Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
 
Spodeli
09 јуни 2016, 13:10


Golf 1.9 TDI или 308 2.0 HDi? Peugeot 308 Golf 1.9 TDI или 308 2.0 HDi?
Два половни автомобили, иста цена, слична кубикажа, но различен производител. Но дали е сеедно кој ќе го купиме?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дали да веруваме во чаршискит муабетите или да споредиме конкретно? Еве кратка koli.com.mk споредба и за конкретните автомобили, но и мал водич при купување на половен автомобил. 
 
 
Кога треба да изберете половен автомобил, пред се, проверете ја состојбата на автомобилот, тоа се знае. Обрнете внимание на бојата која треба да е фабричка, како и на споевите на вратите, „крилата“ и браниците, за да увидите дали возилото учествувало во сообраќајка. Треба да се провери работата на сите битни системи, од електроника до хидраулика и секако, при краен избор помеѓу повеќе автомобили, да се избере моделот кој е во подобра состојба, а не тој со пониска цена. 
 
Мерењето на компресија на ладен мотор, многу „зборува“ за состојбата на моторот. Ако е во добра состојба, притисокот на компресија треба да биде ист за сите четири цилиндри, и да изнесува 30 бара или повеќе. Под 28 е лошо, а ако притисокот е помал од 27 бара тогаш на моторот му треба сериозна репарација.
 
 
Квалитетот на возилата, нивната секојдневна употребливост и цената на одржување ќе ги опишеме во неколку потточки:
 
1. Во однос на квалитетот на возење, 308ката вози порафинирано, и во однос на удобноста, и во однос на бучавата на моторот.. А кога станува збор за динамиката во возењето сите веднаш помислуваме на Golf-от, но, во конкретниов случај, не би требало да е така. Peugeot 308 ја има добиено наградата за волан на годината во 2014 година, а тоа доволно зборува за тоа каква динамика на возење нуди. За удобноста, не треба многу коментари. И ова Peugeot, како и многу други, е крал на удобноста - создава чувство како да се возите во автомобил од повисока класа.
 
2. 308-ката може да се пофали со помала потрошувачка на гориво за околу половина литар во однос на Golf-от, и кај основните дизели, ама и кај посилните мотор.  Како додаток на ова, чувството на моќност на моторот при забрзување, значително повеќе се јавува кај овој францускиот „дизел“.
 
3. Кога станува збор за чувството во ентериерот, Peugeot 308 излгеда помодерно, и со препознатливите 3 округли инстументи еден до друг,  има свој визуелен идентитет.
 
4.  2.0 HDi моторите се покажаа поквалитетни од 1.9 TDI на Volkswagen, што значи поретка посета на сервис и помалку трошоци за одржување.
 
 
Заклучок
 
Peugeot 308 супериорен во однос на Golf V на негов терен, - онаму аде што се очекува „германецот“ да е најдобар, во возни својства и доверливост. За префинетоста и удобноста во возењето, 308 се уште е кралот во класата... - имате чувство дека се возите во класа поголем автомобил.
 
Интересно, на пазарот на половни автомобили, ќе видите дека цените за двете возила се слични. Препорака во случајов секако е Peugeot 308!

Peugeot 308
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил