Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Hyundai i30
 
Spodeli
30 јули 2010, 14:03


Тест – Hyundai i30 Hyundai i30 Wagon Тест – Hyundai i30
i30 е првиот Hyundai автомобил кој ја носи новата номенклатура. Заедно со поинаквото именување, доаѓа и малку поинаков автомобил - сега Hyundai има вистински конкурент во компактната класа....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Главни адути за борба на автомобилот кој е братучед на Kia cee’d (со кого дели иста платформа, но е во различно пакување), секако се неговата универзалност, добрата цена и 5-годишната гаранција.

Изглед

Надвор

Дизајниран малку порано од визуелниот идентитет кој го носат поголемите ix35 или ix55, кај овој модел на Hyundai недостасува динамичната линија на поновите модели, но затоа ја држи златната средина во класата, кога убавината е во прашање. i30 го карактеризира воздржан и покласичен дизајн, кој придонесува за многу простор и високо ниво на ергономија.



Во целина, i30 визуелно изгледа балансиран, има едноставност во него, со стандарден преден дел, со извлечени светла нагоре, и со хромиран дел над маската над ладилникот. Дел кој дизајнерски отскокнува секако е задниот дел од автомобилот, со вертикално поставените светла, кои се исклучително добро дизајнирани и вкомпонирани, и малку потсетуваат на оние на BMW серија 1.

Ентериер

Дизајнот на ентериерот не е претерано креативен, но и тука приоритет е даден на функционалноста - со карактеристична средна конзола, и логично поставени команди, без многу експерименти. Забележлива е сината боја, која ја краси внатрешноста навечер. Поаѓајќи од квалитетните материјали, преку многуте отвори за ситни работи, па се до приклучоците за iPod, USB и MP3 плеер, дури и основната верзија на i30 е полна со опрема. Поен плус и за податокот дека i30 е опремен со кожен волан.

Ергономијата

Она што е многу значајно за i30, е лесното управување со автомобилот. Просторната понуда овозможува и повисоко ниво на ергономија. Класично, но логично дизајнирано, за едноставност при користењето на автомобилот. Малку се куси задните потпирачи за глава, а воланот не се мести по длабочина...



Практичност


Вообичаено, просторен автомобил е и практичен автомобил. Места за ситници има релативно доволно, едноставноста во дизајнирањето не прави проблеми за влез и излез во автомобилот ниту за повисоки патници, низок товарен раб во багажникот. Сосема доволно. Импресионираат и комбинациите за спуштање на задните седишта, за добивање на голема површина рамен под.

Комфор

Удобност

i30 е релативно удобен автомобил, за што во голема мера придонесува неговото меѓуоскино растојание, кое е најголемо во класата, како и софистицираната multilink задна оска. При мали брзини, низ град, се однесува сосема задоволително, но забележливи се мали непријатни вертикални вибрации на автомобилот при повисоки брзини.

Звучна изолација

Одлична звучна изолација и тивок мотор при мали вртежи. Некаде над 3.500 вртежи во минута се забележува значителна бучава, што е особено забележливо во 5-та брзина, на автопат, кога на брзина од преку 130 km/h се добива чувство на потреба од повисок степен на пренос, кој во случајот недостасува, па малку се расипува впечатокот за звучната изолација.

Прегледност

Тенките предни столбови овозможуваат солидна видливост напред, но прилично издигнатиот заден дел и малиот прозор, како и задните потпирачи за глава, го намалуваат степенот на видливост при возење наназад кога не се користат ретровизорите. Затоа, ретровизорите се буквално огромни и преставуваат мал телевизор за тоа што се случува позади.

Квалитет

Можеби наизглед некој не би помислил дека е така, но Hyundai годините наназад докажа дека знае да понуди доверлив автомобил. Се чини дека користените материјали лесно ќе одолеат на неговото величество – времето. На прв поглед, сосема е задоволителен квалитетот на понудените материјали.

Простор

Напред
По димензии, i30 може да се спореди со Golf и Focus, и секако Kia cee’d. Чувството на простор е особено забележливо. Во i30 и реално има простор, а и предниот дел од ентериерот е така дизајниран да овозможува дополнително простор, и за возачот, но и за совозачот, посебно во пределот на колената. Удобните и анатомски седишта веројатно се силен адут на производителот во борба со француската и јапонска конкуренција.

Назад
Просторната понуда и позади е над просекот во од класата - дури и со многу висок возач напред и со прилично повлечено наназад возачко седиште, останува доволно простор за колениците на задната клупа.

Багажник
Багажникот има волумен од 340 литри, не е најголем во класата, но, неговата предност се состои во фактот дека е релативно добро организиран и е поставен многу ниско, што го олеснува неговото товарење.

Возни својства

Лесно управување

Лесниот управувач внесува доза на смиреност и секако леснотија при управувањето со автомобилот, особено во град. Благодарение на неочекувано софистицираната суспензија, извонреден е балансот помеѓу прецизното и меко возење. За i30 не може да се каже ниту дека е најуправлив, ниту дека е најстабилен, ниту дека е најудобен. Но, во него има од се по нешто. Постигнат е вистински баланс. Multi-link задната оска е главниот виновник за тоа. Hyundai, изненадувачки за многумина успеа да направи модел кој во многу елементи ги задоволува и возачот и патниците. Мала забелешка на непрецизното управување при повисоки брзини, каде се бара поголема инволвираност од возачот и повеќе корекции, за зачувување на посакуваната линија на движење.

Стабилност

Приоритет кај i30 е даден на удобноста. Затоа, автомобилот се однесува задоволително стабилен. Можеби не е со премногу директно управување, што асоцира на тоа дека не може да се бара динамично и спортско возење, но затоа во гранични услови на возење се чувствува безбедност – автомобилот успева да се задржи во својата лента – се јавува мала подуправливост, но затоа еластичната каросерија лесно се носи со предизвикот. 

Просечни перформанси

Кога се во прашање перформансите, тука ја имаме главната забелешка. По цена на целосен комфор и префинетост, но и за помала потрошувачка, Hyundai очигледно се определил i30 да биде модел кој нема да импресионира со своите перформанси. Моделот кој го возевме 1.4 GL Life со 109 коњски сили не е наменет за агресивно возење, а не забележавме ниту дека е посебно еластичен (иако има 109 КС, сепак зафатнината на моторот е 1400 кубни сантиметри).
Понудата на мотори е 109 КС кај основниот 1,4 мотор и 115 кај 1,6 дизел изведбата.

Прецизен менувач

Менувачот е прецизен, но малку тврд. Во пониските степени на пренос бара порано менување на брзините, а впечаток е дека недостасува 6-ти степен на пренос, за возење на автопат.



Вредност

Цена/Опрема

Основниот модел е со многу опрема (ABS, шест воздушни перничиња, комплетна електрика, клима, радио со MP3, USB приклучок, централна врава, кожен волан) е цена од 11.190 Евра. Ако судиме како што суди просечниот македонски купувач, според тоа колку многу се добива за колку малку пари,  i30 би бил сосема логичен и рационален избор. Вистински best-buy во моментов.

Потрошувачка

Во однос на потрошувачката, 1.4 моторот на i30 ги сака високите вртежи, но тогаш автомобилот има повеќе сила и повеќе троши. Сепак,  најбитно е дека може да се вози штедливо, но за да се намали потрошувачката, автомобилот треба да се држи во режим на ниски вртежни. На тестот, најмногу што успеавме е да ја симнеме границата некаде околу 5,5 литри, на регионален пат, со брзина од околу 90 km/h, бројка што е особено прифатлива за еден од најголемите автомобили од компактната класа. На околу 70 km/h потрошувачката ќе порасне некаде до 6,4 литри, а на 120 km/h веќе на 8,2 литри / 100 km.

Скопските дневни гужви не дозволуваат штедливо возење низ град, каде при нормално возење, потрошувачката би изнесувала околу 10,5 литри. Потрошувачка во град може да падне и некаде околу 8,5 - 9 литри, но само со дефанзивно и претпазливо возење, и избегнување на гужви и, секако, по можност возење повеќе навечер отколку преку ден. 

Повратна вредност

Овој Hyundai сигурно нема да има повратна вредност како јапонските или германските конкуренти. Пазарите на половни автомобили во моментов се уште не се наклонети кон Hyundai. Новите модели со сигурност ќе ја променат таа граница, но потребно е време. Во западниот свет, а посебно во САД, Hyundai многу повеќе држи цена отколку на нашиот пазар. Но, за тоа, потребно е време – во автомобилската индустрија, тоа се мери во години...

Безбедност

Иако на првите тестирања доби само четири ѕвездички, после некои ситни преправки, на повторените тестирања i30 доби пет ѕвездички за безбедност по EuroNCAP, по стариот начин на тестирање. Во основната опрема, i30 е опремен со 4 воздушни перничиња и ABS, што е стандард во класата каде се наоѓа.



За кого е овој автомобил

i30 дефинитивно е автомобил за македонскиот купувач. За сите кои сакаат компактен и лесно управлив градски автомобил со солидна потрошувачка, добра цена, висока гаранција, ниски сервисни трошоци, и сосема задоволителна просторна понуда, i30 би бил многу логичен и рационален избор, особено што се работи за автомобил со универзални карактеристики.

Предности

- Добра цена и многу опрема
- Висока гаранција
- Ниски сервисни трошоци
- Солидна просторна понуда
- Квалитетен ентериер
- Добро држење на пат


Недостатоци

- Слаб вртежен момент при ниски и средни вртежи
- Просечна управливост на повисоки брзини
- Класичен дизајн
- Просечна удобност
- Тврд менувач


Hyundai i30 Wagon
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
vcera se vozev vo edno vakvo samo bese crno.Ubavo motorot raboti tivko.samo mene ne mi napravi mnogu merak.ubavo.Makar e skapo za odrzuvanje
Напишан од HYUNDAI-PRESKAPO ZA ODRZUVANJE-I 30  пред  околу 79 месеци
vcera se vozev vo edno vakvo samo bese crno.Ubavo motorot raboti tivko.samo mene ne mi napravi mnogu merak.ubavo.Makar e skapo za odrzuvanje
Напишан од HYUNDAI-PRESKAPO ZA ODRZUVANJE-I 30  пред  околу 79 месеци
vcera se vozev vo edno vakvo samo bese crno.Ubavo motorot raboti tivko.samo mene ne mi napravi mnogu merak.ubavo.Makar e skapo za odrzuvanje
Напишан од HYUNDAI-PRESKAPO ZA ODRZUVANJE-I 30  пред  околу 79 месеци
vcera se vozev vo edno vakvo samo bese crno.Ubavo motorot raboti tivko.samo mene ne mi napravi mnogu merak.ubavo.Makar e skapo za odrzuvanje
Напишан од HYUNDAI-PRESKAPO ZA ODRZUVANJE-I 30  пред  околу 79 месеци
vcera se vozev vo edno vakvo samo bese crno.Ubavo motorot raboti tivko.samo mene ne mi napravi mnogu merak.ubavo.Makar e skapo za odrzuvanje
Напишан од HYUNDAI-PRESKAPO ZA ODRZUVANJE-I 30  пред  околу 79 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 17
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил