Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Мојот Daewoo Lanos се вивна во оган заради глупава грешка што ја прават сите
 
Spodeli
08 јуни 2016, 11:55


Мојот Daewoo Lanos се вивна во оган заради глупава грешка што ја прават сите  Мојот Daewoo Lanos се вивна во оган заради глупава грешка што ја прават сите
Приказна за човек чиј Daewoo Lanos тотално изгорел заради банална работа што сите ја прават...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

- „Многу бев среќен кога го добив автомобилот за подарок. Колега на мајка ми го имаше веќе долго време, но воопшто не го возеше, - всушност не беше запален седум години. Автомобилот не беше во возна состојба, но требаше само замена на пумпата за гориво. 
 
Со мојот другар го поправивме и го паркиравме надвор во мојот двор. Чекавме да помине зимата па да го тјунираме и да го возиме новиот(барем за мене) автомобил. Но, не испадна се по планот.
 
 
Во местото каде што живеам, улицата е веднаш до дворовите, па некој во возење фрлил отпушок на мојот Lanos. Во моментот никој не беше дома. Кога дошол татко ми веќе цело возило горело, а оганот почнал да го зафаќа десното задно тркало од неговиот Ford-камионет. За среќа веднаш го згаснал оганот што почнал да го зафаќа фордот, а пожарникарите стигнале за десет минути и го изгасиле моето возило(ако може така да се карактеризира). 
 
По пожарот се зачудивме од што може да настане и детално го разгледавме мојот опожарен автомобил. Причината за пожарот беше отпушок кој некој возач го фрлил низ прозор без да размисли што може да се случи.“
 
 
Оваа ситуација можела да биде и многу полоша, доколку се запалел камионетот, бидејќи од другата страна била куќата. Не дај боже можело и некој да настрада. Затоа пушачи, по можност не пушете цигара додека возите. Ако веќе морате, гасете ја во пепелникот… - сепак секое возило го има.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил