Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Пронајдена најстарата Fiesta во Македонија
 
Spodeli
22 декември 2016, 18:43


Пронајдена најстарата Fiesta во Македонија Ford Fiesta Пронајдена најстарата Fiesta во Македонија
Ми-Да Гранд Моторс ја заврши својата потрага...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Денес, во салонот на Ми-Да Гранд Моторс Македонија, беше презентирано најстарото возило Ford Fiesta во Македонија во сопственост на скопјанецот Бојан Тодороски.
 
 
Изборот на најстарото возило од овој модел, според Дритон Заири, директор на компанијата Ми-Да Гранд Моторс, е дел од необичната кампања „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.
 
„При оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiesta засега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“, рече Заири.
 
 
Бојан Тодороски, сопственик на најстарото возило Fiesta, ја пренесе својата лична приказна и соживувања со ова необично возило.
 
„Како љубител на олд тајмери особено сум среќен што „мојата прва љубов“ - возилото со кое учев да возам, ќе доживее разубавување, подмладување и враќање во првобитната состојба, благодарение на тимот на Форд, МиДа Гранд Моторс- изјави 30 годишниот Бојан Тодороски, сопственик, односно наследник на најстарата Фиеста во Македонија која веќе 30 години се наоѓа во семејтвото Тодороски од Скопје“, рече Тодороски.
 
 
Моментално се произведува шестата генерација Ford Fiesta, која стартуваше во 2008 година и според Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс, „Fiesta-та е вистински репрезент на идејата и филозофија на Хенри Форд, кој сакал автомобилот даб биде достапен за секој човек и истовремено, да претставува уживање при возењето. Со епитетот најпродаван мал автомобил во Европа и Македонија, Форд Фиеста продолжува понатаму „Go Further“.
 
 
Потрагата по сопстеникот на најстарата Ford Fiesta“ траеше повеќе од еден месец и секој што поседува вакво возило, се пријавуваше на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс со лични податоци (име и презиме), податоци за возилото (година на производство) и фотографија од возилото. Исто така, Ми-Да Гранд Моторс додели симболични награди за сите што учествува во кампањата.
 
 
Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. На сопствениците им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси.
 

Ford Fiesta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил