Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Возачот на Шампионатот оптимист во врска со италијанскиот тим
 
Spodeli
28 јули 2016, 14:57


Возачот на Шампионатот оптимист во врска со италијанскиот тим  Возачот на Шампионатот оптимист во врска со италијанскиот тим
Себастијан Фетел вели дека останува "стрплив" за постигнување успех во Ферари....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако во медиумите се зборува за "криза" и дека техничкиот шеф Џејмс Алисон е на пат да го напушти тимот, минатата недела Маурицио Аривабене - шеф на тимот, негираше дека и возачот бр.1 Фетел може да го загуби трпението.
  
Но, во публикациите, вклучувајќи го шпанскиот весник “Марка“, го цитираат Германецот: "Генерално, трпението не е карактеристика на еден возач на трки, бидејќи тоа е спротивно на сите негови принципи.
 
"Но, за некои работи знаеме дали треба повеќе или помалку време", додаде тој пред почетокот на неговиот прв домашен Grand Prix, како возач на Ферари во Хокенхајм.
 
"Моето преминување во Ферари не беше базирано на тоа дека работите ќе функционираат само до утре. Тимот повторно се изградува, а за тоа е потребно време", изјави Фетел.
 
Дваесетидевет годишниот Фетел, изјави дека се надева дека неговото присуство во црвениот автомобил, разгорувајќи сеќавањата на најголемиот син на Германија Михаел Шумахер, ќе претставува позитивен момент за навивачите.
 
"Тоа ќе биде многу добро", одговори тој на прашањето дали тоа ќе го зголеми бројот на гледачите. "Според мене, мислам дека е навистина посебно да се вози Ферари за прв пат во Германија.
 
"Ајде да видиме дали луѓето исто така, сметаат дека тоа е посебно и дали ќе има повеќе црвени капчиња отколку сребрени", се насмевна Фетел.
 
"Хапенхајм (неговото место на живеење) не е далеку од Хокенхајм, само половина час, па ќе има многу од моето семејство и пријателите на патеката, што го прави уште попосебно.
 
"Почнав да се тркам на картинг во Валдорф, што е оддалечено само 5 километри, па тоа е како да се тркам во мојата дневна соба", додаде тој.
 
Фетел во моментов живее со својата партнерка и малолетните деца во Швајцарија, но истакна дека ништо нема да го промени неговиот "идентитет" како Германец.
 
"Се разбира, јас во моментов живеам во Швајцарија, но моето семејство и повеќето од моите пријатели се сеуште дома", рече тој.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил