Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Зошто никогаш не треба да го возите вашиот автомобил на ниски вртежи?
 
Spodeli
01 февруари 2016, 16:53


Зошто никогаш не треба да го возите вашиот автомобил на ниски вртежи?  Зошто никогаш не треба да го возите вашиот автомобил на ниски вртежи?
Поголем дел од возачите кои поради високите цени на горивата, возат со многу ниски вртежи со желба да заштедат гориво, меѓутоа, не се свесни дека му прават огромна штета на самиот мотор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Возењето со прениски вртежи на моторот го намалува подмачкувањето и ладењето, а истото ги зголемува вибрациите и ја намалува ефективноста на моторот, како и неговиот век на траење.
 
 
Ова однесување на возачите е штетна кај големите оптоварувања – при угорнина и кај забрзувањето, кога степените се менуваат премногу брзо, односно при преоптоварен автомобил, каде е многу подобро да се вози со високи вртежи на моторот. Претежно, голем дел од возачите мислат дека токму овој чекор ќе го продолжи работниот век на самиот автомобил, меѓутоа, "штедењето" на моторот, може да ве чини двојно повеќе, отколку нормалното возење.
 
Кај автомобилите кои работат на бензин најдобро е степенот (брзината) да се менува помеѓу 2.000-4.000 вртежи во минута, а кај дизел-автомобилите помеѓу 1.700 и 3.000 вртежи во минута. Во тој момент, моторот на автомобилот има најголема сила, најмногу влече и најмалку троши, оптоварувањето е најмало и има соодветно подмачкување и ладење. Kај турбо моторите, пак, гледајте секогаш да сте во распонот на вртежи каде турбо полначот работи оптимално - кај поновите мотори тоа е веќе од 1.500-1.600 вртежи во минута до околу 3.000 вртежи во минута, независно дали е бензинец или дизел.
 
Повеќето искусни возачи, се ориентираат преку аудио знаци, за моментот кога треба да го покачат степенот на пренос, па токму тој звук е алармот за тоа дека пристигнал моментот кога треба да се направи промена на степенот, токму овој чекор ќе го заштити вашиот мотор од предвремено прензионирање.
 
Меѓутоа, треба да се избегнува и нагло притискање на педалата за гас на ниски вртежи. Во оваа ситуација, освен што го оштетувате моторот на вашиот автомобил, потрошувачката на гориво може да се зголеми и за неколку пати. Во таа ситуација, во моторот се создава дебаланс и поради недоволниот хидродинамички притисок маслениот филм пука и доаѓа до суво триење, се зголемува абењето, а целата ситуација ја влошуваат и вибрациите кои резултираат на овој погрешен чекор.
 
Единствениот момент кога се препорачува моторот да се вози на прениски вртежи е кога автомобилот се движи на рамен пат и удолница и доколку не е потполно оптоварен. Доколку сакате автомобилот нагло да забрза или наидувате на угорнина, тогаш задолжително треба да префрлите во понизок степен на пренос.
 
Ова секако не значи дека автомобилот треба да го цедите на највисоки вртежи - ова може да донесе и други проблеми, како намалено подмачкување и многу високи температури кои системот за ладење не може веднаш да ги симне. Во превод, возете оптимално - брзините не ги менувајте ниту премногу рано, ниту премногу касно и ќе имате автомобил кој ќе троши помалку и ќе трае повеќе.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил