Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Mercedes C250 CDI
 
Spodeli
11 јуни 2010, 13:14


Тест - Mercedes C250 CDI Mercedes-Benz C-Class - old Тест - Mercedes C250 CDI
Наместо најава за најмалиот „вистински“ Mercedes, ќе почнеме со неверојатни бројки – потрошувачка од 5,2 литри на 100 km, од дизел со 204 КС, забрзување до стотка за 7 секунди, и неверојатен 500 Nm вртежен момент! ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Згора на се, токму овој модел во понудата на С класата се продава како еколошки, со додавката BlueEfficiency. Со ваква наставка, ќе се произведе само во 5.000 примероци.

C-класата се наоѓа во една од најпосакуваните класи на автомобили. Минатото е сведок на многу битки во оваа класа, каде каде покрај вечниот ривал BMW, сега и Audi е повеќе од достоен играч. Што е тоа што овој Mercedes би го издвоила од конкуренцијата?

Изглед

Надвор – класично елегантно спортски

Кај С класата нема ништо претерано и ништо кич. Постигната е онаа убавина која трае – предната маска не е лута како кај BMW 3, нема LED дневни светла како кај Audi A4, но... Дизајнирана за оние на кои им се допаѓа таа смиреност, а тоа се токму луѓето на кои впрочем им е омилен Mercedes. Тест моделот беше во најкласичната – црна комбинација, но веројатно овој автомобил сте го виделе и во бело одело, со црно капче, преку цел кров... со многу поникловани сребрени детали и големи тркала. Поубаво? Само во умот на некој дизајнер кој не води сметка за тоа дали нешто е вистински изводливо.



Никако не може да се остане рамнодушен на елегантните линии, кои ги нема кај ниту еден друг конкурент. Во споредба со BMW 3 и Audi A4, овој Mercedes изгледа како фино испеглан господин, оставајќи посериозен и подлабок впечаток.

Ентериер – зошто и тука не преземале од Ѕ класата!?


За разлика од поголемите браќа Mercedes-и, внатрешноста е изведена помодерно и е намената кон помлада група на купувачи, Интересно, префинет и елегантен надворешен дизајн, а толку ладна и строга внатрешност, со разнолика комбинација на бои и материјали. Можеби Mercedes сака да не врати на славните години, кога во ентериерите доминираа острите геометриски форми, секако, во никој случај не занемарувајќи ја функционалноста. Во внатрешноста доминира средната конзола, која визуелно го намалува просторот, но е максимално практична.  Единствено, управувачот не ја доловува целата слика на внатрешноста. Малку е досадно дизајниран, без карактеристичните хромирани додатоци на управувачи кои ги имаат и многу поевтините модели на автомобили.  Забележливи се некои ситни детали кои изгледаат скапоцено и елегантно, но, генерално заклучок е дека уште ентериерот е се уште класично дизајниран, посебно во споредба со A4

Речиси перфектна ергономија

Токму покласичниот дизајн внатре има придонес за врвната ергономија. Возачот лесно ја наоѓа својата позиција зад управувачот, седењето е прилично ниско, се е лесно на дофат и лесно читливо, особено командите на централната конзола.

Единствена замерка во однос на ергономијата е поставеноста на палката за активирање на трепкачите, која се наоѓа подолу од вообичаеното, за што е потребно време на привикнување, иако дискутабилно е дали и во таков случај ќе биде максимално логично.



Многу е интересно решението за приказ на избрана радио станица (на централниот дисплеј), како на оние стари радија со вертикална линија која се движи лево десно низ радио-станиците. Изборот на радио станиците (освен преку команди на управувачот, секако) се командува преку кружен контролер, поставен десно од возачот, во средина, блиску до менувачот. Овој контролер, освен за радиото се користи и за контрола на DVD, навигација, во најсилните моделски изведби... Имаше многу дискусии во koli.com.mk дали тој е корисен. Ако често се менуваат радио-станици, ваквото решение е перфектно.

Практичност

Практичноста е на солидно ниво, како за класата каде се наоѓа. Забележливо е дека нема премногу отвори за ситниците во внатрешноста – функционалност која Mercedes во голема мера ја има овозможено кај А и В класата. Голем минус во однос на практичноста оди и на фактот дека  спуштање на задните седишта може да се добие само со доплата – основните модели имаат фиксна задна клупа, која не може да се спушти.

Комфор

Удобност на која не има навикнато Mercedes

Колку и да се прават обиди за подобрување на возните својства и приближување кон Серијата 3, еден Mercedes никогаш не смее да биде неудобен. Така е и кај новата С класа. Забележлива е потврдата суспензија, која се уште солидно ги впива дупките дури и на нашите перфектно нерамни патишта, со забелешка дека цврстата каросерија понекогаш чувствуа ситни вибрации во внатрешноста. Најудобно е возењето на отворен пат, кога „малиот“ Mercedes станува макмалку покрут и стабилен, па едноставно лизга по асфалтот. Неговата удобност, полесно доаѓа при повисоки брзини.

Тивок, но не и најтивок

Дизелот со четири цилиндари има рафинирана и тивка работа, но при посилни забрзувања, знае да одекне во кабината, произведувајќи максимално пријатен звук. На повисоки брзини, но не при забрзување, туку во возење со рамномерна брзина, моторот скоро и да не се слуша во кабината. Сепак, некарактеристично за седан, звукот од ветерот на високи брзини е и повеќе од присутен, кој се чини, пред се, доаѓа од околу ретровизорите.

Прегледност – малите ретровизори ја ограничуваат прегледноста назад

Прегледноста е класична за премиум седан. Крајните точки лесно се наоѓаат, иако задниот крај на автомобилот не е целосно прегледен. Од друга страна, разочаруваат малите ретровизори, посебно десниот... На поголеми и покорисни ретровизори навикнавме дури и во ниската класа!

Квалитет – враќање кон деновите на славата

Ако за квалитетот на претходната генерација на C-класата имаше премногу поплаки, со сигурност можеме да тврдиме дека сега нема да биде така. Кабината е изведена од квалитетни материјали (иако не целосно благородни, како што во минатото правеше Mercedes), а завршната обработка е на исклучително високо ниво – вниманието посветено на деталите е фантастично! Секогаш е дискутабилен квалитетот на пластиката, за која и не можеме сега да дадеме оценка, каква што може да даде неговото величество - времето. После 5-6 години ќе се види колку таа била квалитетна и издржлива.

Простор

Напред
И покрај гломазниот среден дел помеѓу двете седишта, кој визуелно го намалува просторот, впечаток е просторот е идеално организиран, па комотно е во сите правци, дури и за повисоки патници.

Назад
Позади доволно простор има за двајца возрасни патници. Тројца веќе би имале проблем со рамената (слично како и кај BMW серија 3 и Audi A4). Конкуренцијата од средната класа (но не премиум марки), како на пример Accord, Passat, C5, нуди многу повеќе простор на задната клупа, дури и за третиот патник - кај C класата пречи големиот тунел во средината. Споредено со директните конкуренти од Германија, се чини Mercedes заостанува, иако разликите се минимални...

Багажник
Со 475 литри позади задните седишта, C класата голта куфери и во случај да имате две или три жени. Сите ќе ги собере, багажникот е идеално голем, барање за повеќе веќе било барање игла во сено. Сепак, ако детално анализираме бројки, ќе видиме дека конкурентите имаат поголеми багажници, посебно оние што не припаѓаат на премиум класата.

Возни својства

Солидно управување

Иако не е хируршки прецизно и не враќа многу повратни информации, управувањето е доволно прогресивно и целосно задоволува во различни услови на возење.

Подобрена возна динамика

С класата никогаш не важела за особено забавен автомобил за возење, посебно во споредба со германските конкуренти. Истото не важи и за новата генерација – иако се уште не е на нивото на A4 и BMW 3, новиот Mercedes многу полесно се вози по кривулести патишта, дозволува брзи промени на правецот, а благодарение на задниот погон и релативно силниот мотор, не изостанува ниту забавата. За овој Mercedes веќе не важи дека е бавен или тром или неинтересен...

Единствено, забавата во мала мера ја расипуваат еколошките гуми со намален отпор на тркалање, кои не се лепат на подлогата како стандардните летни гуми.

Стабилност на високо ниво

Очекувано – стабилноста е на многу високо ниво и возењето при повисоки брзини не претставува никаков проблем – С класата одлично држи на пат, па во услови на возење и малку побрзо од вообичаеното, на возачот нема да му биде потребно повисоко ниво на концентрација.  Едноставно, автомобилот си ја врши својата работа.

Штедлив дизел, со спортски перформанси

Моторот е вистинскиот дијамант на овој автомобил. Најновиот дизелаш од програмата на Mercedes, има зафатнина од 2,1 литар (иако ознаката C250 CDI навестува дека се работи за мотор со поголема зафатнина), цели 204 КС при 4.200 врт/мин и камионски високи 500 Nm при 1.600 врт/мин. Во пракса, тоа значи дека со овој мотор, С класата потегнува како од катапулт.

Забрзувањето до стотка трае извонредни 7 секунди, но суштината тука е дека моторот не губи сила ниту потоа. Постојано, таму некаде до крајните негови граници, моторот повлекува максимално силно. Кај овој мотор, во ваква конституција на C-Class, сила има постојано. Крајната брзина, секако е електронски лимитирана и изнесува 250 km/h.
Моторот повлекува веднаш, а лудилото почнува при околу 1.500 вртежи во минута. Тогаш, посебно во втор и во трет степен на пренос, забрзувањата буквално го лепат телото за седиштето, овозможувајќи вистинска екстаза кај патниците, додека во исто време, системот за контрола на тракцијата, напорно работи да ги задржи задните тркала залепени за асфалтот. 

Освен тоа, поимпресивна е еластичноста на моторот и при помали брзини, а во повисок степен на пренос. При 60 km/h, во шеста брзина, со нагло притискање на педалата за гас, автомобилот се уште уверливо забрзува. Ова е посебно важно при престигнување – во кој и степен на пренос да е моторот, само треба да се притисне педалата за гас и автомобилот пред вас е поминат. Полесно здравје.

Перформансите импресионираат и на хартија, но и реално. Навистина, треба да се седне зад управувачот и да се притисне педалата за гас, за навистина да се почувствуваат забрзувањата. За оние кои сакаат ултра – адреналинска забава, постои можност за исклучување на контролата на пролизгување, па бидејќи погонот е на задните тркала, автомобилот овозможува дополнително возачко задоволување, секако со сопствен ризик за тоа каде ќе се најде задниот дел од 45.000 вредната C-класа .

За тие кои ги интересира како технички е постигната ваквата постојана добивка на сила, тајната веројатно ја знаат само во Mercedes. Основата е тоа што моторот е опремен со два турбо полначи. Помалиот, полесно постигнува високи брзини, а со тоа и порано постигнува висок притисок. Ова го зголемува вртежниот момент при пониските вртежи, па ја нема карактеристичната турбо дупка. Поголемиот ја постигнува работната брзина на повисоките вртежи, каде овозможува висока сила и задржување на високиот момент.

Ваквите импресии од перформансите на дизелот, во прашање ја доведуваат и намената на моделот... Наместо BlueEfficiency логото, на овој Mercedes добро би му стоела и некоја AMG шминка однадвор...

Премногу крут менувач

Колку што бевме импресионирани од моторот, толку разочара менувачот. Има малку подолг од и е изразито крут, што го прави менувањето на брзини поспоро и делумно ја расипува забавата. koli.com.mk мислење е дека на еластичниот и силен мотор, подобро би му легнал автоматски менувач...



Вредност

Цена/Опрема

Цената на тестираниот модел, Mercedes C250 CDI BlueEfficiency Prime Edition, изнесува 46.211 евра. На прв поглед се чини многу за автомобил од средната класа, но со фантастичниот дизел мотор, овој Mercedes е класа за себе. Сепак, се чини опремата можела да биде побогата. Секако, стандардно е вградена двозонска автоматска клима, радио со CD+MP3, апликации од алуминиум и хром, специјални 17 инчни бандажи, целосна електрика, 7 воздушни перничиња, Pre Safe систем за безбедност и цел сет контроли на стабилноста, би ксенон светла, темпомат, сензори за дожд, за губење на притисок во гумите...

Има се што на прв поглед ќе затреба, но ние имаме и некои забелешки. На пример, клучот е класичен, наместо картичка клучевите, кои не треба да се вадат од џебот за да се отвори автомобилот. За оваа цена, некои со право ќе побараат и навигација, а и посилен аудио систем... Треба да се доплати дури и за соборлива задна клупа! А со доплатите, цената може да се вивне во небото!

Сепак, во споредба со конкурентите од класата, со слични дизел мотори, C Class е моментално најевтиниот избор, воедно поседувајќи го и најсилниот и убедливо најштедлив мотор.

Потрошувачка

Според фабричките податоци, овој, 204 КС моќен Mercedes, троши 5,1 литар гориво во просек, односно 6,6 во град и 4,2 на отворено! Веднаш ќе пресечеме – овие бројки е тешко, скоро и невозможно да се постигнат. Реално, потрошувачката изнесува за 1,5, до 2 литри повеќе, но и тоа е одличен, да не речеме и фантастичен резултат. Ниска потрошувачка како фабричката може да се постигне само на отворен пат, кога при возење од околу 100 km/h, лесно се доближувавме до бројката од 4,2 литри!

Повратна вредност

Најмалиот Mercedes седан, секогаш најдобро се држел на пазарите за стари автомобили. Иако во првите неколку години, неговата цена брзо паѓа, понатаму таа се задржува на некое ниво - 15 години стар Mercedes е поскап и од 7-8 години стар автомобил од средната класа!

Безбедност

Во Мерцедес не се прават компромиси кога е во прашање безбедноста. Новата С класа доби чисти 5 ѕвездички, по новите построги тестирања на EuroNCAP, а е стандардно опремена со 7 воздушни перничиња и ABS+ESP+BAS+TRC...



За кого е овој автомобил

Веднаш ќе пресечеме – иако е штедлив, овој Mercedes не е за оние кои сакаат да штедат. Исклучително ниската потрошувачка повеќе е во функција на тоа дека германскиот гигант сака да ја покаже технолошката надмоќ над конкурентите, но и да ги следи светските трендови на заштита на околината. Економичноста е секако голема придобивка, но кај оваа Мечка (од 45.000 Евра, со овој мотор и ова ниво на опрема), суштината никако не е во ниската потрошувачка. Има други карактеристики кои импресионираат повеќе. Во прв ред секако тоа се перформансите на моторот, но и високото ниво на удобност и солидните возни својства, како еден вид сублимат на совршената димензија на автомобилот – доволно мал за низ град, доволно просторен за комфорен превоз и во град и на отворено, и секако доволно компактен за динамично возење. Одличен пакет.

Како таков, Mercedes C Class е наменет пред се за помладата бизнис заедница , која бара вистински брз, удобен транспорт и ниски сметки за гориво, а сето тоа спакувано во елегантен пакет, кој кажува за високиот статус на сопственикот. Вистински бизнис експрес... Ако имате 30-тина години, живеете во Скопје, патувате од време навреме, и секако финансиска можност да си го дозволите најдоброто... Ова е класата за Вас. Поголем автомобил веќе ќе ве нервира низ градските гужви, а помал во никој случај нема да понуди ова што го нуди овој Mercedes.. 

Предности:

-    Елегантен надворешен изглед
-    Подобрени возни својства во однос на претходникот
-    Високо ниво на удобност
-    Исклучително квалитетна внатрешност
-    Високо ниво на ергономија
-    Извонреден мотор – силен и еластичен при секое притискање на педалата за гас
-    Високи перформанси
-    Ниска потрошувачка
-    Висока безбедност
-    Пониска цена од директните конкуренти со дизел мотор


Недостатоци:


-    Крут менувач
-    Звук од ветерот при повисоки брзини
-    Задната клупа не е најпространа
-    Многу мали ретровизори
-    Скапи доплати


Mercedes-Benz C-Class - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
nesym fun-fan na mercedes ama mercedes ama ova moze
Напишан од nesym fun-fan na mercedes ama mercedes ama ova moz  пред  околу 73 месеци
nesym fun-fan na mercedes ama mercedes ama ova moze
Напишан од nesym fun-fan na mercedes ama mercedes ama ova moz  пред  околу 73 месеци
NE SUM FAN NA MERCERDES AMA OVA MOZE
Напишан од Mercedes VRV  пред  околу 76 месеци
NE SUM FAN NA MERCERDES AMA OVA MOZE
Напишан од Mercedes VRV  пред  околу 76 месеци
Mercedes VRV!!!
Напишан од Deni  пред  околу 78 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 25
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил