Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > 6 најефтини автомобили со максимална брзина од над 320 км/ч
 
Spodeli
06 јуни 2016, 14:36


6 најефтини автомобили со максимална брзина од над 320 км/ч  6 најефтини автомобили со максимална брзина од над 320 км/ч
Максималната брзина можеби е една од најнебитните работи кога станува збор за возењето во Македонија, но доколку често патувате и сте љубители на ултра-високи брзини тогаш еве ви ги најефтините автомобили чии максимални брзини ја надминуваат бројката од 320 км/ч....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

1. Mercedes SL55 AMG, кој достигнува 334км/ч со изваден лимитер може да се најде за 16.500 евра. Придвижен е од 5,4 литарски V8 мотор со 500 коњски сили. 
 
 
 
2. BMW M5 (E60) е безусловно најпрактично возило со кое можете да ја надминете границата од 320км/ч за цена нешто пониска од 18.000 евра. Без фабричкото ограничување на 250км/ч, М5 достигнува и до 330км/ч, а за тоа е најзаслужен V10 моторот.
 
 
 
3. Audi RS6 C6 twin turbo V10 со 571КС, во времето на својата премиера бил најмоќниот модел на Audi. Ако за него одвоите 32.000 евра може да го возите и до 320км/ч.
 
 
 
4. Chevrolet corvetteZR1, придвижен од 6,2 литарскиот V8 мотор кој испорачува 638 КС е одличен избор за надминување на брзина од 330км/ч. Цената за овој автомобил во САД е 50.000 евра, а за да ви го достават во европа треба да одвоите уште додатни 15.000 евра. 
 
 
 
5. Bentley Continental GT speed - за само 50.000 eвра добивате луксузен автомобил чија максимална брзина изнесува 325км/ч. 6-6литарскиот W12 мотор испорачува 600КС. 
 
 
 
6. Dodge Viper SRT-10 е втората опција што “ни ја нуди” Америка. Купе верзијата ја достигнува бројката од 325км/ч, а на цената од 50.000 евра, исто како и за “Корветата” треба да се додаде сумата од 15.000 евра за давачки. 
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил