Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Дали со вградување плин се оштетува моторот?
 
Spodeli
22 јули 2016, 14:31


Дали со вградување плин се оштетува моторот?  Дали со вградување плин се оштетува моторот?
Да, во одреден случај, плинската инсталација може да биде опасна за одредени делови од моторот, а најчесто страдаат вентилите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

„На плин“ најдобро функционираат моторите кои се фабрички приспособени за овој вид на гориво. Како за пример, Opel Astra 1.4T, има мотор кој е фабрички прилагоден за плинска инсталација, со тоа што се појачани самите вентили како и нивните „седишта“. Ова е потребно бидејќи напојувањето со плин воопшто нема функција за ладење на вентилите, со што обичните вентили и нивните „седишта“ се осетливи на оштетувања.
 
 
Имено, процесот кога бензинот преминува од течна во гасовита агрегатна состојба има голема потреба од кислород на висока температура од околината, односно ја лади истата. При напојувањето со плин, кој е во гасовита агрегатна состојба, во околината на вентилите остануваат големи количества неискористен кислород со висока температура.
 
Кога на моторот веќе му е „наложено“ да работи со вишок топол кислород, неизбежно е вградување на квалитетна инсталација со подесувачки параметри во зависност од самиот агрегат и поставеноста на вентилите, која ќе вбризгува моторно масло на вентилите за додатно ладење. Исто така, потребно е на секои 20.000 километри да се подесува растојанието на вентилите.
 
Пред да вградите плински уред во вашето возило, сериозно размислете за горенаведеното, за трошоците за поправки да не се изедначат со заштедата на бензинската пумпа. Ризиците се најмали ако купите квалитетна опрема со соодветен систем за ладење на вентилите со моторно масло.
 
Наш совет е да не ризикувате со ефтина или несоодветна опрема, бидејќи ако дојде до менување вентили - возењето на плин скапо ќе ве чини.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил