Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Citroen C3
 
Spodeli
08 јули 2010, 15:45


Тест – Citroen C3 Citroën C3 - old Тест – Citroen C3
Иако прeтходната генерација не беше особено спектакуларен модел, успеа да се продаде во неверојатни 2 милиони примероци, што претставува предизвик плус и поголема одговорност за новиот модел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Се забележува сличност во дизајнот, но се чини само тоа е слично со претходникот. Новиот C3  е целосно нов модел, со подинамичен и помодерен изглед – C3 e уникатен автомобил кој освен со сопствен идентитет, на купувачот во серија ќе му понуди и многу стил и врвен квалитет, досега невиден во класата.

На располагање се 7 мотори, 4 бензиски и 3 дизели, со сила од 61 КС до 120 КС, со по три нивоа на опрема. Најатрактивен веројатнo ќе биде 1.4 HDi 70, од кој се очекува да биде best-seller, благодарение на тоа што овозможува најдобар баланс помеѓу сила,  економичност и прифатлива цена.

Еден од главните продажни адути на новиот C3 сигурно ќе биде Zenith ветробранското стакло, коe се простира речиси до половина кров, над главите на патниците на предните седишта, благодарение на кое во кабината се добива повеќе свелина и многу чувство на простор

Можеби нема да биде најзабавниот автомобил за возење во класата, но сигурно ќе биде еден од најкомфорните. Со добра цена, тешко дека некој ќе може да најде аргумент против C3    
           
Изглед

Надвор

Можеби на прв поглед  не изгледа така, но ако добро се погледне, кај C3 ќе се забележат линиите од претходникот, но и од вистинскиот инспиратор на дизајнот – легендарниот “спачек”. Сочувана е силуетата која неговите претходници ја имаат, но сега во малку помускулест дизајн, и со многу налутена предна маска, кај која доминира големиот отвор за воздух.

Неверојатната комбинација на сина боја со хромирани детали и големи алу-бандажи кои ги имаше тест моделот сигурно не остава никого рамнодушен. Затоа, и не мора ние да даваме оценка за дизајнот, оценката ја додадоа сите погледи кои C3 ги измами на неколкудневното тест возење. Забележавме дека по новиот C3 се врти и старо и младо.



Ентериер

Веднаш се забележува дека ентериерот е составен од квалитетни материјали од висока класа, комбинирани со темно сиви мат елементи и нагласени алуминиумски детали. Инструмент таблата има два аналогни инструменти и еден дигитален LED покажувач.

Интересно, заради ослободување на простор, Французите повторно конструираа несиметрична изведба на предната конзола, типично за Citroen. Сепак, изгледот на ентериерот не е екстравагантен или различен како во некои други Citroen модели, туку е класично спортски, со масивни кружни инструменти и моќен управувач, со необична комбинација на материјали – малку со изглед на карбон-фибер, со хромирани детали, но и мала засеченост на управувачот, во долниот дел.

Симпатично делува и предната конзола која, од крај до крај е изведена во различна боја од останатиот дел од ентериерот, за различни нивоа на опрема, а слично како кај Punto Evo централниот дел изгледа лакиран, со што се збогатува внатрешноста, издигнувајќи се повисоко од класата која знае да понуди многу досадни и старомодни ентериери.

Не толку поради тоа што е оригинално, туку заради неговата функционалност - Zenith ветробранското стакло овозможува визуелно чувство на простор и многу светлина во кабината, целосно оправдувајќи го слоганот VISIODRIVE. За да биде целосно во духот на Citroen, освен оригиналноста и функционалноста, ваквиот пристап донесе многу стилски дизајниран кров, кој сега наместо да биде дел од конструкцијата на самиот автомобил, впрочем е дел од предното ветробранско стакло.



Ергономијата

C3 нуди повисоко седење од вообичаеното во класата, слично како кај својот претходник. Голем недостаток е слабата достапност до рачната кочница, во случај кога е спуштен потпирачот помеѓу двете седишта, а забелешка оди и на фактот дека кога раката е потпрена на менувачот, не се достигнуваат командите за климата и за радиото, инаку атрибут од аспект на ергономијата кон кој се стремат речиси сите производители во поново време. Сепак, овој податок се должи најмногу на извлечениот преден дел од внатрешноста кон напред, кој има намена за ослободување на повеќе простор за патниците.

Забележливо е користењето на исти команди како во Peugeot 207 (автомобил кој дели иста платформа со C3), за прозорите, климата, командите на управувачот...

Практичност

Со оглед на надворешните димензии, задоволителна е понудата на места за одлагање на ситници. Внатрешноста на C3 нуди високи 13 литри капацитет на простор наменет за одлагање на ситници, но уште позначајно е како просторот во целата кабина е организиран.

Комфор

Удобност

C3 во никој случај веќе не е удобен како претходникот, а и не може да биде. Кај новиот модел, во голема мера приоритет е дадено на динамичките возни својства, за повеќе забава во возењето, но и заради поголема безбедност. Сепак, се чини компромисот е блиску до идеален. Ако се споредува со конкуренцијата, C3 се уште е во врвот кога удобноста е прашање. Сосема солидна е и изработката на седиштата, кои задоволително го држат телото во свиоците.

Звучна изолација

Висока оцена заслужува звучната изолација, од секој аспект, како во некои поголеми и поскапи автомобили. Благодарение и на извонредниот коефициент на отпор на воздухот од само 0,30 Cd, во внатрешноста влегува минимално звук, секако од ветерот, но и од моторот и од гумите. Кога Citroen вели дека нуди повеќе квалитет, мисли и на ова - што е многу значајно за целосното задоволство на патниците во автомобилот. Добра звучна изолација, освен кај Yaris, 207 и Polo, речиси и да ги нема кај другите автомобили во класата.

Прегледност

Вака високо седење, во ваква каросерија овозможува високо ниво на прегледност. Задоволуваат и големите ретровизори. Единствено, задниот дел на автомобилот не е максимално прегледен, при возење во рикверц, без ретровизор.

Квалитет

Забележливо е дека се користени целосно квалитетни материјали. Пластиката, материјалите, завршната обработка, се е некако добро и квалитетно направено. Впечаток е дека вреди секое евро платено за новиот C3.

Простор

Напред
Слоганот Citroen Creative Technologie токму тука доаѓа до израз. Француските инженери успеаја во минимални надворешни димензии да постигнат максимален комфор во внатрешноста. Многу необично е решен делот од кабината пред совозачот, кој е поместен понапред, а интересно, подигнат е повисоко, па има значително многу простор за колената за совозачот, што значи дека во иста мера простор се ослободува простор и за патникот на задните седишта, зад совозачот.

Визуелно, просторната понуда добива оценка плус благодарение на Zenith ветробранското стакло. Сега, возачот и совозачот во C3 ќе имаат аголот на видливост нагоре од неверојатни 108 степени, за разлика од стандардните 30-тина степени кај останатите автомобили. Во услови кога би имало премногу силно сонце, задниот дел од стаклената површина на кровот дополнително се затемнува, постигнувајќи на тој начин компромис помеѓу заштитата од сонце и влез на светлина во кабината.

Назад
Поради тоа што предните седишта се малку подигнати, за патниците позади овозможен е дополнителен простор за нозете под предните седишта, нешто што на пример недостасува дури и кај некои автомобили од две класи погоре, кај кои патниците позади имаат проблем со комфорно седење.

Багажник
Иако најкраток од потесната конкуренција според надворешни димензии, багажникот кај C3 брои 300 литри зафатнина, што е повеќе од Clio, Corsa, Fiesta, Polo, 207… што секако е за пофалба.

Возни својства

Oд Citroen ја истакнуваат намалената маса на возилото, нешто слично со Mazda 2 конкретно, a спротивно на трендовите на раст на автомобилите. Факт кој тесно е поврзан и со намалена потрошувачка и со подобрени возни својства, а на кој се горди од PSA групацијата

Во поглед на димензиите, новата С3-ка е за 12 cm подолга од старата (сега 3,94 cm) и за 5 cm поширока (1,71 cm), но се уште е помеѓу најкратките автомобили во класата (од Clio, Corsa, Fiesta, Grande Punto, 207…), благодарение на што овозможени се возни својства карактеристични само за најдобрите во класата, а секако и минимална потрошувачка, но и многу леснотија при паркирањето, на што особено би се израдувале дамите возачи, кои впрочем во голем број се сопственици на актуелната C3-ка.

Солидно управување

Заедно со подинамичните возни својства оди и подиректното управување. Такво нешто навестува и самата изведба на управувачот, кој е вистински предизвик – да го грабнеш и да возиш!

C3 нуди многу повеќе забава во возењето од својот претходник, но впечаток е дека се уште не може да понуди максимално директно управување како што тоа го можат некои други автомобили од класата, кај кои максимално приоритет е даден на спортското уживање при возењето, а не кон удобноста

Многу подинамични возни својства од претходно

Citroen C3, (инаку поставен на платформа на Peugeot 207) ќе има речиси загарантиран успех кај сите кои бараат управлив и стабилен автомобили, со изразена агилност во возењето, што асоцира на многу забава во возењето, нешто што вистински недостасуваше кај претходникот.

Сепак, во однос на 207, кај C3, се чини границата помеѓу удобното и спортското возење е поместена за нијанса кон удобноста... Некако, за нашите патишта, вака би требало да изгледа компромисот – тие што се возеле во Ibiza, Mazda 3 или Fiesta на пример ќе можат да ја забележат разликата… Сепак, се работи за тоа да им биде удобно на сите во автомобилот. На патиштата во Македонија со дупки како во сирењето на цртаните со Том и Џери особено е битно автомобилот да биде удобен. Тоа со сигурност го може C3, дури и со 17-инчните бандажи кои ги имаше тест моделот.



Стабилност

C3 значително е постабилен во однос на претходникот. Во однос на стабилноста, сега веќе може и да се споредува со најспортски ориентираните модели во класата. Сепак, самата каросерија си го прави своето, па во кривините се чувствува повисоката каросерија на автомобилот.

Задоволителни перформанси

Тест моделот беше со 1.4VTi мотор, со 95 КС. Забрзувањето до стотка е за 10,6 секунди, но со избалансирана распределба на силата во сите степени на пренос, веројатно заради подобра потрошувачка, толку е максимумот на оваа комбинација на каросерија со мотор. 

Прецизен менувач

И менувачот е многу подобар од претходно, иако впечаток е дека се уште не е доволно краток и јасен како што тоа е изведено во јапонските модели од истата класа, на пример.

Вредност

Цена/Опрема

Тест моделот со ознака 1.4VTi Exclusive и со речиси се што може да се замисли од опрема чини 14.950 Повеќе за моделските изведби и нивоата на опрема на новиот C3 можете да погледнете тука.

Повисоките нивоа на опрема кај новиот C3 вклучуваат и навигациски уред. C3 е опремен и со софистицирана опрема – високо квалитетени. HiFi уред со woofer, hands-free Bluetooth, USB приклучок, но и потенциометар за избор и подесување на интензитет на мирис во автомобилот.

Иако се работи за мал автомобил. Citroen прави се, само да обезбеди екстремно високо ниво на луксуз за сите во автомобилот. Во понудата има и сензор за дожд, како и за светлина, за автоматско вклучување.


Потрошувачка

И потрошувачката во голема мера е намалена. За HDI дизелите многу е кажано, но кај новите бензинските мотори забележлива е намалената потрошувачка. Фабрички декларираната од 5,8l/100km може да се постигне, но само во услови на крајно претпазливо и дефанзивно возење. Просечната градска потрошувачка може да се движи некаде помеѓу 7,7 и 8 литри, додека потрошувачката на отворено може да падне и под 6 литри / 100 km.

Повратна вредност

Можеби од еден Citroen oд оваа класа не може да се очекува повратна вредност како кај Yaris на пример, но, ако се анализира моменталната цена на половните возила од класата, стари по 6-7 години, кога би се продавал, со сигурност, би вредел отприлика најмалку како една Corsa, Polo или Punto Evo, a сигурно повеќе од, Fiesta и Ibiza, кои бележат повеќе пад на цената после одреден број на години.

Безбедност

C3 не успеа да ги заработи очекуваните пет ѕвездички на новите, построги тестирања на Euro NCAP, што пред се се должи на послабиот резултат за заштита на пешаците и послабата безбедносна опрема во основните модели. Инаку, резултатот за заштита на возрасните патници и децата, е одличен.



За кого е овој автомобил

Ова е автомобил кај кој се битни изгледот и функционалноста. Со сета негова убавина и детали, како што можевме и ние да забележиме на тест возењето – новиот C3 мами погледи и воздишки. Би требало во голема мера да им се допадне на девојчињата или помладите дами, заради изгледот и високото седење, но никако не смее да го испуштат од план и сите оние момци кои сакаат малку поспортски автомобил, со спортски ориентиран ентериер. C3 веќе не е lady модел, туку е модел кој во сите аспекти е подобар од својот претходник и е еден од најдобрите и целосно најквалитетни во класата. 

Предности

•    Одличен компромис помеѓу удобно и спортско возење
•    Солидни перформанси од тестираниот мотор
•    Одлична звучна изолација
•    Пространа внатрешност
•    Zenith ветробранско стакло
•    Багажник во врвот на класата
•    Солидна изведба на ентериерот
•    Единствен и уникатен модерен дизајн
•    Богата опрема

Недостатоци

•    Слабо достапна рачна кочница
•    Недоволна забава при возењето
•    Бензинците се уште не се најекономични во класата




Citroën C3 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
SKODOMAN!!! ne lupaj gluposti, ne se tie ludi pa ke ostavat tebe sonceto da ti ja vari glavata, ako ima nesto vo nea za varenje. Koga moze da ima Golf od 25.000 Evra, a za tie pari mozes da kupis i red drugi vozila koi se vo povisoka klasa od nego, taka i ovaj prezentiran model na Citroen.
Напишан од Riki  пред  околу 80 месеци
Отпозади дизајнот изгледа како недовршен,однапред е супер.Внатре ми се допадна,но не ми остави којзнае каков впечаток,некако делува анемично.И за крај да кажам за една од најбитните ставки,цената е превисока за основниот модел со 1.1 моторче и 60 коњски сили? и изнесува 10.500 евра??? Па дајте,не претерувајте,со тоа моторче и таа опрема не вреди за тие пари.Ќе видите дека на македонскиот пазар нема да се продава успешно.Поздрав
Напишан од Јане  пред  околу 80 месеци
Кој сака,никој не му брани да ги вложи своите пари во автомобил што му се допаѓа.Ама за оваа шклопоција да дадеш 15000 евра,треба нешто да ти фали.Нов модел а нема 5-ка на краш тест.За тие пари се вози Меган,Астра,Голф,Фокус,Фабиа,Поло,Фиеста,I30,Cee`d,Bravo,,,,,,Бирај,но со отворени очи и вклучен калкулатор.
Напишан од Giugaro  пред  околу 80 месеци
Abe luge kakov citroen C3, za tie pari nov megan ke vozam sto vi e na vas
Напишан од Vlatcesko  пред  околу 80 месеци
VETROBRANSKOTO STAKLO NE IM CINI...... SKORO SEKGOAS LETNO VREME SONCETO KE BIDE NAD NASITE GLAVI DODEKA VOZIME..... GI NEMA ONIE KLASI4NI LEPTIRI KOI STOJAT NA KROVOT I KOI SLUZAD ZA ZASTITA OD SONCE...... DRUGO SE E SUPER AMA OVA SO GOLEMOVO VETROBRANSKO STAKLO NE IM E BAS OK!
Напишан од SKODOMAN!!!!  пред  околу 80 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 12
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил