Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Formula Е болидите ќе се тркаат по улиците на Њујорк
 
Spodeli
20 јули 2016, 14:34


Formula Е болидите ќе се тркаат по улиците на Њујорк  Formula Е болидите ќе се тркаат по улиците на Њујорк
Formula Е, шампионaтот на електрични тркачки болиди, склучи договор за трка во Њујорк следната година – остварување на амбицијата која долго време беше во рацете на Formula 1...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Formula Е, шампионaтот на електрични тркачки болиди, склучи договор за трка во Њујорк следната година – остварување на амбицијата која долго време беше во рацете на конвенционалниот еквивалент, Formula 1, за да се одржи настан спроти хоризонтот на Менхетен.
 
Властите на Њујорк и Федерацијата Federation Internationale de l’Automobile (FIA), светско управно тело за моторни спортови - треба да потпишaт за трка во сеуште непозната локација во градот.
 
Сепак, организаторите на трката велат дека хоризонтот на Менхетен ќе биде како позадина - во согласност со стратегијата за Formula Е за одржување на трки на улиците на градот, за да обезбеди што повеќе атрактивни слики за ТВ публиката и подобар пристап за гледачите.
 
"Потребен е добар видик", изјави Alejandro Agag, главен извршен директор на Formula Е. 
 "За тоа ни треба центарот на Њујорк".
 
Со години, Берни Еклстоун, шефот на Formula 1, сакаше да се трка со бензински автомобили низ центрите на градовите, но наиде на несовладливи тешкотии при затворање на прометните патишта.
 
Се покажа дека е полесно да се убедат градовите да направат пат за Formula Е, бидејќи трките се одржуваат во текот на еден ден и тоа со тивки електрични автомобили, а тоа предизвикува далеку помалку вознемирување.
 
Започната во 2014 година, Formula Е беше замислена како шоу-спорт, како и за тестирање на технологијата на електрични автомобили, со трки кои се одвиваат на привремени улици во места како што се Париз, Берлин и Буенос Аирес.
 
Вклучувањето на Њујоршката трка најверојатно ќе бара да се обезбеди поголема финансиска „инекција“ за приватниот бизнис на Formula Е, кој продолжува да брои загуби во својата втора сезона и се среќава со голема доза на скептицизам за овие трки.
 
Според Companies House, холдинг компанијата на Formula Е направи загуби пред оданочување од 43.8 милиони фунти во сезонската година што завршува на 31 јули 2015 година, споредбено со приходите од 14.8 милиони фунти. Г-дин Agag, изјави дека се додека приходите се "мултиплицираат" во 2016 година, Formula E нема да пропадне ниту до почетокот на следната година.
 
 
Новата американска трка се очекува да помогне и во неутрализирање на можните загуби на трките во некои други големи градови следната сезона - вклучувајќи го и Лондон и Москва - за одредени потешкотии со жителите и локалните власти. 
 
Agag изјави дека поголемиот дел од градовите плаќаат надомест во милиони да бидат домаќин на трката, со тоа што Formula Е ќе добие дополнителни приходи и преку спонзорства. Компаниите, како Visa, DHL, Qualcomm, Michelin, и TAG Heuer ја поддржуваа серијата во изминатиов период.
 
Во март 2015 година, Liberty Global и Discovery Communications - медиумските групи кои се контролирани од милијардерот Џон Мелоун, откако се обидоа да купат Formula 1 - зедоа необјавени акции на Formula Е, пријавени колку за една третина.
 
Меѓу големите производители на автомобили кои ќе учествуваат се: PSA Peugeot Citroën и Audi. Tata Motors’ Jaguar се согласи да се приклучи кон серијата следната сезона. Agag, изјави дека во моментов е во преговори со три до четири други производители на автомобили, со цел да се се приклучат на серијата електрични автомобили во текот на следните две години.
 






Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
 
 






Одберете нов автомобил