Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Пристигна – Alfa Romeo Giulietta
 
Spodeli
16 јули 2010, 14:45


Пристигна – Alfa Romeo Giulietta Alfa Romeo Giulietta Пристигна – Alfa Romeo Giulietta
Новиот компакт на Alfa, кој го носи легендарното име Giulietta, пристигна и на нашиот пазар, по цена од 18.990 евра за моделот со 1,4 литарски турбо бензинец со 120 КС и Progression ниво на опрема...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

БЕЗ СРЦЕ, СИТЕ ЌЕ БЕВМЕ САМО МАШИНИ. Тоа е слоганот во кој се состои е суштината на секоја Alfa

Напаѓајќи ја премиум класата на компактни возила, Alfa секако дека има многу адути за борба. Секако, карактеристично италијанскиот дизајн, кој вклучува многу пасија, грациозност и тркачка ДНК, предничи во однос на германските конкуренти. И внатрешноста со себе носи многу италијанска крв, со карактеристичните асиметрични линии на Alfa и спортските детали, како инструмент таблата или трокракиот волан. Се чини, близу до совршенство.



Покрај новиот дизајнерски јазик, во однос на претходникот, 147, Giulietta нуди многу повеќе комфор и удобност, што беше главна болка на претходникот. Секако, не по цена на возните својства и перформансите – Giulietta ги зачувува тркачките гени во себе, благодарение на целосно променетата шасија и новите турбо бензински и дизел мотори.

Сепак, и покрај напедокот во сите важни сегменти, се чини најголем адут на Giulietta ќе биде цената. Основниот модел со 1,4 литарскиот турбо бензинец (0-100 за 9,4 секунди, 195 km/h max, 6,4 литри на 100 km просечно) со 120 КС и Progression ниво на опрема, чини изненадувачки ниски 18.990 евра. Опремата не е ни малку сиромашна – стандардни се ABS+EBD+ASR+BAS, контрола на стабилноста VDC со Q2 електронски диференцијал, Stop&Start систем, осум воздушни перничиња, мануелен клима уред, предни електрични стакла, патен компјутер, радио со CD+MP3... Следното ниво на опреме Distinctive, кое чини плус 2.000 евра, донесува плус автоматски клима уред, алуминиумски тркала, преден потпирач за рака...



Понатаму во понудата, посилниот бензински мотор 1,4 Multiair со 170 КС (0-100 за 7,8, 218 km/h max, 5,8 литри на 100 km просечно)  и Distinctive ниво на опрема, чини 22.490. Моделот Quadrifoglio Verde, наменет за вистинските гурмани на спортското возење, со 1,75 литарски турбо мотор со 235 КС (0-100 за 6,8 секунди, 242 km/h max, 7,6 литри на 100 km просек), чини 26.900 евра!

Дизелите се претставени со три единици – 1,6 со 105 КС и 2,0 со 140, односно 170 КС. Првиот, со Progression ниво на опрема чини 20.690 евра, додека другите два, со Distinctive ниво на опрема, чинат 24.490, односно 24.990 евра. Нив ги карактеризира извонредно ниската потрошувачка на гориво од 4,4 литри за 1,6 литарскиот мотор, односно 4,7 за 2,0 литарските единици.

Стандардно за Alfa, богата е и понудата на дополнителна опрема, која можете да ја погледнете во официјалниот PDF ценовник на нашиот сајт.

Со сите направени подобрувања, безвременскиот дизајн, напредната моторизација и коректниот однос на вложено – добиено, не е тешко да се погоди дека во моментов Giulietta е best buy во класата. Заинтересираните, можат уште веднаш да ја погледнат во салонот на Alfa Romeo и да се уверат во шармот кој го поседува...


Alfa Romeo Giulietta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Acko, vozilata poveke ne se za 5 patnici, a i koga posleden pat ste se vozele 5 ??? Voziloto e za uzivanje, ne e za taxi.
Напишан од Riki  пред  околу 81 месеци
Mali, odi kupi si lizalce od prodavnica i ne tresi gluposti.
Напишан од Riki  пред  околу 81 месеци
Ima poveke prostor na zadnite sedista od Golf VI blagodarenie na dizajnot na prednite sedista.
Напишан од RadeB  пред  околу 81 месеци
znaci alfa e poveke napraven za mladi no ne ic prostoren osobeno pozadi!!!
Напишан од eden  пред  околу 81 месеци
Abe.. koj vozel Alfa znae deka e realna cenata! koj uziva nema da mu se skapi dopolnitelno da si gi ofarba shapite za kocenje vo alfa rosso boja!! taka da, site muabeti se dzabe za toa koj so moze da zeme za tie pari, pa ako sakate povelete zemete si gi Sung Jong dzipovite, ostajte ja Giuliettata na drugi!!!
Напишан од Marko  пред  околу 81 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 15
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил