Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Прво возење - новиот Peugeot 3008
 
Spodeli
10 февруари 2017, 13:46


Прво возење - новиот Peugeot 3008 Peugeot 3008 Прво возење - новиот Peugeot 3008
Како што е ред, по промоција, имавме можност за прв пат да го пробаме новиот 3008 на Peugeot....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Конструиран според барањата на европските купувачи, за разлика од својот претходник кој спаѓаше во класата на моноволумени, сега 3008 носи предзнак SUV, што значи дека влегува во борба во најбрзо растечката класа во Европа - SUV, и секако една од најпопуларните класи на автомобили во моментов, каде купувачите имаат широк избор на модели, почнувајќи од Toyota RAV4, Honda CRV, Hyundai Tuscon, Kia Sportage, и секако многу премиум модели - малку помали и малку поголеми, од типот на Audi Q2, Q3, потоа BMW X1, BMW X3, Mercedes GLA итн. 
 
Со по 2 бензиски (1.2 со 130КС и 1.6 со 165КС) и 4 дизел мотори (1.6 со 100КС, 1.6 со 120КС, 2.0 со 150КС и GT моделот со 2.0 мотор со 180 КС), со комбинација и со автоматски менувачи, и во комбинација со 4 нивоа на опрема (Access, Active, Allure и GT), 3008 нуди широк дијапазон на опции, со што секако ќе биде во тесен финален избор на потенцијалните купувачи на секој од горенаведените модели од класата. 
 
 
Она што е првичен впечаток е дека 3008 и тоа како ќе може да се носи со сите нив, особено заради балансот кој го има, во однос на тоа што нуди, и за која цена. Почнувајќи од 1.2 PureTech STOP&START Access за 22.490 Евра, до 2.0 BlueHDi STOP&START Allure за 30.990 Евра, и секако супер ексклузивниот 2.0 BlueHDi STOP&START EAT6 GT за 41.690 Евра.
 
Посебен адреналин предизвика возилото 3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 KС целосно опремено со сите нови технолошки достигнувања, како и безбедносни мерки кои имаа можност на самото возење да ги почувствуваат и тестираат.  
 
Неговата нова предна решетка со хромиран прстен околу халогените предни светла со брусен и моќен изглед, елегантни, мачкасти Full LED светла во комбинација со врежана коцкаста предна маска, флуидни и динамични линии, нагласени со вметнатиот детаљ на елегантно хромирано крило продолжено со кровен лак од нерѓосувачки челик. 
 
8 инчниот екран на допир, персонализиран и конфигуративен 12,3 инчен Heads up дигитален дисплеј, врвен компактен управувач со интегрирани контроли и поставеност сосема удобна за возачот, со цел да не почувствува замор во пределот на рацете. 
 
Многуте безбедносни мерки, како: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning,  Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View. 
 
Подигнатото растојание од тлото (клиренс) 22 cm, највисок во C-сегментот на SUV возила. Големите тркала и профилираните шипки на покривот кои му даваат уште по робустен изглед дополнет со подигната линија во средишниот дел за покомпактен изглед. 
 
На задниот дел на возилото Ве поздравуваат 3 проѕирно-црвени канџи од LED диоди кои се препознатливи уште од далечина од 100 метри. 
 
I-Cocpit Amplify кој ви овозможува промена на режим на возење од динамичен во релаксирачки, седишта со 8 точки за масажа, гласовно бирање на функции, промена на мирисот во возилото.
 
Повисоко поставена централна конзола за целосно внимание на возачот без при тоа да го трга погледот од патот. Посебно внимание привлекуваат „пијано клавиши“ или поточно TOGGLE прекинувачите кои служат за полесен и побрз пристап до потребните функции како (клима уред, радио, навигација, телефон и мобилни апликации итн) 
 
Advanced Grip Control + HADC (Hill Assist Descent Control) со употреба на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија, а со опцијата Descent Control останувате под потополна контрола дури и кога ќе се соочите со најстрмните патеки без при тоа да треба возачот да ја користи педалата за сопирање.
 
 
Секако дека еден ден возење на неколку модели не е доволно за да напишеме комплетно тест возење, но сосема доволно да ви ги пренесеме првичните впечатоци, конкретно за моделските изведби кои ни беа на располагање:
·         3008 Active 1.2 Pure Tech 130 КС                        
·         3008 Allure 1.6 THP 165 КС AT                  
·         3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС                       
·         3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 КС
·         3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС AT                        
 
Не е грешка, да, овој SUV доаѓа и во комбинација со 1.2 мотор. Повеќето би се зачудиле или би се запрашале дали е тоа можно. Секако дека е. Уште повеќе што, моторот одлично ја носи оваа масивна каросерија.  Тој е тој, 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили, кој е прогласен за „Мотор на Годината“ две години по ред (2015та и 2016та). Истиот мотор го има и кај 2008 SUV.
 
Како и обично на ваквите тест возење, секогаш прво влегуваме во автомобилот со почетниот мотор, да го почуствуваме автомобилот така, за да продолжиме кон посилните мотори. 
 
 
Ако надворешниот изглед на автомобилот, како и од 1.2-литарскиот турбо-бензинец бевме пријатно изненадени, за ентериерот нема зборови. Дизајниран модерно и футуристички, а притоа супер-ергономичен - од Peugeot уште еднаш покажуваат дека се мајстори на авангардата. Додека конкурентските модели се мачат во просечноста (видете само како изгледа Hyundai Tuscon, како да е модел од пред 10 години), или пак Audi Q2, кој сака да биде премиум SUV а не е ништо повеќе премиум од 3008, ќе се уверите колку Peugeot 3008 e различен и свој, и секако убав. 
 
Ако вака дизајниран ентериер видите во некој скап SUV од 70-80.000 Eur, ќе речете само WOW. А, сега достапен е за цена од нешто повеќе од 20.000 Евра. 
 
Во однос на возните карактеристики, 3008, со 22cm растојание од попдлогата, се однесува онака како што очекуваме, како и другите SUV во класата, дури и најдобрите, Toyota RAV4 или Honda CRV. Малку потврдото возење и вертикалните вибрации се чувствуваат, но тоа е цената на SUV каросеријата. 
 
Она за што се уште ќе треба да почекаме е 4x4 погон, кој е најавен за наредната година. Во однод на 4x4 погонот, од Peugeot информацијата е дека, ваков модел, урбан SUV, без 4x4 погон, има неколку предности:
полесен е за 150-200 Kg, што носи повеќе динамика во возењето и пониска потрошувачка, а овозможува и повисоко растојание од поглодата (22cm). Дополнително, можноста за рамен под на задната клупа, а со тоа и зголемен комфор на 5тиот патник е директно поврзана со фактот дека е ослободен простор онаму каде што треба да е сместен 4x4 погонот. Во Европа, околу 90-95% од купувачите на вакви SUV модели, не се одлучиваат за 4x4, особено и заради фактот што се заштедува дополнителни околу 2.000 Евра. 
 
 
Според изјавата на Г-дин Томислав Нафидов, Директор на продажба во Еуроимпекс:
 
„Како дел од C-сегментот во SUV класата на возила, овој модел користи нова ЕМP2 платформа. Споредбено со претходниот модел, новиот SUV Peugeot 3008 е подолг за 8 cm, полесен за 100 KG и има подолго меѓуосовинско растојание за 6 cm.
 
Овој модел конкретно е креација за европскиот пазар, каде што се посветува посебно внимание на помала потрошувачка, заштита на околината со помала емисија на CO2, па токму поради тоа е донесена одлуката за Advanced Grip Control наспроти погон на сите 4 тркала. Сè со цел да се намали тежината на самото возило, а понатаму и сите горенаведени параметри“ 
 
Во продолжеите е комплетната листа на расположива опрема:
 
3008 ACCESS
• ABS - Систем против пролизгување
• CDS -Динамичка контрола на стабилност
• ASR – Електронска контрола против пролизгување
• AFU - Помош при нагло сопирање
• REF - Електронска распределба на силата на кочење
• DAA1 - Предупредување за предолго возење
• Препознавање на сообраќајна сигнализација
• 2 странични воздушни перничиња
2 странични предни воздушни перничиња и 2 завеси напред и назад
• Електрична паркинг сопирачка со Hill Assist
• LED дневни светла
• Преклопна и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со 3 наслони за глава
• Електрични подигнувачи на предни и задни стакла
• Електрика на надворешни ретровизори со греачи
• Возачко седиште подесиво по висина
• Хромирана предна маска на мотор
• Надолжни кровни лајсни од нерѓосувачки челик
• Темпомат/ограничувач на брзина
• Управувач пресвлечен со TEP кожа
• Карбонски облоги во внатрешниот дел на вратите
• Нов Peugeot i-Cockpit со дигитален 12,3” TFT возачки дисплеј
• Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
• Мануелен клима уред
• Челични фелни “MIAMI” 17” со украсни раткапни, гуми 215/65R17
• Хромиран украс на заден браник
• Рачки и ретровизори во боја на каросерија
• Централно заклучување со далечинско со преклоплив клуч
• Радио уред RD6 со 6 звучника, MP3, USB, Bluetooth handsfree
функција и мултифункционален управувач
 
 
 
3008 ACTIVE (ACCESS+)
GT (ALLURE+)
• Предни светла за магла, хромирани детали во ниво на предните
светла за магла
• Паркинг сензор позади
• Предупредување за ненамерно напуштање на
правец (LDW)
• Алуминиумски фелни “CHICAGO” 17”, гуми 215/65R17
• Управувач пресвлечен со кожа
• Автматски двозонски клима уред
• LED осветлување во возачкот простотр
• Совозачко седиште подесиво по висина
• Мултифункционален екран на допир од 8” со “пиано” , двоен
радио тунер RCC
• Пакет видливост”*
 
 
 
3008 ALLURE (ACTIVE+)
• Паркинг сензори напред
• Алуминиумски фелни “DETROIT” 18”, гуми 225/55R18
• Украсна лајсна од нерѓосувачки челик во долниот дел на вратите
• Хромирана украсна лајсна на долниот дел на предниот браник
• LED амбиентално осветлување во простор кај патниците
• Дополнително затемнети странични стакла позади и задно стакло
• Електрично преклопни ретровизори
• Надворешни ретровизори со LED трепкач и осветлување за лесен
пристап
• Седиште во комбинација TEP кожа/ткаенина
• Подесување на лумбардниот дел на возачкото седиште
• Склопливо совозачко седиште во форма “flat folding”
• MirrorScreen, Wi-Fi
 
 
GT (ALLURE+)
Камера за помош при паркирање назад, 180° степени поглед
• Алуминиумски фелни “BOSTON” 19” (двобојни), гуми 235/50R19
• GT изглед на преден браник со хромирана предна маска
• Црн-сјаен оквир на предна решетка од темен хром
• Хромирани маски на надворешни ретровизори
• Хромирани издувни цевки назад
• Надолжни алуминиумски кровни носачи
• Хромирани лајсни на страничните стакла
• Облоги на внатрешните врати од дрво
• Кров во сјајно црна боја – “Black Diamond”
• Спортски алуминиумски педали, одмарач за нозе од алуминиум
• Зашиена инструмент табла со двоен пораб
• Комплет патосници
• Активен систем за помош за задржување на возилото во лента (LKA)
• Систем за следење на мртов агол (ABSD)
• Автоматско вклучување/исклучување на долги светла (HBA)
• Отклучување и стартување на возилото без употреба на клуч
• Предни прагови од инокс
• Осветлување за лесен пристап со проекција на амблем Peugeot
• Full LED предни светла
• LED предни светла за магла со функција дополнително осветлување
• Седишта во комбинација TEP кожа/Alcantara
• Спортски управувач пресвлечен со перфорирана кожа и хромиран GT
елемент
• Peugeot амбиентален мирис
• 3D навигација, препознавање гласовни команди, видео излез
 
3008 е повеќе од модерен автомобил, и според изгледот и внатре и надвор, и според понудата на мотори, и според квалитетот на материјалите во ентериерот и секако неговиот дизајн, а уште повеќе според цената за која е достапен. 
 
Како заклучок, на секој оној што сака да купи модел од типот на Hyundai Tuscon, со застарен ентериер, и застарени бензиски мотори, кои многу трошат и се тромави како количката на баба за на пазар, или пак оние кои се спремни да платат за премиум SUV од типот на Audi Q2, најтопло им препорачуваме прво да го погледнат и повозат 3008, па потоа да одлучат. 
 
Затоа што, убавите нешта се тука некаде, блиску до нас, треба само да ги препознаеме. 
 

Peugeot 3008
 Цени и нивоа на опрема
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил