Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Како правилно се менува тркалo на автомобилот?
 
Spodeli
18 јули 2016, 15:58


Како правилно се менува тркалo на автомобилот?  Како правилно се менува тркалo на автомобилот?
Навидум многу е лесно, но постојат неколку „ситници“ кои доколку не ги знаете, доведуваат во опасност...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Менувањето на тркало на возилото, било во случај на нужда или подновување е лесен процес, кој бара огромно внимание и одговорност. За почеток, добро закочете го автомобилот, а за додатна сигурност додадете по два подметнувачи од по двете страни на тркалата кои остануваат во контакт со површината.
 
Важно е пред да ја кренете едната страна со дигалка да ги подотштрафите малку штрафовите на бандажот. Тие често се запекуваат, а најлесно се олабавуваат со нагло клатење на возилото, што не смее да се прави додека тркалата се во воздух.
 
При поставување на дигалката, внимавајте да биде на тврда и апсолутно хоризонтална површина со што би стоела правилно вертикално под агол од 90 степени во однос на „асфалтот“. Откако ќе го подигнете автомобилот, одвртете ги штрафовите до крај и извадете го тркалото.
 
Додека тркалото е извадено во никој сличај не се подвлекувајте под возилото и не си дозволувајте да се потпрете со раката под возилото, бидејќи тоа во случајов е екстремно опасно.
 
При поставување на новото тркало(резервно, ново…), прво намесете ги штрафовите рачно во своите „жлебови“, а потоа достегнете ги со клуч во неколку чекори со „крстна распределба“, пр: ако станува збор за четири штрафа - горе, доле, лево ,десно, а не горе, десно, доле, лево. 
 
Пред да се спушти возилото на земја, штрафовите треба добро да се затегнат за да се правилно центрирани во лежиштето. Откако ќе го спуштите возилото, до крај затегнете ги штрафовите.
 
Најважно: 
 
      -    добро прицвстете ги тркалата од другата страна на возилото
      -    олабавете ги штрафовите додека возилото е сеуште на земја
      -    внимавајте да не ви биде раката под возилото додека е дигнато
      -    новото тркало заштрафете го со распределба на заштрафување како крст 
      -    достегнете ги штрафовите откако ќе го спуштите возилото.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил