Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Македонија доби нов увозник на Jaguar & Land Rover - Аутомобили Гроуп
 
Spodeli
20 декември 2016, 10:33


Македонија доби нов увозник на Jaguar & Land Rover - Аутомобили Гроуп  Македонија доби нов увозник на Jaguar & Land Rover - Аутомобили Гроуп
Премиум автомобилските брендови Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар. Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за регионот Македонија и Косово во соработка со Wallis Automotive Europe....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

„Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни даваза право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово - побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.
 
Истовремено би сакал да им се заблагодарам и на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната довербаи соработката со нашата компанија.“ - изјави генералниот директор на Аутомобили Гроуп г. Кочо Бураку.
 
 
Jaguar и Land Rover се чисто британски возила. Нивниот зачеток е комплетно независен, но од 2008 овие два бренда се споени во еден, како една компанија, Jaguar & Land Rover, под покровителско на ТАТА групацијата, од кога и бележат значителен раст - двојно зголемено производство на возила и секако зголемен профит, што се должи на интензивно инвестирање.
 
Како резултат на пазарното побарување на нови возила, до пред соединувањето вкупно имаа 3 производствени капацитети, а сега се вкупно 7, со најава за уште еден наредната година, во Словачка. 
 
Еден од индикаторите кои ја прават оваа фирма водечка во својот сегмент, е фактот дека целата гама е базирана на алуминиумска само-носечка конструкција, која е и заштитен знак на Jaguar & Land Rover, што придонесува за подобри перформанси, главно одлични динимички карактеристики.
 
Секогаш ориентирани кон производство на квалитетни спортски и динамички возила, за Jaguar и Land Rover нема да е ништо ново ако се каже дека нудат врвен луксуз, а високо способните SUV возила секако имаат способност за совладување на тешки теренски препреки, носејќи вистински тереснки можности.
 
Со постојано тежнеење кон атрактивни дизајни, технички иновации и врвени индустриски решенија во своите производи, Jaguar & Land Rover тежнеат секогаш кон развој на нови производи и нови производствени капацитети, а во прилог на тоа, почлнувајчи од пред некое време, компанијата почна и со производство на сопствени мотори под зашититно име Ingenium - префниети, високо ефикасни и екониомични, лидери во својот сегмент.
 
 
Освен фокусот на нови погонски склопови, технолошките иновации се насочени секако и кон активната и пасивна безбедност, но и кон што поинтелегенто поврзување.
 
За почетокот на 2017та е најавен и новиот Discovery - петта генерација на легендарниот модел, кој најпрво ќе се произведува во Велика Британија, а потоа и во новата фабрика во Словачка. Ќе има комплетно алуминиумска шасија - силна и робусна, истата што се користи во Range Rover и Range Rover Sport.
 
Од Land Rover во најава е и уште еден модел, кој ќе биде позициониран помеѓу Range Rover и Range Rover Sport
 
Од Jaguar пак, средината на 2017та година се очекува караванска изведба на XF, а почетокот на 2018та и ново, комплетно електрично возило, и, како што најавуаат од Jaguar тоа ќе биде сериозен конкурент на пазарот на електрични автомобили - ќе има голема автономија, забрзување од 0-100Km/h за 6 sec итн. 
 
Во однос на новитетите, ќе има и новитети во самите мтори, v8 моторите ќе бидат појачани, и уште попопрефинети. V8 моторот со 510 КС ќе биде со 525 КС, а посилниот, од 550 на 570 КС, со што се очекува сериозно да се помести границата на перорманси на возилата со овие мотори.
 
 
Во моментов се подготвува новиот продажен објект во Македонинија, кој ќе опфаќа 680м2, и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover,продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе биде во април 2017та година. 
 
„Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Jaguarи Land Roverна територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови модели.“ – изјави генералниот директор на Wallis Automotive г. Ендру Прест.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил