Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > CES 2017: Faraday Future го претстави моделот FF91
 
Spodeli
08 јануари 2017, 02:58


CES 2017: Faraday Future го претстави моделот FF91   CES 2017: Faraday Future го претстави моделот FF91
1050 коњски сили, забрзување од 0 до 100 километри за 2,39 секунди и самоуправувачки целосно електричен кросовер...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
После бројните најави, конечно е претставен моделот FF91, со кој Faraday Future планира да го нападне сегментот во кој сега владее Tesla.
 
 
Станува збор за целосно електричен кросовер кој е долг 525 сантиметри, со меѓуоскино растојание од 320 сантиметри, и аеродинамичен облик кој овозможува коефициент на отпор на воздухот од 0,25.
 
 
Изграден на VPA платформа, батериите се сместени во подот на автомобилот, со што се овозможува место за сместување на четири електромотори.
 
 
Овие мотори на автомобилот му даваат вкупна моќност од 783 kW (1050 коњски сили), so 1800 Nm вртежен момент. Според наодите на производителот, од 0 до 100 километри овој автомобил може да забрза за 2,39 секунди, побрзо од било кој спортски автомобил на пазарот.
 
 
Опремен е и со огромна батерија со капацитет од 130 kWh, која овозможува автономија од дури 700 километри. За самоуправувачките можности на автомобилот се грижи систем од 10 камери, 13 радарски сензори, 12 ултравучни сензори и 3D лидер.
 
 
Се очекува дека првиот модел на пазарот ќе стигне во 2018 година, со цена од 150.000 евра.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил