Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Со својот Tesla Model X завршил во ѕид, а за тоа го обвинува автопилотот
 
Spodeli
08 јуни 2016, 14:29


Со својот Tesla Model X завршил во ѕид, а за тоа го обвинува автопилотот  Со својот Tesla Model X завршил во ѕид, а за тоа го обвинува автопилотот
Од Tesla, како што велат поткрепени со факти, вината му ја препишуваат на возачот. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сопственикот на возилото, чија сопруга возела во моментот на несреќата, својата страна од „приказната“ ја објави на форумот на Tesla, тврдејќи дека возилото автономно забрзало без никакво предупредување и поминало преку многу растенија и тревна површина пред да удри во ѕидот.
 
Сепак, во излагањето на “Electrek”, Tesla целата вина ја препишува на возачот: - „ја анализиравме дата-базата на возилото, со што се потврдува дека овој Model X оперирал мануелно, а автопилотот не бил пуштен во моментот на несреќата, како и времето пред тоа. Податоците покажуваат дека возилото се движело со 9,6 км/ч кога педалата за гас била нагло притисната на 100%.“
 
 
Според овие информации, отприлика може да се претпостави што навистина се случило. Најверојатно, возачот ја притиснал педалата за гас мислејќи дека стапалото му е на кочница, а со екстремното забрзување на Model X, доволно било само едно „нагазување“ на акселераторот до 100%.
 
Претпоставуваме дека “autopilot” - опцијата која ја има во сите современи модели на Tesla Motors, сопственикот ја искористил и увидел шанса да ја обвини компанијата за оваа „смешна“ несреќа.
 
И покрај аргументираното излагање на Electrek, сопственикот сеуште се држи до својот став дека неговата 45-годишна сопруга е искусен возач кој не би направил таква банална грешка и ги повикува „одговорните“ од Tesla да му одговорат на прашањето дали педалата за гас сама се повлекува кога возилото е во “Autopilot-mode”.
 
Видео од автомобилот по сообраќајката:
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил