Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Land Rover Discovery се наполни со напредна технологија
 
Spodeli
30 септември 2016, 21:00


Париз 2016: Land Rover Discovery се наполни со напредна технологија  Париз 2016: Land Rover Discovery се наполни со напредна технологија
Land Rover Discovery беше еден од последните теренци – автомобили кои не глумеа дека можат да возат по терен, туку навистина можеа да возат по терен. Новиот модел делумно омекна, но затоа доби многу повеќе технологија и напредни системи...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најголема промена во однос на претходникот е новата платформа, благодарение на која Discovery сега е дури 480 килограми полесен од својот претходник, во превод половина градски автомобил. Благодарение на ова намалување на масата, драматично е намалена потрошувачката, а основниот дизел сега има четири цилиндри.



Новиот надворешен дизајн сега многу повеќе потсетува на останатите модели во гамата и придонесува за подобрена аеродинамика – со 0,33 коефициент на отпор на воздухот ова е еден од најаеродинамичните големи SUV на пазарот воопшто. Според Land Rover, целосно новата платформа со цврст алуминиум овозможува и подобрени возни својства на патот и целосно подобрени перформанси од моторите.

Новиот Discovery има и повеќе простор во внатрешноста, а седењето и натаму ќе биде повисоко во вториот и третиот ред на седишта. Во кабината ќе има особено многу места за ситници, а во најопремените модели ќе има и 9 USB излези за полнење на паметни телефони, што е навистина импресивно. Автомобилот инаку сега е 14 сантиметри подолг од претходникот, со 4 сантиметри подолго меѓуоскино растојание.



Моторизацијата ќе почнува со нов Ingenium турбо дизел со зафатнина од 2.0 литри и 240 КС, со кој Discovery спринта до стотка за 8 секунди. Потоа, следува 3.0 V6 дизелот со 260 КС кој забрзува за 7,7 секунди до стотка и 3.0 V6 бензинецот со 360 КС, кој спринта до стотка за само 6,9 секунди. Сите мотори ќе бидат опремени со ZF автоматски менувач со осум степени на пренос.

Land Rover ветува дека новиот Discovery е нивниот најспособен теренец досега, благодарение на поголемиот клиренс од подлогата и редуктор, кој ќе овозможи лесно преоѓање дури и преку најтешките терени. За најтешките ситуации достапен е и Terrain Response 2 системот, кој електронски ќе му помага на возачот во совладувањето на препреките.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил