Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Daihatsu Terios
 
Spodeli
16 јуни 2010, 05:49


Тест - Daihatsu Terios Daihatsu Terios Тест - Daihatsu Terios
За тие што не знаат, Daihatsu е најстарата марка на автомобили од Јапонија, факт кој не може да се занемари, особено заради почитта на Јапонците кон традицијата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Денес, компанијата Daihatsu е во сопствеништво на гигантот Toyota и се ориентира на производство на мали возила... Но, не само градски, како кај другите производители. Daihatsu прави и минијатурен кабрио двосед, и секако мал теренец, кој го имавме на тест. Она што нам главно не интересираше пред тестот на Terios е прашањето дали се работи за уште еден шминкер во класата, кој се крие зад своите квази-теренски својства, или сепак се работи за возило кои може да скршне од асфалтот? Изненадувачки или не, Terios одговори мошне позитивно на нашите теренски барања...

Изглед

Надвор – и симпатично и робусно


Она што недостасуваше кај претходната генерација беше секако дизајнот. Кутиестата форма премногу ја откриваше високата каросерија, па затоа стариот Terios изгледаше и малку незграпно...

Но, проблемот со убавината кај новиот модел е сосема солидно решен. Без многу креативност, а веројатно инспирирани од поголемиот RAV 4 на Toyota, дизајнерите на Daihatsu склопиле симпатичен мал теренец. Насмеаната предна маска, заедно со широките калници и високо поставените задни светла, му даваат поспортски карактер на возилото. Можеби нема ништо различно или екстравагантно во дизајнот, но кај Terios има целина. Иако е меѓу постарите модели во класата, Terios релативно добро се носи со поновите модели, како на пример Urban Cruiser на сестринската Toyota.



Ентериер – малку застарен во однос на конкуренцијата

Дизајнот на ентериерот е пред се просечен, но затоа постигната е висока функционалност. Дизајнерите се потрудиле преку трите кружни аналогни инструменти и сребрено обоената средна конзола да му дадат повеќе карактер на ентериерот, но во поглед на дизајнот, очигледно е дека конкуренцијата веќе нуди помодерен дизајн на внатрешноста.

Ергономијата е на високо ниво


Иако дизајнерски нема да освои награди, предната конзола е одлично изведена во однос на ергономијата. Сите команди се логично изведени и се на дофат на раката, а лесно се наоѓа и вистинската позиција зад управувачот.

Практичност во мало пакување

Поради значително високата каросерија, правилниот надворешен облик и можноста за спуштање на задната клупа, Terios добива висока оценка за практичноста. Со спуштање на клупата, се добива рамен простор, каде можат да се внесат и многу големи предмети.

Простор за ситници низ кабината има во доволен број, но забелешка е тоа што ниту еден од нив не импресионира со својата големина.

Комфор

Удобноста не е на највисоко ниво

Робусното подвозје, инаку наменето и за возење по терен, овозможува просечна удобност при  возењето, со карактеристично високото седење. Кај Terios особено се забележливи лулањата лево-десно во кривина.

Седиштата се стандардно удобни за ваков автомобил, со напомена дека не овозможуваат добра странична поддршка. На задните седишта забележлив е големиот агол на поставеност, со што се може да се добие и полулежечка позиција.

Моторот е тивок, но затоа влегува многу звук од ветерот и гумите


Малиот бензинец во Terios е добро придушен и се слуша позначително само при нагли забрзувања, но затоа во кабината влегува премногу звук од ветерот и гумите, посебно на повисоки брзини.

Прегледност


Високото седење е добредојдено кога е во прашање прегледноста. Од повисоко секогаш се гледа подобро, а правилните линии во надворешниот дизајн на Terios, како и големите ретровизори дополнително придонесуваат за одличната прегледност. Веројатно затоа многу дами возат Terios.

Квалитет

Изработката и квалитетот на материјали прилично изненади, во позитивна смисла. Сепак се работи за Јапонци, да не заборавиме. Кај Terios се е грижливо склопено, секој допир со влева чувство на доверба, на квалитет. Во некои делови се забележува дури и користењето на компоненти од Toyota…За цената по која се нуди, Terios нуди солиден квалитет.



Простор

Напред
На предните две седишта простор има на претек, благодарение пред се на повисоката каросерија.

Назад
Назад просторот е ограничен во ширина, па евентуалниот трет патник би требало да има проблем да се смести помеѓу другите двајца. Сепак, просторот за колената и главата е на високо ниво. Веќе споменавме, позади е комфорно заради аголот на поставеност на задните седишта.

Багажник
Капацитетот на багажникот изнесува извонредни 380 литри, со оглед на малите надворешни димензии на автомобилот (должината од само 406 cm). Дополнителен плус оди и на фактот што истиот е и целосно употреблив, а како единствен недостаток би можел да се наведе малку повисокиот раб на товарање... Сепак, се работи за SUV автомобил.

Возни својства

Моторот на тест моделот не успеа да не импресионира со своите перформанси, а ниту подвозјето дозволува брзање во кривина. Затоа, теренските возни својства се на највисоко ниво, ако се спореди Terios со останатите мали SUV модели (Suzuki SX4, Toyota Urban Cruiser, Kia Soul, Skoda Yeti...)!

Солидно управување

Управувањето е солидно како за автомобил од оваа класа. Единствена замерка е што управувачот бара премногу вртење, што посебно е непрактично при паркирање. Од друга страна, кругот на свртување на автомобилот е исклучително мал, што е некарактеристично за SUV, и секако за поздравување.

Послаба возна динамика


Она што секако му недостасува на Terios е возна динамика – се однесува како потежок и повисок автомобил и не сака многу брзи промени на правецот на движење. Во секој случај, погонот на сите четири тркала во голема мера му помага на возачот да го задржи автомобилот, посебно во услови на лизгав пат.

Високата каросерија ја ограничува стабилноста

Јапонските инженери се потрудиле да извадат максимум од автомобилот кога е во прашање стабилноста, секако во рамките на тоа што ваква каросерија дозволува. Автомобилот е прилично тесен и висок. За повеќето возачи, Terios се однесува исклучително безбедно и стабилно, но само без претерување – физичките закони и тоа како се чувствуваат кај овој автомобил.

Теренски возни својства


Онаму каде Terios брилира, ако го споредиме со конкурентите, се возните својства на терен. Малиот Јапонец исклучително лесно го поминува препреките, како да се работи за некој чистокрвен теренец! Доказ за тоа е и учеството на Terios на многу off-road релија низ светот и Македонија, каде малиот Јапонец се натпреварува со многу докажани теренци!
За добрите својства на терен, заслужен е пред се погонот на сите четири тркала со заден полулизгачки диференцијал, кој недостасува кај конкуренцијата.

Просечни перформанси

Од 1,5 литарскиот бензинец со 105 КС не смее да се очекуваат чуда, посебно ако се знае дека треба да погонува четири тркала и висока и каросерија со низок коефициент на аеродинамика. Овој мотор на Terios ги сака високите вртежи, впрочем како и речиси секој јапонски бензинец, кога покажува заби и спремно потегнува напред. Иако навидум послаб, со оглед на намената на возилото, се чини дека од овие 105 КС на Terios и не може да се очекува повеќе.

Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 12,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 160 km/h. Сосема доволно за еден градски ориентиран SUV.

Прецизен менувач

Менувачот е прецизен и рачката лесно лизга низ степените... Не е како најдобрите од Јапонија, но менувањето брзини не претставува некој напори и отскокнува дури и во споредба со некои пореномирани марки на автомобили, кои мака мачат со изработка на добар менувач.

Вредност

Цена/Опрема

Повеќе за моделските изведби и нивоата на опрема на новиот Terios можете да погледнете тука.

Цената на тестираниот примерок, со SX Plus ниво на опрема, изнесува 19.470 евра со попуст. Со оглед на опремата, која вклучува четири воздушни перничиња, ABS+EBD+BAS, автоматска клима, 16 инчни алуминиумски тркала, радио со CD+MP3, затемнети стакла итн. цената не е висока, посебно ако тука се вклучи и погонот на сите четири тркала. Да не заборавиме, гаранцијата изнесува цели 5 години или 150.000 поминати километри.

Сепак, факт е дека има конкуренти кои имаат поконкурентни цени, рака на срце, со погон само на предните тркала и секако многу ограничувачки можности на терен.



Потрошувачка

Високата каросерија и погонот на сите тркала, го земаат данокот кога е во прашање потрошувачката. Според фабричките податоци, просекот изнесува 7,7 литри, додека потрошувачката во град изнесува 9,5 литри, односно 6,6 литри на отворено. Интересно, реалните бројки се многу блиски до фабричките, но потрошувачката и натаму е висока, посебно по денешните стандарди.

Повратна вредност

Иако има висока репутација на странските пазари, Daihatsu како марка се уште нема висока вредност и имиџ и кај нас. Кај Terios, секако не треба да се очекува цената да паѓа како кај корејските автомобили, но сигурно ќе паѓа повеќе отколку кај другите јапонски или реномирани европски конкуренти.

Безбедност

На тестирањата на EuroNCAP, Terios заработи солидни четири ѕвездички, по стариот систем на тестирање. Од безбедносната опрема, во основниот модел има 2 воздушни перничиња, ABS+EBD+BAS и безбедносни појаси со автоматско дозатегнување.

За кого е овој автомобил

Врвни возни својства на терен, пространа внатрешност, голем багажник... Не е тешко да се погоди за кого е овој автомобил. Сите желни за авантури и одење на места на кои не биле досега, во пократкиот список треба да го имаат и Terios. И покрај своите недостатоци, малиот Јапонец може да послужи и како градско возило, спакуван во релативно модерен дизајн. Во неговата класа, тој е единствениот модел кој нуди мешавина на погоре споменатите карактеристики.

Предности

-    Одлични теренски возни својства
-    Погон на сите четири тркала
-    Пространа внатрешност
-    Голем багажник
-    Солидни материјали и добра завршна обработка
-    Добра ергономија
-    Тивок и добро избалансиран мотор
-    Солидни перформанси
-    Мал круг на свртување
-    Богата опрема


Недостатоци

-    Просечна удобност
-    Бука при повисоки брзини
-    Послаби возни својства на асфалт
-    Висока потрошувачка на гориво




Daihatsu Terios
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Dajte mi edno Teriosce da go ja izvozim po Osogovskite planini i ke vi kazam dali vredi, Lada Niva vozim veke 15 godini taka da imam dovolno iskustvo, pa togas ke komentirame. Naravoucenie: dodeka ne probas ne komentiraj....
Напишан од SPASE ALEKSOVSKI  пред  околу 74 месеци
TOJ STO VO ZITOTOT VOZEL SAMO LADA NEMOZE DA KOMENTIRA TERIOS ETERNSKO VOZILO STO MOZAT DRUGITE SAMO DA POZAVIDAT
Напишан од MARJAN  пред  околу 75 месеци
NOVINARITE LAZAT SESTO NEMOJ DA IM VERUVAS
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 82 месеци
NOVINARITE LAZAT KIRE NEMOJ DA IM VERUVAS
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 82 месеци
obratno.e so TERIOS KE TE VADAT SO TENK A LADA NIVA VEDNAS IZLEGUVA.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил