Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Toyota Corolla повторно најпродаван автомобил во светот пред VW Golf
 
Spodeli
10 август 2016, 21:17


Toyota Corolla повторно најпродаван автомобил во светот пред VW Golf Toyota Corolla Toyota Corolla повторно најпродаван автомобил во светот пред  VW Golf
Двата најпродавани автомобили на сите времиња се воедно и два најпродавани автомобили во светот во првата половина на 2016 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Toyota Corolla веќе по којзнае кој пат се наоѓа на врвот на листата на најпродавани модели во светот – во првата половина на 2016 јапонскиот компактен седан се продаде во 643.298 примероци и покрај падот на продажбата од 1,2%. VW Golf пак имаше пад на продажбата од 1,8% и постигна бројка од 500.630 продадени примероци.

На трето место е интересно најпродаваниот пикап во САД Ford F Series, чија продажба порасна за 12,6% на 478.394 примероци, веројатно поради падот на цената на горивата – пикапите се големи потрошувачи на гориво. Ford со Focus го зазема и четвртото место, но со голем пад на продажбата од 16,4% и 367.479 продадени примероци.

Резултатите се инаку собрани од Focus2Move и се однесуваат на 140 светски пазари. Вкупно во првата половина се продадени 45,8 милиони автомобили.

Еве ја и целосната листа на 10-те најпродавани автомобили во светот за првата половина на 2016 година:

1.    Toyota Corolla - 643.298
2.    Volkswagen Golf - 500.630
3.    Ford F-Series - 478.394
4.    Ford Focus - 367.479
5.    Hyundai Elantra - 363.490
6.    Volkswagen Polo - 358.602
7.    Toyota RAV4 - 346.791
8.    Toyota Camry - 339.611
9.    Honda CR-V - 333.597
10.  Chevrolet Silverado - 307.845


Toyota Corolla
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил