Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Премиера – Audi A7 Sportback
 
Spodeli
27 јули 2010, 17:44


Премиера – Audi A7 Sportback Audi A7 Sportback Премиера – Audi A7 Sportback
Audi го претстави долго најавуваниот А7, модел кој во гамата ќе се смести над A6, односно ќе биде негова купе изведба...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од надвор, нема ништо неочекувано. Основната линија е преземена од концептот кој беше претставен на саемот во Детроит претходната година, а измени има само во предниот дел, кој ја доби карактеристичната Audi маска. Се на се, ништо неочекувано од Audi, па следствено на тоа и ништо спектакуларно – А7 Sportback изгледа како поголем А5 Sportback.



Сепак, истото не важи и за внатрешноста, која добива третман сличен на онаа од А8. Изменет е дизајнот на предната конзола, со помалку копчиња и прекинувачи и пофлуидни линии. Сега, уште од фотографиите се гледа дека ентериерот на А7 е многу попријатно место за престој отколку оној на А6.

Audi ветува дека внатре комфорно ќе можат да се сместат четири патници, благодарение на должината од скоро 5 метри. Импресионира и багажникот, кој брои 535 литри, односно 1.390 литри со спуштање на деливата задна клупа – не е лошо за купе, нели?

Од технолошки аспект, А7 го добива новиот MMI систем со 8 инчен екран на допир, кој е преземен од А8. Инженерите од Инголштад ветуваат дека истиот е многу поинтуитивен за работа и не одзема многу внимание, а од дизајнерски причини, мониторот ќе може и да се скрие во предната конзола… Ако на ова го додадеме и премиум аудио системот од ценетиот дански бренд Bang&Olufsen, кој има сила од 1.300 вати распределени на 15 звучници, јасно станува кон кои купувачи цели А7.



Моторизацијата ќе ја сочинуваат најнапредните и најсилни агрегати во понудата на Audi. Во почеток, тоа ќе бидат V6 агрегатите со директно впрскување на горивото, и тоа два бензинци и два дизели. Првите ќе бидат претставени со 2,8 FSI моторот со 204 КС, доволни за забрзување до стотка за 8,3 секунди и максимална брзина од 235 km/h, и турбо изведбата 3,0 TFSI со 300 КС, доволни за 5,6 секунди до стотка и ограничена максимална брзина од 250 km/h. Audi ја нагласува и ниската потрошувачка кај новите бензинци – посилниот троши само 8,2 литри на 100 km во просек.

Дизел верзиите ќе бидат претставени со еден агрегат, 3.0 TDI, кој ќе доаѓа во две изведби. Послабата верзија ќе има 204 КС (и ќе биде единствена со погон на предните тркала), доволни за забрзување до стотка за 8,1 секунда и максимална брзина од 234 km/h. Овој мотор ќе троши импресивно ниски 5,3 литри на 100 km. Посилната изведба на дизелот има 245 КС, доволни за 6,5 секунди до стотка, односно 250 km/h максимална брзина.

Покрај новите мотори, Audi ќе понуди и нови менувачи во понудата. Со најслабиот дизел мотор ќе се нуди Multitronic континуираниот менувач, додека со посилните мотори и Quattro погонот, новиот S-Tronic автоматски менувач со 7 брзини на пренос.



За да може сета сила од новите мотори да се пренесе на патот, ќе се грижи новиот Quattro погон, кој е поефикасен од својот претходник, истовремено нудејќи подобри перформанси. Новата суспензија со мултилинк предна оска и трапезоидна задна оска, заедно со погонот на сите четири тркала, ќе треба да овозможи и спортско доживување, во овој очигледно луксузно настроен автомобил.

За пребирливите, тука е и Audi Drive Select системот, кој ја подесува суспензијата, одговорот на педалата за гас и осетливоста на управувачот, зависно од тоа каков мод ќе избере возачот, а достапни се четири - "comfort," "auto," "dynamic" и "individual”. Дополнителни модови ќе можат да се изберат, доколку возилото „лебди“ на новата, адаптивна воздушна суспензија...

Цените на А7 засега се уште не се познати, но нема да биде чудно ако се доближат многу до оние на А8, со оглед на димензиите, понудениот луксуз и високата технологија.


Audi A7 Sportback
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
paradoksot so cenite ne e samo pomegju ALFA i AUDI iako BMW ima odlicen M a mercedes AMG program vo sporedba so FERARI ili ASTON MARTIN tie se daleku poevtini a so performansi toa se odlicni sportski auti sto znaci deka vo poedini slucai cenite ne ja diktiraat razlikata vo kvalitetot barem ne razliki od po nekolku desetici iljadi evra
Напишан од riki  пред  околу 89 месеци
inaku za quattro-to se slagam, moza da se kaze deka so quatro-ttto audi dominirase vo toj segment, so xDrive na bmw delumno se priblizi vo toj segment a ko ne i go nadmina quattro-to na audi. Mercedes so 4Matic zaostanuva tuka...
Напишан од Alek  пред  околу 89 месеци
a zosto noviot Audi A4 2.0 tdi kosta 34000 evra, Alfa 159 1.9 jtd 150ks kosta 27999 insignia istotaka i Mercedes c200cdi kosta 33000 _____________________________________________________________ tetova drugarce sea sam se zakopa :))) pa tokmu toa e problemot na audi be coveku tetovski! oni imaat kola koe treba da se ramnjaat so 159, accord, insignia, a se tokmat so merc i bmw! A4kata vredi onolku kolku sto vredi i 159! A ja napumpale cenata do daska i se tokmat so merces!
Напишан од Alek  пред  околу 89 месеци
Abe sto ste se zapnale tolku predna vleca zadna vleca teski pari da imame za ovie dzverovi pa koj kakva saka neka si kupi ,,, inaku kolava ima stvarno jaka forma iako potsetuva malku nazad vo stopovite na seat exeo a prednicata gore dolu ista im e na site audi a vo vnatresnosta maaaalce plastikite nad menuvacot deluvaat kako izvestaceni se drugo e vo superlativ nema zbor
Напишан од ratkapna  пред  околу 89 месеци
go prifakal kako vistinski konkurent a vie ne mozete nisto ne pisuvam bezveze go kazam toa sto znam i sto vidim kaj kanalite na samite germanci sto gi izdavat. Znam deka imat dobra voznja i mozam da recam deka odlicni se i Bmw i Audi i Mercdes ama ako zboruvame za dolgotrajnost i moknost posebno za dizelasi pa i benzinci ama ovde kaj nas ne gi zemat benzincive tesku za BMW i Mercedes raka na srcei vie pa i jas. Pozdrav za Alek i pfff
Напишан од tetova  пред  околу 89 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 20
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил