Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тато, тато, ќе ми купиш ли Џип?
 
Spodeli
28 октомври 2009, 13:44


Тато, тато, ќе ми купиш ли Џип? Toyota Urban Cruiser Тато, тато, ќе ми купиш ли Џип?
Најновиот и најмал “теренец” на Toyota, Urban Cruiser, доаѓа како замена за тровратниот RAV4, кој беше омилен на младите, посебно на девојките. Koli.com.mk на тест ја имаше верзијата со погон само на предните тркала и бензински мотор. Ја продолжува ли и овој модел успешната SUV приказна на Toyota? ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Toyota, своите почетоци во автомобилизмот, ги имаше токму со оф-роуд возила. Land Cruiser стана икона во светот на теренците и е синоним за издржливост, робусност и проодност врз секаков терен. Репутацијата за ваквите возила, Јапонците ја искористија да го лансираат RAV4, модел кој беше пред се наменет за помладите и за оние кои не сакаат да го валкаат во кал својот автомобил, а го сакаат имиџот на џип. Најновиот и најмал “теренец” на Toyota, Urban Cruiser, доаѓа како замена за тровратниот RAV4, кој беше омилен на младите, посебно на девојките. Koli.com.mk на тест ја имаше верзијата со погон само на предните тркала и бензински мотор. Ја продолжува ли и овој модел успешната SUV приказна на Toyota?
 
 
Каков е однадвор  
На младите купувачи најважен им е изгледот. Затоа, Јапонците се потрудиле овој мал SUV да изгледа модерно, робусно и спортски. Интересно, го карактеризира кутиеста форма, а Urban Cruiser изгледа свежо и весело, па дури и моќно. Најголем доказ за тоа се изненадувачки многуте заинтересирани минувачи, кои во текот на нашето тест - возење не ретко поставуваа прашања каков е овој “џип”...
 
 
За таквиот изглед е пред се заслужен предниот дел, каде доминира големиот браник, кој изгледа како да е позајмен од некој поголем теренец. Предните светла се помали, дополнително нагласувајќи ја големината на предната маска. За спортскиот изглед, заслужен е и долниот заштитен дел, во изглед на дифузор на воздухот.
 
И задниот дел изгледа како да е позајмен од некој поголем автомобил, за што повторно се заслужни големиот браник, долниот дифузор, малото стакло и малите светла. Големите тркала, поголемата оддалеченост од подлогата од обичен автомобил и малите странични стакла, дополнително ја нагласуваат робусноста во дизајнот, заокружувајќи една целина на вистински мал SUV автомобил.
 
Каков е внатре  
Традиционално за Toyota – многу простор за патниците, многу места за одлагање ситници, добра ергономија и одлична практичност, но и малку дискутабилен дизајн на предната конзола – наменете сигурно за 18-годишниците... Уште пластиката да беше на ниво на секоја Toyota...
 
Простор 
И покрај малите димензии (должина од само 3,93 метри), во Urban Cruiser комфорно можат да се сместат пет возрасни патници. Простор на претек има и на предната и на задната клупа, дури и кога предните седишта со во крајната задна положба.
 
Назад, комфорно е седењето и за третиот патник, бидејќи го нема карактеристичниот тунел во средината, одлика и на Auris. Задната клупа може и да се лизга напред назад, а наслоните можат да се навалат – чиста петка за функционалноста! Едно е сигурно - патниците нема да останат жедни – во внатрешноста има дури осум отвори за пијалаци!
 
Доколку задните седишта се турнати во крајната положба, багажникот може да собере 314 литри, а доколку се турнат напред одлични 388 литри. Со спуштени седишта, големината расте и до 749 литри. Со оглед на надворешните димензии на возилото, багажникот целосно задоволува со својата големина.
 
 
Удобност 
Urban Cruiser изненади со удобното возење. Меко поминува врз честите нерамнини на нашите патишта, а некому единствено може да засмета звукот од подвозјето, при премин врз некоја поголема дупка.
 
Новиот 1,33 литарски бензинец е потивок од претходникот (1,4, кој го возевме во Auris), но и понатаму е гласен при повисоките вртежи, во услови на градско возење. На отворен пат, прилично се слуша звук од ветерот, додека моторот е тивок, што најмногу се должи на шестиот степен на пренос.
 
Ергономија
Сите команди се логично изведени, и се поставени блиску до дофатот на возачот. Положбата зад управувачот е одлична, а седењето е малку повисоко отколку во обичен автомобил, што е добро за паркирање во град. Поради правилните надворешни линии, Urban Cruiser е и извонредно прегледен, па паркирањето е многу лесно.
 
Материјали/Завршна изработка 
Toyota е позната по контролите за квалитет – завршната  изработка е на највисоко ниво и се е одлично склопено. Сепак, разочарува тврдата пластика во внатрешноста, од која се состои целата предна арматура.
 
На пат
Малиот мотор со зафатнина од 1,33 литри, има 100 КС, кои се доволни за поенергично возење низ град, додека подвозјето овозможува одлична стабилност во кривините. Единствена замерка имавме на недоволно директното управување.
 
Мотор/Перформанси/Менувач 
Најновиот мотор во понудата на Toyota, малиот бензинец со зафатнина од 1,33 литри, има моќност од 100 КС, извлечени со помош на Dual VVT-i технологијата. Според фабричките податоци, со овој мотор, Urban Cruiser до 100 km/h забрзува за 12,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 175 km/h.
 
Иако не е брутален, малиот мотор овозможува солидни забрзувања, но за тоа бара да се заврти кон повисоките вртежи. Во споредба со другите мотори од оваа категорија, доволно е еластичен и добро потегнува дури и во повисоките степени на пренос. Сила единствено му снемува при повисоките брзини, над 140 km/h, кога почнува да се мачи со отпорите од ветерот.
 
Менувачот има шест брзини, што е реткост за толку мал мотор. Степените се одлично одмерени – првите три се пократки, додека петтата и шестата се долги заради намалување на потрошувачката.
 
 
 
Возни својства 
Логично е автомобил кој е наменет за младата публика, да биде и забавен за возење. Urban Cruiser има задоволителни возни својства. Во критичните моменти пролизгува кон надворешниот дел од свиокот, но тогаш на сцена стапуваат контролите за стабилност, кои доаѓаат во серија. За пофалба е и силното кочење и педалата која лесно се дозира.
 
Управување 
Управувањето не е доволно прецизно и директно, односно е наменето пред се за лесно вртење во градските услови и за пријатно крстарење по автопат. Од друга страна, работењето со менувачот е вистинско задоволство – прецизен е и има кратки одови.
 
Трошоци 
Две спротивности во оваа категорија – цената е висока, а моторот е извонредно економичен, скоро како некои дизел мотори! Пресметајте сами колку е исплатлив, зависно од тоа колку километри месечно или годишно поминувате.
 
Цена/Опрема 
Urban Cruiser доаѓа со три нивоа на опременост. Најсиромашното, Terra, се нуди по цена од 14.990 евра со 1,33 бензинецот, додека цената на тестираниот модел со опрема Sol изнесува 18.490 евра.
 
Основниот модел од опрема има: ABS+EBD+EPS, TRC+VSC, 9 воздушни перничиња, Start&Stop систем, имобилизатор, централна брава со далечинско, електрични ретровизори, тонирани стакла, радио со CD+MP3+AUX, патен компјутер, клима уред, електрични стакла... Основната опрема е навистина богата, особено во областа на безбедноста – Urban Cruiser е единствениот во класата што нуди контрола на тракцијата и стабилноста.
 
Тестираниот модел Sol, покрај погоре наведеното, вклучува: 16 инчни алуминиумски тркала, интелигентен систем за влегување, предна маска со хромирани детали, задни затемнети стакла, контроли за аудио уредот на воланот, Bluetooth конекција, навигација со екран на допир и гласовни команди, автоматски клима уред, кожен управувач и менувач, ладена преграда... Во овој пакет, опремата е исклучително богата, како во некој автомобил од средната класа.
 
Затоа и цената е повисока – за 18.490 евра, може да се купи дизел Auris! Секако, без толку многу опрема, но со сите поважни елементи за уживање и луксуз.
 
 
Потрошувачка 
Дојде време и да го споменеме системот Start&Stop, кој доаѓа во серија кај Urban Cruiser. Се нуди само со 1,33 бензинецот и го гасне моторот кога ќе се застане на семафор. Работи одлично, скоро и незабележително и воопшто не им смета на патниците.
 
Со помош на овој систем и напредниот мотор, Urban Cruiser постигнува извонредни бројки кога е во прашање потрошувачката. Фабричките податоци велат дека просекот во град 6,6 литри изнесува 5,5 литри на 100 km, а на отворено 4,9.
 
На тестот, во градски услови, со активиран клима-уред постојано, но и со поагресивно возење, ние потрошивме 7,5 литри, што е сосема солиден резултат. На отворено, потрошувачката паѓа на околу 5,5 литри, што исто така е одличен резултат. Ако возачот проба да штеди, може да стигне и до фабричките податоци! Овие бројки сигурно може да се намалат, доколку се вози крајно екомонично, без високи вртежи и без клима – уред, кога и би се постигнала фабрички ветената потрошувачка. За разлика од некои други модели, кај Јапонците нема лага кога се во прашање бројките за потрошувачка.
 
Сумирано, бројките за потрошувачката на Urban Cruiser се извонредно ниски – капата доле за инженерите на Toyota!
 
Безбедност 
Urban Cruiser се уште не е тестиран од EuroNCAP. Нуди богата безбедносна опрема уште во серија – 9 воздушни перничиња и цел сет на контроли за активната безбедност ABS+EBD+EPS и TRC+VSC.
 
За кого не е овој автомобил 
Купувачите кои бараат евтин градски автомобил, имаат други опции на пазарот. Urban Cruiser секако не е евтин и има подобри алтернативи за оваа намена. Тука нема да се пронајдат ни љубителите на оф-роуд возењето, посебно не во овој модел со погон на предната оска, иако така изгледа...
 
За кого е овој автомобил 
Високо седење, лесно паркирање, мала потрошувачка, “џиџи-миџи” дизајн на предна конзола... Не е тешко да се погоди за кого е правен овој автомобил. Високо треба да седи тој што е понизок, лесно треба да паркира, тој што има проблем со паркирањето, мала потрошувачка за тој што се уште не работи. Девојчиња, сакате тато да ви купи ЏИП?
 
Urban Cruiser е пред се наменет за помладите луѓе, кои сакаат тренди автомобил, со изглед на SUV, но со мали димензии... Возило кое ќе троши малку гориво и без проблем ќе може да ги смести и пријателите и нивниот багаж. Urban Cruiser е и за оние кои не штедат да доплата, но и да се пофалат со извонредно богатата опрема (навигација со екран на допир и гласовни команди!), како во ниту еден друг мал автомобил. На таквите купувачи се чини и не би им сметала малку повисоката цена...



Toyota Urban Cruiser
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
od koga outlander e dzip be drugar idi ubi si se haha ke si kupis ko mojata niva dojdi koa ke ja kacis tamo kaj so idam
Напишан од sipo  пред  околу 74 месеци
OVA DOAGA OD JAPONIJA
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 84 месеци
samo zalazuvanje. ama ne uspeva. koj saka suv neka kupi mitsubishi outlander 2010 koj e mocen brz i golem kako mojot. a ne ovaa igracka. dobra kola e ama e kola ne suv i premnogu skapo.
Напишан од Tony  пред  околу 85 месеци
18 490 евра за 1,33 l?Што е многу,многу е!! Па и од TOYOTA да е.Овој автомобил со сета опрема и истиот мотор,не би требало да е повеќе од 14000 евра.
Напишан од Giugaro  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил