Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2016: ова е новиот Civic Type R со преку 350 КС
 
Spodeli
29 септември 2016, 20:30


Париз 2016: ова е новиот Civic Type R со преку 350 КС Honda Civic - 2017* Париз 2016: ова е новиот Civic Type R со преку 350 КС
На саемот во Париз Honda ја претстави концептната верзија на новиот Civic Type R, кој повторно ќе има агресивен дизајн, преден погон и сила покачена на околу 350 КС...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот Civic Type R на пазарот ќе пристигне многу побрзо од претходникот, на кого чекавме неколку години по лансирањето на основната верзија. Поточно, според информациите, него во салоните ќе може да го видиме уште наредната година.



Како и актуелниот модел, новиот Civic Type R ќе има многу агресивни прагчиња и спојлери однадвор, кои според нас многу подобро прилегаат на новата генерација на Civic, која е поширока и пониска од претходната.

Моторот ќе биде истиот 2.0 VTEC Turbo, но според информациите до кои ќе успеавме да дојдеме, тој сега ќе развива преку 350 КС. Сепак, за разлика од голем дел од конкурентите, Civic Type R нема да има погон на сите тркала, туку задржан ќе биде погонот на предните тркала.



Со новиот Civic Type R, Honda сигурно ќе го нападне и рекордот за возило со преден погон на Нирбургринг, кој во моментов го држи Golf GTC Clubsport S и кој сигурно исто така ќе го нападне и новиот Renault Megane RS, кој треба да пристигне наредната година.

Она кое со сигурност го знаеме е дека дизајнот на серискиот модел ќе биде подеднаков како на овој концепт, што е многу, многу добра вест.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил