Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Alfa Romeo Stelvio ќе има премиера оваа недела
 
Spodeli
14 ноември 2016, 00:21


Alfa Romeo Stelvio ќе има премиера оваа недела   Alfa Romeo Stelvio ќе има премиера оваа недела
Првиот кросовер на Alfa во продажба доаѓа во првиот квартал на 2017 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Alfa Romeo уште во 2003 година, со концептот Kamal го најави првиот кросовер модел, но дури 13 години подоцна ќе се случи премиерата на првиот СУВ на италијанскиот автомобилски производител.
 
 
Поточно, Alfa Romeo Stelvio ќе дебитира оваа недела на саем во Лос Анџелес.
 
Овој автомобил ќе биде нешто поголем од BMW X3, а дизајнерски ќе се потпира на Giulia, како надворешноста, така и внатрешноста. Овој автомобил ќе има погон на задните тркала, но купувачите ќе имаат можност да си доплатат и за AWD.
 
Alfa Romeo веројатно ќе претстави и Veloce верзија со бензински мотор со моќност од 280 коњски сили и дизелски мотор со моќност од 210 коњски сили. Во Alfa размислуваат и за QV верзија, која под хаубата би имала 2.9 V6 мотор со моќност од 505 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.
 
Stelvio во салоните пристигнува во првиот квартал на 2017 година.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил