Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Еве зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар за гориво
 
Spodeli
20 февруари 2017, 09:55


Еве зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар за гориво  Еве зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар за гориво
Една од работите кои во текот на возењето треба да ја избегнувате е возење со малку гориво. Потешко е тоа да се изведе, но, ама ако му мислиме добро на автомобилот, би требало да се грижиме и за овој момент....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Резервоарот за гориво никогаш не смее да е празен повеќе од половина од неговиот капацитет, затоа што на тој начин го чувате здравјето на моторот. Ова, доаѓа од фактот што, во наведениот случај, се кондензира повеќе вода заради разлика во температурата. 

  
Независно дали се работи за бензин или дизел мотор, штените последици се исти. 
 
Вода во горивото е еден од најголемите непријатели на вашиот мотор, затоа што предизвикува предвремена корозија на составот за вбризгување, а со тоа и проблеми во работата на моторот. Особено опасно е во оние периоди од годината кога времето драстично се менува, како на пример сега, кога ноќните температури се многу под минус, а дневните може да кренат и да направат разлила. Ова особено е изразено кај поголемите резервоари. 
 
Ако пак се анализираат понови или постари возила, во однос на оваа тема, повеќе би требало да внимаваат сопствениците на постари возила, заради фактот што резервоарите се изработени од лим, за разлика од поновите кои се пластични. Лимот кородира, и на тој начин испушта состојки кои се мешаат со горивото. Тоа многу често доведува до расипување на Bosch пумпите.
 
Оваа појава кај механичарите е позната како "студентски синдром", затоа што студентите или помладите возачи, заради помали финансиски можности многу често ги возат своите автомобили на резерва. А, истиот проблем може да го имаат и возила кои се возат само сезонски, па голем период од годината не се употребуваат. 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил