погон на 4 тркала значи и малку помалку растојание за неколку сантиметри од подлогата, секако во однос на исто модел кој би имал 4x4. 
 
Често, само цената може да е доволна причина купувачите да се откажуваат од 4x4, но, и другите ставки не се за игнорирање. 
 
Да не бидеме погрешно разбрани. Ако веќе купувате SUV модел, нека има и погон на сите 4 тракала. Идејата на таков модел, меѓу другото е да ве однесе таму каде што "обичен автомобил" не може. Кога веќе се одвојува буџет од 20тина илјади евра или повеќе, за уште мал дополнителен буџет, зошто да не ги уживате придобивките на технологијата која ви е на располагање. 
 
Сериозно треба да размислите, пред финално да решите, да купите  SUV модел, а да немате 4x4 погон. Не секогаш евтиното е подобро. Особено, ако, во крајна ситуација, размислувате и за безбедноста, ако таа воопшто е битна. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил