Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Новиот Citroen C4 - официјално!!!
 
Spodeli
01 јуни 2010, 14:08


Новиот Citroen C4 - официјално!!! Citroën C4 - нова гама Новиот Citroen C4 - официјално!!!
Настапувајќи со нов дизајн, по теркот на новата Citroen дизајн идеологија, и со подобрувања во квалитетот, комфорот, забавата и еколошките вредности, С4 повторно се наметнува како еден од најсериозните играчи во својата класа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каросеријата, која е за 5 cm подолга, 2 cm поширока и 3 cm повисока, сега изгледа многу покомпактно, со избалансирани линии, како да е извајана од еден дел. Динамичноста ја гарантираат помалите странични стаклени површини, како и агресивниот преден и спортскиот заден дел. За разлика од претходникот, дизајнот сега веќе не е толку футуристички. Сега, C4  е со малку посмирен дизајн, налик на Golf, што вообичаено резултира со повеќе универзалност, па затоа многу е веројатно дека би им се допаднал на поширок круг на купувачи. Во едно сме сигурни – С4 повторно е меѓу најубавите во класата!



Зголемените димензии однадвор, покрај посериозниот настап, придонесоа и за зголемен простор во внатрешноста, како и за поголем багажник, кој брои извонредни 408 литри, што е еден од најдобрите резултати во класата.

Новитет е и што инструментите нема веќе да бидат поставени во средината, иако ќе останат дигитални, а и централната конзола ќе биде свртена кон возачот, како кај спортските автомобили. Возачот ќе може дури и да си избере боја за осветлување на инструмент таблата или пак различни мелодии за предупредување (за неврзан појас, неизгаснати светла...)! Персоналниот комфор ќе биде надополнет и со целосно нов аудио систем, па дури и масажер за предните седишта!



Уште повеќе значајно е што во внатрешноста сега се употребуваат многу поквалитетни, дури на некои места и благородни материјали, што оддава чувство на автомобил од повисока класа. Интересно е што повеќето од материјалите се еколошки и ќе може да се рециклираат!

Моторизацијата ќе биде составена од целосно нови, поеколошки мотори. Најинтересен новитет е микро хибридот со HDI дизел мотор и помал електричен мотор, кој ќе испушта неверојатно ниски 99 g/km CO2. За намалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови, употребувани се полесни материјали за изработка на автомобилот, а постигната е и најдобра аеродинамика во класата.

Citroen ветува и драстично подобрени динамички возни својства, подобра управливост и подобри перформанси, а од друга страна, поголема удобност и многу подобрена звучна изолација.

Официјалното претставување, новата С4-ка ќе го има на саемот во Париз во Септември оваа година, кога треба да бидат познати и конечните технички податоци.


Citroën C4 - нова гама
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Noviot Focus e mnogu po dobar, mozebi izgleda malku prenatrupano vo interierot no ne e. Ama Civic-ot e sepak po dobar :) Pozz
Напишан од Mozok  пред  околу 82 месеци
Noviot Focus e mnogu po dobar, mozebi izgleda malku prenatrupano vo interierot no ne e. Ama Civic-ot e sepak po dobar :) Pozz
Напишан од Mozok  пред  околу 82 месеци
Noviot Focus e mnogu po dobar, mozebi izgleda malku prenatrupano vo interierot no ne e. Ama Civic-ot e sepak po dobar :) Pozz
Напишан од Mozok  пред  околу 82 месеци
site pocnaa da ja kopiraat Astrata! a sto toa znaci? No.1 Opel astra!
Напишан од Alex  пред  околу 82 месеци
site pocnaa da ja kopiraat Astrata! a sto toa znaci? No.1 Opel astra!
Напишан од Alex  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил