Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: Peugeot 5008 е фамилијарен SUV со екстравагантен дизајн
 
Spodeli
30 септември 2016, 20:32


Париз 2016: Peugeot 5008 е фамилијарен SUV со екстравагантен дизајн Peugeot 5008 - 2017 Париз 2016: Peugeot 5008 е фамилијарен SUV со екстравагантен дизајн
Францускиот производител годинава целосно ја менува својата гама на MPV автомобили со нови, SUV модели – еден од е и големиот 5008, кој ќе биде исклучително функционален а воедно и модерно дизајниран лесен теренец...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моделот ќе биде ексклузивно понуден со седум седишта – Peugeot ветува комфорно сместување на сите места, благодарение на 16,5 cm подолгото меѓуоскино растојание во однос на моноволуменот од претходната генерација. Дизајнот однадвор е многу помускулест од она што не навикна Peugeot досега во оваа класа, со неколку екстравагантни елементи, како високо поставените светла напред, хоризонталната предна маска и затемнетите LED светла назад.



Ентериерот исто така добива големо освежување – возачот ќе биде опкружен со дигитални инструменти, поточно дисплеј со големина од 12,3 инчи и 8 инчен дисплеј на централната конзола, кои се дел од iCockpit опкружувањето. Целосниот дизајн остава исклучителен впечаток – 5008 е еден од автомобилите со најфутуристички ентериер.

Технологијата не престанува само напред – дури и возачите позади ќе добијат места каде ќе можат да ги наполнат своите паметни телефони, што е од особена важност за скоро секој човек на планетава во моментов. Секое седиште добива и свое место за ставање на пијалаци, а низ кабината има и многу места за одлагање ситници.



Голем адут на 5008 ќе биде функционалноста, која најдобро се гледа во големината на багажникот – со спуштен трет ред на седишта, овој SUV Има багажник од фантастични 1.060 литри. Да, добро прочитавте – ова е убедливо најголемиот багажник во оваа класа и еден од најголемите во кој и да било патнички автомобил, воопшто. Со 5008 дефинитивно нема да треба да бидете особено претпазливи при пакувањето, бидејќи е способен да собере се што можете да ставите во него.

Моторизацијата е застапена со неколку турбо дизели и турбо бензинци. Основниот модел има 1,2 PureTech турбо бензинец со три цилиндри и 130 КС, додека помоќниот 1,6 литарски турбо бензинец има 165 КС и ќе се нуди исклучиво со автоматски менувач со шест брзини. Дизелите ќе бидат застапени со 1,6 литарски BlueHDi мотор со 100 и 120 КС и 2,0 литарски BlueHDi мотор со 150 односно 180 КС. За разлика од конкуренцијата, Peugeot 5008 ќе се нуди само со погон на предните тркала, барем во почеток.



Peugeot 5008 ќе биде опремен и со мноштво технологија за зголемување на безбедноста, како систем за помош при возењето кој може автоматски да го стопира возилото, да ја следи брзината на автомобилот напред и да го држи возилото во лентата. Достапен ќе биде и систем за помош при паркирање, кој автоматски го врти воланот, а на возачот останува само да оперира со педалите.

Новиот 5008 ќе се произведува во фабриката на Peugeot во Рен, Франција. Првите примероци во салоните ги очекуваме на почетокот од наредната година.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил