Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Пристигна новиот компактен теренец - Suzuki Ignis
 
Spodeli
29 декември 2016, 22:28


Пристигна новиот компактен теренец - Suzuki Ignis Suzuki Ignis Пристигна новиот компактен теренец - Suzuki Ignis
Комплетно новиот компактен модел Ignis, веќе е достапен во салонот на импортерот на Suzuki за Македонија, Миркат. Не чекавме, побрзавме да го видиме, и секако да го провериме. Најпрво онака, со поглед, и секако, преку едно првично тест возење. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Забавен и уникатен, Ignis ги наследува теренските способности Jimny, но овојпат спакуван во еден интересен и необичен градски убавец, кој нуди високо ниво на персонализација. Она што особено ќе радува е фактот дека Ignis нуди носема ново ниво на комфор и безбедност и разновидна функционалност, што го прави истовремено корисен и за во град и за на терен. 

 
Модерно дизајниран, но доловувајќи го духот на историјата на Suzuki моделите, Ignis треба да им се допадне на оние што бараат уникатен стил, но во душата се авантуристи, и бараат автомобил кој ќе биде сигурен и доверлив водич низ убавините на природата. 
 
Ignis е полн со технички иновации, а придвижуван од новиот DualJet Мотор на Suzuki, со 90КС, достапен секако и со погон на 4 тркала, но и во хибридна верзија. Нема да е ново, ако кажеме дека комбинацијата мотор / менувач кај Suzuki работи беспрекорно, па Ignis само го потврува тоа уште еднаш.  Краткото тест возење ни го потврди и она што го знаеме во однос на потрошувачката кај сите Suzuki модели, а тоа е дека реалната потрошувачка е многу блиска до фабрички ветената, која е во границите од 5 до 6 литри, зависно дали се работи за 4x4 погон или хибридна технологија, и потрошувачка на отворено со интервал од 4 до 4,5 литри. 
 
 
Со почетна цена од 10.950 Евра, и многу опрема уште во првото ниво на опрема, вклучувајќи и Bluetooth, USB приклучок, Ignis не би требало да има конкуренција, кога се во прашање компактните автомобили, со намена и за во град и за терен. Веќе во второ ниво на опрема (GL+) доаѓаат и напредните системи кои не сакате да ги пропуштите - Hill Hold, Hill Deent Control, Grip Control, како и опрема од типот на кровни носачи, аудио екран осетлив на допир итн... што во комбинација со 4x4 погон формира цена од 13.990 Евра за второто ниво на опрема. 
 
За оние пак, кои што сакаат да ја искористат целата расположлива технологија, во GLX (највисоко) нивото на опрема нуди и Dual Camera Brake Support, LED светла, key-less пристап и стартување без клуч, навигација, 2 високотонци, Hill Hold помош при тргнување на нагорнина и многу други ставки, што во комбинација со хибрдиниот мотор (кој веќе одушевува кај Baleno), за цена од 15.990 Евра, нема да нима ниедна планина, брдо или рид, или пак река или езеро што ќе го пропуштите. Идеален за секојдневна употреба, но создаден за бегство од градското сивило, Ignis ќе ве однесе далеку со пријателите, и тоа со стил.  
 
Не треба да зборуваме дали и колку ќе биде доверлив. Suzuki историјата, и блиската и подалечна вели дека, секој што има Suzuki автомобил, во најмала рака на сака да го продаде. Тоа доволно кажува. На пазарот во Македонија тешко е воопшто да најдете половен SX4 (ико ги има и се возат многу), па секој оној кој бара такво возило, со солидни каратекристики и за во град и за на терен, веројатно ќе го има Ignis во потесниот избор. 
 
 
 
По надворешни димензии е мал, но функционално е голем автомобил - изненадувачки просторен и паметно прилагодлив. Се е направено со стил. Smart screen поврзувањето и прилагодливиот багажен простор функционираат беспрекорно, се со цел да уживате во возењето. 7 инчниот дисплеј осетлив на допир е интуитивен како смартфон и нуди поврзување на вашиот смартфон преку Bluetooth или USB и можност да ги користете апликациите од вашиот телефон преку дисплејот на автомобилот, кој има и радио, камера за гледање позади, како и навигација кај GLX моделот.
 
Паметен однатре, Ignis има касета, држачи за чаши и напред и назад, како и во централната конзола. Дополнително, располага со многу места за одлагање на ситници, сите лесни за користење. Сето тоа носи заклучок дека има Ignis располага со паметна кабна и интелигента искористеност на просторот.
 
Во однос на безбедноста, Ignis се грижи за вас повеќе од вас самите. Напредната "Just in case" безбедносна технологија, како Dual Camela Brake Support, и функциите за автоматско предупредување значат дека Ignis може да реагира паметно и навремeно во секоја ситуација. 
 
 
Ignis e и лидер во класата кога е во прашање големината на багажник. Лесно и ергономично, задните седишта (кај GLX и GL+) се лизгаат нанапред и наназад, и ви нудат можност за прилагодување на просторот за нозе на задните седиште, багажниот простор, или за било што друго што ќе ви затреба. Сето тоа, многу едноставно. Само подигнете ги држачите над или под седиштата.
 
Ignis е горд и на фактот дека има радиус на вртење од само 4,7m (најдобро во класата), и благодарение на тоа може лесно да ве извади од тесно место, факт кој би ги радувал дамите возачи, а секако лесно може да ве однесе на некое, тесно, скриено место, нешто што сака младата и авантуристички настроена генерација.
 
 
 
Со поголемо растојание од подлогата, Ignis има одговор на секакви препреки - испакнатини на патот, нерамни патишта, чудни дупки. Со растојание од подлогата од 180mm (најголемо во класата), и гуми со голем дијаметар, Ignis многу лесно се справува со сите овие, и уште поважно, тоа го прави на префинет начин, немате чувство дека се возите во автомобили со првично теренска намена. 
 
Повеќе за Ignis може да видите на следниот линк: http://mirkat.mk/html/html-ignis/index.html, а препорака од нас е да го видите во живо, и секако, да го повозите малку. Нема многу модели кои комбинираат SUV и компакт, а имаат достапна цена за македонскиот купувач.
 
 

Suzuki Ignis
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил