Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Peugeot 208 Pure Tech – перфектен спој на стилот со функционалноста
 
Spodeli
22 декември 2015, 15:18


Тест – Peugeot 208 Pure Tech – перфектен спој на стилот со функционалноста Peugeot 208 Тест – Peugeot 208 Pure Tech – перфектен спој на стилот со функционалноста
Една од најуспешните приказни во ниската класа во Европа секако е онаа на Peugeot моделите од серијата 200, која со новиот 208 најдобро покажува зошто купувачите често се одлучуваат за овие модели...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На тест го имавме моделот со фејслифт, односно популарното освежување на средината од постоењето на автомобилот. Промените се главно во дизајнот однадвор, особено во деталите, за 208 да добие малку поспортски и воочлив изглед.



Претходно веќе имавме можност да се дружиме со 208, пред фејслифтот, каде откривме дека се работи за еден одлично избалансиран автомобил, кој секогаш треба да е на врвот на листата на оние што сакаат да купат возило од оваа класа.

Сепак, прв пат го пробуваме бензинецот, кој се чини и ќе се продава и најмногу – почетната цена е пониска, а потрошувачката е многу блиска до онаа на HDi дизелите.

Дизајн
Неодоливиот шарм отсекогаш ќе биде карактеристика на едно мало Peugeot. Новата 208-ка можеби бега од елегантниот дизајн на претходниците – има повеќе меки линии кои се прекршуваат една со друга, но и натаму делува допадливо и модерно.

Особено голем впечаток ни остави мат бојата на тестираниот модел, освежена со неколку детали во зелена боја. Ваквиот избор на дизајнерите од Peugeot искрши многу вратови по улиците и тоа за модел кој веќе го има во поголем број на патиштата. Дефинитивно, мат бојата е освежување за очите на гледачот – мислам дека реално се изморивме од металик боите... Ова секако и ни го поставува прашањето – зошто сите производители не нудат мат боја како опција? Еве препорака.



Кабината на 208 исто така донесува различен дизајн од она што досега сме навикнале на Peugeot. Најголем „виновник“ за различниот изглед е секако инструмент таблата, која е поставена над воланот и која предизвика многу реакции од луѓето кои ја видоа, но тоа најчесто беше дека е кул.

И навистина, зошто мора инструмент таблата да биде под обрачот на воланот? И покрај тоа што има некои слабости, го поздравуваме потегот на Peugeot – време е работите во автомобилската индустрија да се поместат, бидејќи автомобилите премногу наликуваат еден на друг во базичните принципи на кои се конструирани.


На пат

Перформанси
Вистинско освежување е да се начека атмосферски бензинец денес. Големата понуда на турбо бензинци некако направи да подзаборавиме на избалансираноста на овие мотори. А овој во 208, со 1,2 литри зафатнина, поделена на три цилиндари и 82 КС, е еден навистина агилен мотор, иако вртежниот момент од 118 Nm значи дека за повисоки перформанси ќе треба да го завртите до крај, а особено кога во равенката ќе се стави и мануелниот менувач со пет степени и малку подолг пренос.

Секако, не очекувајте дека забрзувањата ќе бидат ракетни, но со оглед на тоа што најчесто ќе се користи во градски услови, малиот бензинец е перфектно способен. Особено ни се допадна како одговара на педалата за гас – додека на турбо моторите им треба време да одговорат, малечкиот трицилиндарец секогаш одговара инстантно и тоа во сите режими на работа.

Ова можеби не делува импресивно на хартија, но верувајте, во големо го подобрува возењето и го прави многу позабавно! Дури и ‘ржењето, карактеристично за моторите со три цилиндари, помага во зголемување на забавата во возењето. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 12,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 178 km/h, што може да се потврди и во пракса.



Управливост/Удобност
Peugeot 208 во фејслифт изведбата е делумно подобрен во однос на удобноста на возењето и динамичноста и агилноста. Со овие подобрувања, францускиот модел од ниската класа е еден од најдобро избалансираните автомобили во сегментот. Доволно е удобен за нашите патишта со многу дупки, а вози доволно динамично и агилно за да предизвика насмевка кај возачот. Можеби има и поудобни модели во сегментот, а секако има и позабавни, но ниту еден од нив ги нема двете карактеристики вклопени во едно.

За овие адути на 208 најзаслужна е малата маса, за 100 kg помала во однос на 207. Ова секогаш позитивно влијае на динамичноста, а заедно со тоа и на удобноста, бидејќи суспензијата не мора да е премногу тврдо подесена за да се постигнат добри возни својства. Ако веќе наоѓаме замерки, менувачот има малку подолг од, но затоа управувањето е доволно прецизно, а малиот волан одлично лежи во рака, како кај спортски автомобил.



Рафинираност
Кабината на 208 е одлично изолирана од надворешните звуци и моторот, кој единствено се слуша при најсилните забрзувања. Кабината останува тивка и на повисоки брзини, што е за голема пофалба за модел од оваа класа, а во моделот со фејслифт забележавме и дека суспензијата не испушта звуци на трескање кога ќе се помине преку поголемите дупки.


Во кабината

Простор/Практичност

Peugeot 208 е еден од најмалите модели во сегментот, но тоа не значи дека нема простор во внатрешноста. Напротив, кабината е една од најпространите во класата, било дали се работи за предните или задните седишта. Низ кабината има и многу места за одлагање ситници, додека багажникот брои 285 литри, кои се конкурентни во класата.

Единствени замерки се дека со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под, а делива задна клупа се добива во второто ниво на опременост.



Ергономија
Контроверзното решение за сместување на инструмент таблата над обрачот од воланот навистина има некои ограничувања – за луѓе пониски од 175 cm, обрачот го попречува видикот на инструментите. Ова секако може да се избегне со поместување на воланот надолу, односно седиштето нагоре, доколку возачот е спремен да ја смени позицијата на седење.

Од друга страна, за да видите колку возите, не треба погледот да го тргате премногу од патот – инструментите се многу поблиску до ветробранското стакло и кога гледате во нив имате поглед и на патот, што е голем плус за безбедноста. Кај 208 ограничена е и видливоста – предните А и задните C носачи се големи и делумно го ограничуваа погледот...

Решението голем дел од командите да се префрлат на екранот на допир, кога беше лансиран 208 исто така беше контроверзно, но денес скоро сите нови автомобили преминуваат на тоа. Кај Peugeot 208, дисплејот е лесен за користење и прилично разбирлив, но некогаш има премногу стискања на екранот додека стигнете до командата што ја посакувате. Позитивно кај овој систем е што има можност за поврзување со компатибилен смартфон со Mirror Screen, односно можност за користење на апликациите од телефонот на самиот дисплеј, а во него има дури и вграден прелистувач за веб содржини!



Опрема
Основниот модел 208 ACCESS, доаѓа со прилично богата опрема, која вклучува целосна опрема за безбедноста со ESP+ABS+REF+AFU и 6 воздушни перничиња, темпомат, управувач кој се подесува во висина и длабочина, електрични предни стакла, централна со далечинско, висинско подесување на возачко и совозачко седиште, патен компјутер и автоматско заклучување на возилото при тргнување.

Изборот сепак треба да падне на нивото ACTIVE, каков што беше и моделот кој го имавме на тест, кое вклучува плус клима уред, мултимедијален систем со дисплеј на допир, 6 звучници, USB + Bluetooth + Mirror Screen, команди на управувач, светла за магла, рачки и ретровизори во боја на возилото, делива задна клупа, дневни LED светла и кожен менувач.


Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Моделот кој го имавме на тест, со опрема ACTIVE – Ice Silver, со мат бојата и зелено – жолтите „лимета“ додатоци, има акциска цена од 13.280 евра. Основниот модел почнува од 11.490 евра за моделот со 1,0 литарскиот мотор со 68 КС и ACCESS ниво на опрема. Ова го сместува некаде во средина на класата според цената и опременоста. Од друга страна, Euroimpex важи за увозник со одлично развиена сервисна мрежа во земјава, што го олеснува одржувањето на автомобилот, а и цените на резервните делови и поправките не се многу високи.

Бензинецот кој го возевме се покажа и како прилично економичен. Фабричките бројки реално се достапни само со многу бавно возење, но и покрај тоа, потрошувачката е исклучително ниска. Во град измеривме околу 7 литри потрошувачка, додека на отворено под 5 литри, што се одлични резултати. На автопат, при повисоки брзини, потрошувачката се качува на 5,5 литри, што и натаму е одличен резултат. Во просек, на тестот потрошивме 5,5 литри – резултат близок и до некои дизел автомобили.



Квалитет, доверливост и повратна вредност
Квалитетот на изработката и употребените материјали во внатрешноста кај 208 е на високо ниво, како кај најдобрите во сегментот, а Peugeot е подобрен и на испитувањата за доверливост и издржливост. Сепак, падот на цената на пазарите за половни автомобили е поголем во однос на германските и јапонските конкуренти.

Безбедност

Peugeot 208 уште во стандардната опрема вклучува целосна опрема за безбедноста, со 6 воздушни перничиња, ESP контрола на стабилноста, ABS систем против блокирање на тркалата при кочење, REF електронска распределба на силата за кочење и AFU помош при нагло сопирање. На ова се придружуваат и чистите пет ѕвездички на EuroNCAP, кои потврдуваат дека се работи за еден исклучително безбеден автомобил.




Заклучок
Peugeot 208 е еден од ретките автомобили во ниската класа, кој е добар во скоро сите категории. Прво, дизајнот е модерен и особено во мат бојата (поточно, Ice Silver), делува навистина допадливо, потоа, има пространа и функционална кабина и веројатно најважно, суспензијата е одлично избалансирана.

Всушност, забелешките кои ги имаме за 208 се ситни – инструмент таблата е незгодно поставена за некои од пониските возачи (но кога гледате во неа ви останува погледот на патот - плус за безбедноста), прегледноста е малку послаба и менувачот има малку подолг од. Исто така, би требало задната клупа да е делива уште во основниот модел, но нема да се жалиме премногу – опремата е инаку прилично богата.

Затоа, Peugeot 208 треба да се наоѓа на листата на секој кој сака модерен и простран автомобил од ниската класа – се работи за навистина одличен, “all round” играч со сите вистински квалитети кои треба да ги поседува еден мал автомобил.

Предности:
•    Пространа внатрешност и голем багажник
•    Одличен баланс меѓу удобноста и возните својства
•    Солидни перформанси и ниска потрошувачка
•    Високо ниво на рафинираност и солидна звучна изолација
•    Богата стандардна безбедносна опрема
•    Модерен дизајн

Недостатоци:
•    Просечна прегледност
•    Менувачот има малку подолг од


Peugeot 208
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил