Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Помоќен и повисок - пристигна новиот Peugeot 2008
 
Spodeli
29 септември 2016, 16:39


Помоќен и повисок - пристигна новиот Peugeot 2008 Peugeot 2008 Помоќен и повисок - пристигна новиот Peugeot 2008
Peugeot го освежи својот најмал SUV во понудата - 2008, кој сега запливува подлабоко во SUV водите со поагресивен надворешен изглед и повисок клиренс...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата 2008-ка веќе е достапна во салоните на Peugeot Euroimpex и сите заинтересирани можат да ја погледнат. Наскоро очекувајте ги и нашите импресии од возењето на новиот модел.

Дизајн – темпераментен и заводлив
Однадвор, промените се однесуваат главно на предната маска, која изгледа многу помоќно од претходно и која одлично се сложува со изгледот на останатите модели на брендот. Спортскиот изглед го нагласуваат кровниот спојлер во задниот дел како и кровните носачи, кои даваат и доза на авантура и практичност.



Благодарение на хоризонталната предна маска и повисокото растојание од подлогата, 2008 сега изгледа многу повеќе темпераментно и заводливо, но со доволна доза на модерна софистицираност, која особено се забележува во хромираните детали во предниот и задниот дел, како и над задната врата.

Сето ова е зачинето и со нови светлосни групи и напред и назад, кои имаат 3D графика која остава многу помоќен впечаток навечер, како и избор на две дополнителни бои – Ultimate Red и Emerald Crystal, кои донесуваат свежина во целата гама на 2008.

Моторизација – проверени PureTech и BlueHDi агрегати со високи перформанси и ниска потрошувачка

Новата 2008-ка ќе се нуди со веќе проверените PureTech бензински и BlueHDi дизелски мотори. Основниот бензинец со зафатнина од 1,2 литри и три цилиндари развива 82 КС и троши само 4,9 литри гориво во просек со мануелниот менувач со пет степени, односно 4,4 литри со електронскиот автоматски менувач со пет степени. Достапни ќе бидат и изведби со турбо полнач со 110, односно 130 КС, кои трошат само 4,4 односно 4,8 литри гориво на 100 km.

Сите дизели пак се опремени со турбо полнач и BlueHDi технологија. Основниот мотор развива 75 КС и троши само 3,7 литри на 100 km со мануелниот менувач со пет степени, а достапни се и изведба со 100 КС (3,7 литри, менувач со пет степени) и 120 КС (3,7 литри, менувач со шест степени). Освен кај најслабите дизелски и бензински мотори, достапен ќе биде и Start&Stop систем кој дополнително ја намалува потрошувачката во градски услови.



Grip Control – систем кој овозможува проодност на секаква подлога
Како и претходникот и новиот 2008 ќе биде опремен со Grip Control системот, кој ја контролира влечната сила зависно од подлогата и кој овозможува лесна проодност и на терен и покрај тоа што автомобилот е достапен само со погон на предните тркала. Grip Control има пет модови на работа – стандарден, Snow (наменет за лесно тргнување на многу лизгава подлога), All-Terrain наменет за задржување на линијата на движење на лизгав терен, Sand мод наменет за лесно тргнување доколку автомобилот се заглави во песок и ESP off, кој му овозможува на возачот сам да ја подеси влечната сила на автомобилот до 50 km/h.

Grip Control системот кај новиот модел е придружен и со повисок клиренс, кој покрај тоа што ќе овозможи лесно поминување на големите нерамнини на терен, одличен е и за честите нерамнини и високи тротоари во нашите градови.



Висока технологија во внатрешноста
Ентериерот не доживеа премногу промени во поглед на дизајнот, но тоа веројатно и не беше потребно. Сепак, новиот модел доаѓа со подобрен мултимедијален систем, кој сега поддржува Apple Carplay и MirrorLinkTM, што значи дека е многу полесно да го поврзете вашиот паметен телефон и да ги користите неговите вградени апликации на големиот, централно поставен дисплеј.

Како и досега, главен атрибут во возењето е Peugeot i-Cockpit, поточно малиот волан кој како да е изваден од спортско возило и инструмент таблата, која е поставена поблизу до видното поле на возачот. Кабината и натаму е една од најпространите во класата, со голем багажник од 410 литри и ниско поставен под, кој го олеснува товарењето на потешките предмети. Под багажникот има и дополнителен простор од 22 литри, а со спуштањето на задната клупа (делива во сооднос 2/3 на 1/3) се добива корисен простор од огромни 1.400 литри.



Цени од 15.280 евра за бензинецот, 16.980 евра за дизелот

Новата 2008-ка почнува од 15.280 евра за 1,2 PureTech со 82 КС, односно 16.980 евра за BlueHDi со 75 КС и ACCESS ниво на опрема. Ова ниво вклучува целосна опрема за безбедноста – ABS+ESP+AFU+REF, 6 воздушни перничиња, темпомат, детектор за притисок во пневматиците, варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина, централна со далечинско, LCD дисплеј во бела боја, патен компјутер, делива задна клупа во сооднос 2/3 на 1/3 со наслони за глава и ISOFIX, челични тркала со големина 195/65 R15, рачки и ретровизори во боја на каросеријата, надолжни кровни носачи во сива боја, заден кровен спојлер, електрични и греени ретровизори и 3D LED задни светла. Повеќе информации за останатите мотори и моделски изведби можете да добиете на следниов линк.

Во моментов за Peugeot 2008 има и продажна кампања, со помош на која може да го поседувате овој автомобил за само 175 евра месечно. За повеќе информации за кампањата треба да се обратите во салоните на Peugeot.


Peugeot 2008
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил