Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > ТЕСТ - Новиот Citroen C3
 
Spodeli
22 јануари 2017, 10:43


ТЕСТ - Новиот Citroen C3 Citroën C3 ТЕСТ - Новиот Citroen C3
Со модерен израз, но и традиционални француски comfort-first вредности, Citroen на голема врата ја носи третата генерација на C3. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со храбар надворешен дизајн и минималистички пристап во ентериерот, дополнет со шик детали и интересен избор на материјали, C3 е вистинско озвежување во класата која е обожувана во Македонија - доволно мал за скопските гужви, и доволно голем да собере 5 патника и багаж, а секако со достапна цена и задоволувачка опрема. 

 

Дизајн

 Citroen низ историјата изгради имиџ на дизајнирање автомобили кои се различни од нормалата. Тренд, кој продолжува и со новиот C3. Продолжувајќи го новиот Citroen-овски визуелен израз прв пат преставен кај C4 Cactus, C3 е истовремено свој и привлечен. Многу паметно од Citroen, откако го почуствуваа духот на купувачите преку C4 Cactus, и, откако увидоа дека тој дизајн e обожуван, го употребија и кај C3. Tаканаречените Airbumps - стилски дизајнирани елементи кои истовремено ја заштитуваат каросеријата и му даваат посебен карактер на автомобилот, освен заштита, нудат и уникатен изглед, а комбинацијата со различни бои на кров, ретровизори и други детали, само го надополнуваат моментот на персонализација што модерниот купувач го бара. 

Веќе е досадно да се биде ист како сите, па зошто и автомобилот да не биде еден моден детал кој ги визуелизира вредностите што ги носите. C3 нуди коаросерија во две бои и 36 можни комбинации за истакнување на вашиот карактер (9 бои на каросерија и 3 бои на покрив), но и 4 различни комбинации на ентериерот.

 

 

На пат

Перформанси

Новиот C3 на располагање има 3 PureTech бензиски од најнова генерација и 2 ефикасни и прецизни BlueHDi дизел мотори. 82, 100 и 110 КС за бензидките и 75 и 100 КС за HDI моторите, доволни за потребите на градско возење. Сите мануелни се со 5 степен пренос (изработен класично Citroen-овски), а автоматските со 6 степени. На тест го имавме веќе проверениот 3-цилиндарски мотор со 82КС, кој има извонредна распределба на сила за во град. Степените на пренос се распределени на начин кој овозможува доволно сила при помали брзини. За сметка на тоа, не може да се очекува многу сила кога менувачот е во 5-тиот степен на пренос, пример, во услови на претекнување.

За градски услови, моторот со 82 КС ги задоволува потребите, но за возење на отворено, при повисоки брзини, секако препорака е посилен дизел мотор, особено тој со 6 степени на пренос

Инаку, во 2016та, во организација на британскиот магазин за автомобили „Engine Technology International”, „The International Engine of the Year Awards”  го прогласи PureTech 110 моторот за мотор на годината, во рамките на 1.0l до 1.4l.

Управливост/Удобност

C3 уште еднаш покажува дека удобноста при возењето мора да биде приоритет. Конструиран во духот на традиционалните француски возни карактеристики, да биде мек и удобен, C3 едноставно плови по патот. Одговорот на управувачот не е така директен, што значи дека динамичките возни својства овојпат се ставени во втор план. Возењето при повисоки брзини не е динамичко како кај некои други модели, но тоа е одлука на компанијата, да понуди меко и комфорно возење. 

Главни инженерски подобрувања во однос на подвозјето се однесуваат на тоа како C3 се справува со малите нерамини. Сега, проаѓа многу подобро преку нив, онака, суверено, како да се работи за поголем и потежок автомобил. 

 

Рафинираност

Напредок во однос на рафинираноста е очигледен. C3 пријатно изненадува - ќе имате пријатно чувство користејќи било која команда. Во комбинација со интересниот ентериер и материјалите што се користат, постигнат е голем чекор напред, едноставно, немате чувство дека се возите во автомобил од 10-11.000 Евра. 

 

Во кабината

Простор/Практичност

Иако мал однадвор, во ентериерот сосема комотно ќе се чувствуаат патниците, посебно оние напред. И просторот за одлагање на ситници е интелигенто дизајниран, а за тоа од голема помош е едноставниот и рационален дизајн на ентериерот, со прави форми и линии. 

Багажникот (300l) е поголем во однос на најголемите конкуренти - Corsa и Fiesta, податок што во многу случаи е одлучувачки фактор во финалниот избор за купување. Секако, за задоволување на повеќе од основните потреби од простор за автомобил од оваа класа, потребно е да ги спуштите задните седишта, кои спуштени, не прават рамен под.

Ако има вистински недостаток кај C3, тоа е недостаток на простор по висина на задните седишта, што значи дека повисоките патници позади нема да се најсреќни, што секако е директен резултат на дизајнот на автомобилот и изгледот на купе од позади. Затоа пак, во однос на просторот за колена на задните седишта, Citroen има интелигентно дизајнирани предни седишта, кои овозможуваат дополнителен простор, што значи дека проблем по должина не би требало да има.

 

Ергономија

Ултра лесното вртење на воланот помага при паркињање. Дизајнот на кокпитот е вистинско освежување, со меки лини и ретро израз. Едноставен, модерен пристап, со малку копчиња, и многу команди на моделите си touch screen. 

Дизајнирана според програмата Citroën Advanced Comfort®, едноделна и прочистена архитектура на командата табла нуди едноставен контакт до сите елементи во патничкиот простор. Командната табла се истакнува со својата ергономичност на командите и интуитивна примена на таблетот осетлив на допир, целосно интегриран во средишниот дел од таблата.

Тест моделот што го имавме не беше опремен со touch screen, кој го има во повисоко ниво на опрема, но и таму, како и кај други автомобили претходно, не сме одушевени од фактот дека за некои едноставни контроли, како управување со клима уредот или радиото, командите одат преку софтверски менија. Тоа, некако, во автомобил, никако не проаѓа. За најчесто користените команди од типот на подесување на клима уредот или радиото, конзервативно, ќе кажеме дека подобар избор секако се мануелните команди, пред се затоа што се лесно достапни без да се гледаат, со осет на допир, што како кориснички интерфејс е пологичен отколку да треба возачот да го оттргнува вниманието од патот. 

Седиштата се одлични, широки и комотни, и со доволно флексибилност во однос на подесувањата и на самите седишта, но и на управувачот, што значи дека ќе биде комотно за различни возачи, со различни предиспозиции. Новиот C3 нуди и беспрекорен комфор во потпирањето и изолација која се вбројува помеѓу најдобрите на пазарот.

Преградите и рафтовите во новиот citroën c3 се осмислени за да бидат функционални. Генијален, средишниот рафт со приклучок за USB и Jack, надополнет со голема фиока од 6,25 l, гарантираат ослободување на максимален простор. на вратите напред на располагање се просторни џебови. 

Комплетната технолошка опрема за поедноставување на животот на возачот, ја крева ергономијата на повисоко ниво. 

 

Опрема

Карактеристика што го издвојува C3 секако е “ConnectedCam” опцијата, која може да служи за постирање на фотографии на social media, или, уште покорисно, чува податоци за 30 секунди пред и 60 секунди по судир со друго возило, што може да помогне во подоцнежната истрага. Камерата е позиционирана зад средниот редтровизор, и има висока резолуција.

C3 може да се пофали дека уште од првото ниво на опрама, има завидна опрема, а она што е за издвојување е пакет за сигурност: (AFIL, Coffee Break Alert, систем за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина, предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија), ситеми кои во оваа класа, во првото ниво на опрема, единствено ги има кај C3. Првото ниво секако располага и со ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање, Помош при тргнување на нагорнина, Воздушни перничиња за возач и совозач, Странични воздушни перничиња и завеси итн. 

Интересно, во првото ниво на опрема, 15 инчните тркала имаат раткапни кои личат на бандажи. Доколку не ви напомене некој дека тоа се ратакпни а не бандажи, веројатно нема да забележите. За исклучителна видливост и целосно осветлена внатрешност, како опција се нуди и панорамски стаклен покрив. 

 

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка

Со почетна цена од 10.890 Евра за првото ниво на опрема (LIVE) и PureTech 82 бензискиот мотор, цената за нов модел е повеќе од задоволителна. Првиот дизел (BlueHDi 75 Start&Stop) во исто ниво на опрема изнесува 12.890 Евра. највисокото ниво на опрема, со многу наградуваниот PureTech 110 EAT6 S&S достигнува 16.490 Евра, додека пак најмоќниот дизел BlueHDi 100 S&S, во највисоко ниво на опрема Shine постигнува цена од 16.090 Евра.

Во однос на потрошувачката, веќе проверениот PureTech 82 КС во град може да вози и со реални 7 литри, додека на отворено, при помали брзини, до кај 70-80 Km/h ја задржува ниската потрошувачка очекувана за возење на отворено, но на брзини од 120-130 Km/h, потршувачката значително расте. Сепак, се работи за автомобил кој главно се вози во град, и чиј мотор има таква намена - да понуди перформанси и ниска потрошувачка онаму каде најмногу ќе се користи. 

 

Квалитет, доверливост и повратна вредност

Солиден на материјали и од завршнаа обработка. Забележителен е чекор напред. Во однос на повратна вредност, препорака се дизел моторите, тие се бараат повеќе на пазарот на половни автомобили.  

 

Безбедност

Новиот C3 се уште не е тестиран од EuroNCAP, безбедноста повеќе се однесува на многубројните безбедносни системи што ги има автомобилот. C3 располага со многу од нив, а особено за истакнување е пакетот за сигурност, но и ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање - сите уште во првото ниво на опрема. Во однос на безбедноста, она што секој автомоил треба да го има, а C3 го има, се предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија, систем за надгледување на мртвиот агол, препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и за препораки, како и помош при стартување на нагорнина, камера за движење наназад...

 

Заклучок

Она што веднаш се забележува во однос на најголемите конкуренти Polo, Fiesta или Corsa, е фактот дека C3 не се труди да биде како нив. Напротив, нуди свои и уникатни вредности. Освен што е многу комфорен и практичен, се чини дека патот до младите и шик купувачи е токму моментот дека е различен, и секако убав. Наликува на премиум модел од ниската класа. Дизајниран со едноставни линии, да биде сладок и модерен, но и доволно лут. Замислете го со поголеми тркала и веќе имате мал спортист. Барем однадвор. Доаѓа во каросериска изведба со 5 врати, и се уште изгледа секси како купе со 3 врати. 

 

ПРЕДНОСТИ

  • Супер комфорно возење
  • Задоволителна опрема во однос на цената
  • Ниска потрошувачка на 1.2 бензискиот и сите дизел мотори
  • Модерен, премиум дизајн, и надворешен, и во однос на ентериерот
  • Интересни материјали во внатрешноста
  • Пакет за безбедност уште во прво ниво на опрема 
  • Напредни опции како “ConnectedCam”

 

НЕДОСТАТОЦИ

  • Меката суспензија не дозволува екстремно динамичко возење.
  • недостаток на простор по висина на задните седишта



Citroën C3
 Цени и нивоа на опрема
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил