Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > 6 работи за моторните масла кои досега не сте ги знаеле
 
Spodeli
02 јуни 2016, 15:19


6 работи за моторните масла кои досега не сте ги знаеле  6 работи за моторните масла кои досега не сте ги знаеле
Моторот на возилото е составен од десетици метални парчиња. Но за некое од нив да не направи БУМ, потребно е соодветно моторно масло....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

1. За што служи моторното масло?
 
Постојат неколку причини зашто треба да го обезбедувате моторот со масло. Како прва и најважна причина, моторното масло ги подмачкува различните моторни делови, бидејќи ако не се добро подмачкани, се создава директна тракција метал со метал, а моторот може да загрева или во полош случај да “зариба”. Исто така, моторното масло ги задржува сите непотребни продукти од согорувањето. 
 
 
Накратко кажано, со редовно менување на маслото заштедувате пари за поправки, а добро подмачкан мотор и помалку троши. Маслото треба да се менува според упатството од производителот, во коенајчесто ќе ја сретнете бројката од 10.000 километри.
 
2. Што значат буквите и бројките на налепницата 
 
Моторните масла се рангирани според два критериума: вискозитет на ладно и вискозитет на жешко. Овие рејтинзи се наведени на пакувањето и ви даваат податоци како маслото ќе работи при ладни палења во зимски услови, како и густината што ќе ја задржи во ултра-жешки услови.
 
 
Првата бројка “залепена” за буквата “W”(што се однесува на winter-зима), го означува рејтингот на маслото на ниски температури. Колку тој број е помал, на толку пониска температура маслото може да функционира. Ако бројот е многу висок, на смрзнувачки температури, маслото многу ќе се згусне, а автомобилот може да не запали воопшто.
 
Втората бројка ја означува вискозноста на маслото, тестирана на температура еднаква на температурата на која работи моторот. Што поголем број, толку маслото е погусто. Ако често возите брзо, го “турирате” автомобилот, или пак влечете приколка, тогаш сакате оваа бројка да биде што поголема.
 
3. Што е разликата меѓу синтетички и минерални масла?
 
 
Минералното масло во главно е скоро исто како кога ќе се извади од земја, додека синтетичкото е дестилирано и разградено до основните молекули. Тоа потоа може да се врати во првобитна форма, со молекули “скроени” по точни мерки за најдобри резултати. Минералните масла се поефтини, но не се прочистени и не даваат исти резултати во однос на квалитетот на подмачкувањето.
 
4. Синтетичкото масло е повеќе од масло
 
Интересна работа е тоа што паметните научници му имаат додадено одредени адитиви на маслото со кои тоа се здобива со комплетно нови својства како што се: анти-оксидациско, анти-’рѓосувачко и секако својството маслото и по исклучувањето на моторот да остане на истото место(да не се слева).
 
5. На маслото почнуваат да му додаваат метални честички
 
 
Звучи контра-продуктивно, но некои компании имаат голем успех со додавање на титаниум во маслото. Ситните титаниумови честички се задржуваат на металните делови и овозможуваат да остане барем мал слој на масло по исклучувањето на моторот, со што при палењето на моторот му треба помалку време да се подмачка.
 
6. Со додавање на магнетни честички се намалува степенот на истрошеност на металните делови
 
Слично како додавањето титаниум, магнетните честички како адитив функционираат така што по исклучувањето на моторот остануваат “прилепени” на металните делови, со што при палење веќе има тенок слој од моторно масло и моторот не работи “на суво”.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил