Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Супер автомобили > 8 факти за новото Bugatti Chiron што ќе ве остават со подзината уста
 
Spodeli
31 мај 2016, 12:17


8 факти за новото Bugatti Chiron што ќе ве остават со подзината уста  8 факти за новото Bugatti Chiron што ќе ве остават со подзината уста
Именуван според митолошки кентаур, наследникот на моќниот Veyron, следниот напаѓач на титулата за најбрз фабрички автомобил на светот… Дами и господа, новиот Bugatii Chiron!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот автомобил на француската супер-спорт марка за прв пат беше претставен на саемот за автомобили во Женева. Дозволете ни да ве запознаеме со комплетно новиот Chiron преку 8 вчудоневидувачки факти.
 
 
Има 1500 коњски сили
 
Да, добро прочитавте. Коњаницата на оваа машина брои 1500! Овие бројки на прв поглед изгледаат премногу за возило кое може сосема легално да се вози по улиците. Но, и покрај таа бројка, од Bugatti велат дека при било која брзина бозачот има контрола на возилото. Кога станува збор за вртежниот момент, Chiron отчитува 1600 Nm кои се на располагање во опсег од 2000 до 6000 вртежи во минута. Најголем удел во овие бројки има 8.0 литарскиот W16 мотор. Овој мотор има 32 вбризгувачи на гориво и значително намалена маса од претходникот во Veyron. При максимално “цедење” вшмукува 60.000 литри воздух во минута.
 
Речиси целосно изграден од карбонски влакна
 
Карбонските влакна на овој неверојатен автомобил се од оној вид/квалитет кој што се употребува во изградбата на каросеријата на професионалните тркачки автомобили. За прв пат дури и задниот дел на автомобилот е направен од карбонски влакна, а дури и капакот за воздшното перниче е изграден од ваков материјал.
 
 
Целосно нова адаптибилна шасија
 
Chiron е првото Bugatti кое “ужива” адаптибилна шасија, нешто што му ги поместува границите на G - силите во свијоците и му дава поголема стабилност при големи брзини… -навистина големи брзини! Нуди 5 различни програми на возење, а контакт со асфалтот остварува преку уникатни Michelin гуми, направени специјално за овој суперавтомобил. Името на кочниците што ги користи е Formula One-grade, а самото тоа ни кажува колку тркачки ориентирано е ова возило.
 
Максималната брзина на Chiron e 420 км/ч… Или?
 
Максималната брзина на овој суперавтомобил е 420 км/ч, бројка незначително поголема од онаа на неговиот претходник. Токму така, со 1500 КС, за 500 повеќе од Veyron, од Chiron  се очекува повеќе. Да, повеќе е! 420 км/ч е лимитираната брзина од Bugatti, бидејќи повеќе би било премногу за на јавни патишта. Од автомобилската компанија сеуште немаат излезено со податок за максималната брзина без граничник. Забрзувањето до 100 км/ч изнезува 2,5 секунди.
 
Екстравагантен луксуз
 
Иако станува збор за суперавтомобил, Chiron не може да се пофали и со други адути освен “бројките”. Луксузот во внатрешноста на автомобилот е на ниво на најпрестижните седани, а логото на автомобилот е направено од најквалитетно сребро.
 
 
Дизајнот ретроспектира кон првите Bugatti автомобили
 
Дали забележувате нешто кај Chiron што ве потсеќа на неговите “предци”? Сосема е во ред и да не забележите. Chiron не е толку ретро-носталгичарски дизајниран како Мустангот со скоро идентични штоп-светла или како BMW со дводелната предна маска. Но сепак, идејата за дизајнот и дел од линиите се се инспирирани од многу стари модели на истиот бренд.
 
 
Основната цена му е 2,4 милиони евра
 
Цената на овој автомобил бара второ читање, бидејќи тоа се премногу пари за да поверуваме од прва. Сакате едно? - застанете во редот. А пред тоа “пожелно е” да “ограбите банка”.
 
Ќе се произведат само 500 возила
 
Како и сите претходни модели на Bugatti, и Chiron ќе биде екстра-лимитирана серија. И покрај вискоата цена, третина од вкупната бројка на возила се распродадени, а се очекува да бидат доставени следната есен.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Супер автомобили



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил