Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Фелипе Маса ќе се повлече од формула 1
 
Spodeli
02 септември 2016, 10:36


Фелипе Маса ќе се повлече од формула 1 Renault Megane RS Фелипе Маса ќе се повлече од формула 1
Бразилецот најави дека последна трка ке му биде во Абу Даби....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Фелипе Маса реши да стави крај на својата кариера во најбрзиот спорт на планетата.
Договорот со сегашниот тим му истекува на крајот на оваа сезона но имаше најави дека Маса размислува да остане во тимот заедно со Валери Ботас, но по се изгледа, сепак, тоа не е веќе опција.
 
Без реална шанса за обезбедување место во било кој од другите врвни тимови, Маса одлучи да го потврди неговото заминување со мал број на трки останато, вклучувајќи го и за него домашното гранд-при во Интерлагос во Ноември.
 
"Успеав да постигнам многу од моите соништа и јас сум многу горд на мојата кариера", изјави Маса. "Наредните осум ке бидат последни трки во Формула 1 и во нив ќе уживам колку што можам. Им благодарам на сите оние кои се околу мене и ме следеа во мојата кариера. "
 
Бразилецот, мора да признаеме, имаше прилично добра кариера. Своето деби го направи во 2002 година во тимот на Заубер, за потоа да премине како тест возач во еден од најголемите тимови во историјата, Ферари. Следната година повторно се врати во Заубер за наредните две сезони.
 
Во 2006 година тој стана тимски колега Михаел Шумахер, во она што испадна да биде последната сезона на Германецот со Ферари, и тогаш тој таму уживаше најуспешен период во неговата кариера.
 
Во првите три години со италијанскиот тим бразилецот дојде до 27 подиуми, од кои 11 искачувајки се на највисокото место. Во 2008та ќе беше и светски првак, да не беше претекнат од Луис Хамилтон во последниот круг, замислете, на домашното градн при за Маса. Тогаш Хамилтон ја освои титулата за 1 бод.

 



Renault Megane RS
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
 
 






Одберете нов автомобил