Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Mitsubishi Outlander 2.0 DI-D
 
Spodeli
31 мај 2010, 03:49


Тест – Mitsubishi Outlander 2.0 DI-D Mitsubishi Outlander - old Тест – Mitsubishi Outlander 2.0 DI-D
Онаму каде со децении се докажува Mitsubishi, се рели трките... Било дали се работи за рели со автомобили (каде се бара брзина), или за рели со теренци (каде се бара издржливост), Mitsubishi е во преден план...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Резултатите во голема мерка се должат на погонот на сите тркала, кој е специјалност на јапонскиот производител, а се вградува во моделот Outlander, како и во серија други модели на Mitsubishi…

На тест го имавме агресивно дизајнираниот градски теренец Outlander, со 2.0 дизел мотор со 140 КС и побогатиот пакет на опрема Instyle +. Очекувањата од еден SUV од Mitsubishi секако се големи.

Изглед

Надвор – карактеристичната предна маска присутна и тука

Outlander веќе помина низ првиот, задолжителен фејслифтинг и резултатите се изненадувачки.  Со нагласено голем отвор за воздух, предната маска го доби ликот на Lancer и Colt, со што Outlander  е уште поагресивен и полут.

Налутениот изглед напред, добро се вклопува и со останатиот дел на автомобилот, кој е изведен во класични аглести линии и има по малку кутијаст изглед, но е добро освежен со блескавите задни светла изведени во LED технологија. Комбинацијата на бела боја на каросеријата, со поникловнани делови и темни стакла, дополнително го засилува впечатокот. Едно е сигурно – предницата е делот по кој ќе се кршат вратови...



Внатре – класично за Mitsubishi, со чисти линии и малку копчиња

Како и кај Lancer, и тука е употребена минималистичката филозофија на дизајнирање. Предната табла ја карактеризираат пред се рамни површини и чисти линии, а нема ни премногу копчиња кои би го расипале чистиот изглед.

Ваквиот дизајн придонесува за исклучително високо ниво на ергономија, но недостасува WOW факторот кој го предизвикуваат ентериерите на некои од конкурентите, особено ако ја анализираме цената на автомобилот... Кај Outlander се е класично изведено, без премногу експерименти.

Значително подобрен квалитетот на материјалите

Една од главните забелешки за моделот пред фејслифингот, беше тврдата и неугледна пластика за предната инструмент табла. Тоа тука веќе не е случај – повеќето површини се покриени со еко кожа, која е исклучително мека и фина на допир и оддава чувство на сериозност и многу поскапо возило. Завршната обработка, карактеристично за Mitsubishi, е на прилично високо ниво.

Задоволителна прегледност

Класичната надворешна форма на каросеријата, придонесува за солидната прегледност кај Outlander, а во тоа многу помагаат и големите ретровизори. Главна болка е малото задно стакло, кое е поставено многу високо и го ограничува погледот, што всушност е маана на сите SUV автомобили.

Одлична ергономија

Чистиот дизајн на предната конзола, придонесува за високото ниво на ергономија. Сите команди се читливи и прегледни и се секогаш на дофат на раката, а возачот лесно ја наоѓа позицијата зад управувачот.  Уште да се подесуваше воланот и по длабочина...



Простор

Напред – многу простор во сите правци
Нема забелешки за предните две седишта – простор има во сите правци.

Назад – меѓу најпространите во класата
И назад седењето е исклучително комфорно – Outlander е меѓу најпространите автомобили во класата!

Само помошен трет ред на седишта
Третиот ред на седишта треба да се користи само за итни случаи. Седиштата се мали и во тој дел е навистина тесно, но.... Велат,  подобро нешто отколку ништо – многу од конкурентите воопшто не нудат седишта во багажникот!

Багажник – извонредни 541 литар
Багажникот ја продолжува приказната за пространоста. Иако на хартија има 541 литар, во пракса делува уште поголем, пред се благодарение на неговата должина. Доколку на корисникот и тоа не му е доволно, задната клупа може да се лизга напред и да се ослободи простор од над 600 литри! Дополнителни пофалби и за дводелното отворање на багажникот: долната вратичка овозможува товарање на подолги предмети, а со спуштање на задните седишта и успешно внесување на поголеми предмети!

Одлична практичност

Простор за ситници има многу (вкупно 20 - фиоки кај инструмент таблата, во вратите, во централниот потпирач за раце и во кровот итн.), а од друга страна задната клупа лесно се преклопува, може да се лизга напред назад, да се навалуваат наслоните... Се на се, исклучително практичен автомобил, критерум кој веројатни би им бил значаен на многу купувачи на возило од оваа класа.

Комфор

Просечна удобност

Outlander е просечно удобен. Забележливо е  малку потскокнува при поминување на повисоки, остри препреки низ градските улици, но при помали брзини. На отворен пат и на повисоки брзини, Outlander се движи цврсто и самоуверено и има задоволителна удобност.

Бучен дизел мотор

Дизел моторот позајмен од VW, кој работи по стариот принцип на „пумпа прскалка“, е познат по гласното и нерафинирано работење. Очигледни се напорите од Mitsubishi да го “стишат”, но сега тој добива една спортска нота, посебно при наглите забрзувања. При повисоки брзини би можел да пречи звукот од ветерот, кој е присутен поради послабата аеродинамика. Болка која ја имаат речиси сите повисоки автомобили.

Возни својства

Недоволно прецизно управување

Управувањето кај Outlander не дозволува спортско возење.  Не е максимално прецизно при повисоки брзини и на кривулести патишта, а впечатлив е и фактот и дека нема добра повратна информација од подлогата, за поспортско возење.



Возна динамика стандардна за SUV со вакви димензии

Возната динамика е идентична како и кај моделите 4007 и C-Crosser, за кои пишувавме порано. Габаритот на самиот автомобил си го прави своето, па инерцијата се чувствува, и во кривини и при нагло забавување.

Веднаш се забележува дека кога е избран погон само на предните тркала, при посилни притискање на педалот за гас тие лесно пролизгуваат и го прават автомобилот малку неуправлив. Затоа, за поагресивно возење, препорака е активирање на погонот на сите четири тркала, кој овозможува многу подобри динамички возни својства, а и ги пегла грешките на возачот.

Само просечен на терен

И покрај тоа што може да се избере стандардна распределба на погонот на сите четири тркала и тоа 50:50, Outlander не е автомобил кој сака премногу да се валка по калливи терени, па затоа и неговата преодност е ограничена. Сметајте дека повеќе е замислен како автомобил кој може да извлече од снег во зима или пак во лето од песочна плажа. Посериозните терени не му се силна страна, слично како и останатите SUV шминкери.

Стабилно возење и при повисоки брзини

Outlander добро се лепи на подлогата дури и при повисоки брзини, влевајќи доверба и сигурност кај возачот и патниците. Единствено, при повисоки брзини, се чувствува навалувањето во кривините, но така е кај сите повисоки автомобили.

Солидни перформанси од дизелот

Дизелот позајмен од VW, целосно ги задоволува барањата за компактно SUV возило. Со 140 КС и 310 Nm при 1.750 врт/мин, моторот има доволно влечна сила за сите услови. Забрзувањето до стотка трае 10,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 187 km/h.

Сепак, во споредба со 2,2 литарската единица која се нуди во братучедите на Outlander (Peugeot 4007 и Citroen C-Crosser), овој дизел мотор има позабележителна турбо дупка и повлекува малку покасно. Впрочем и перформансите на тој мотор се подобри (9,9 секунди, 200 km/h). Истиот се нуди и со Outlander, но се уште не е достапен на нашиот пазар.

Солиден менувач

Иако не е спортски прецизно, менувањето на степените кај Outlander оди прилично лесно и без некој поголем напор.

Вредност

Според понудената опрема и цената, Outlander е еден од најисплатливите модели во својата класа.



Цена/Опрема

Она што го краси Mitsubishi, исклучително високата опрема, важи и тука. Моделот кој го имавме на тест, со Intense + ниво на опрема, имаше целосна електрика, сензори за дожд, автоматска клима со ладилник во фиоката, делови од кабината обложени со кожа, би-ксенон светла, 18 инчни тркала, систем за перење на фаровите, влез без клуч, специјален аудио Rockford&Fosgate систем со девет звучници вклучувајќи и вуфер во багажникот, Bluetooth систем, паркинг сензори, темпомат...

Вака богато опремен Outlander, со дизел моторот, чини 29.980 евра, што е одлична цена кога ќе се погледне што се нуди Intense + пакетот. Повеќе за цените и опремата на сите моделски изведби на Outlander можете да погледнете тука.

Потрошувачка

Дизел моторот кој се вградува во Outlander е од малку постара генерација, но и натаму успешно конкурира кога е во прашање потрошувачката.

Според фабричките податоци, таа изнесува 8,5 литри во град, 5,7 на отворено и 6,7 во просек. Реално, бројките се за околу половина литар повисоки од фабричките, што и натаму може да се смета за солиден резултат. Да споменеме дека пониска потрошувачка, може да се постигне ако се вози со погон на предните тркала. Погонот на сите тркала ја зголемува потрошувачката до 10%!

Безбедност

Mitsubishi Outlander освои солидни четири ѕвездички по старите тестирања на EuroNCAP и тоа само за еден бод ги пропушти сите пет. Од безбедносната опрема има 6 воздушни перничиња, ABS+ASC+TCS контроли при кочењето, стабилноста и тракцијата, светла кои го следат свиокот и појаси со автоматско дозатегнување.



За кого е овој автомобил

Сите кои се расположени за повисок, исклучително простран автомобил со голем багажник и доволна влечна сила, во потесниот список треба да го имаат Outlander. Јапонскиот SUV нуди одличен спој на удобност, перформанси и возни својства, со изразито висока функционалност и пространа кабина, а притоа е и меѓу најисплатливите модели во класата.  Дали е најубав во класата? Во ваква комбинација на бои, сигурно.

Предности:

-    Исклучително пространа внатрешност
-    Голем багажник
-    Високо функционална внатрешност
-    Подобрен квалитет на ентериерот
-    Врвна ергономија
-    Забележителен надворешен дизајн
-    Одлични возни својства (со вклучен погон на сите четири тркала)
-    Солидни перформанси од дизелот
-    Богата опрема
-    Врвен аудио систем
-    Цена


Недостатоци:

-    Бучен мотор
-    Послаби возни својства на терен
-    Воланот се подесува само по висина
-    Недоволно прецизно управување
-    Помалку употреблив трет ред на седишта


Mitsubishi Outlander - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Da vi se snevidi i vo japonskata tehnologija za teren ne e bas dobar a za na avtopat e premnogu bu4en dodeka za vo grad trosi mnogu kako i sekoj dr suv
Напишан од Techno Boy  пред  околу 71 месеци
GO IMAM ODLICEN E PROSTOREN I DR
Напишан од IVAN KOCANI  пред  околу 79 месеци
go probav mnogu e tvrd. Poveke mi se svidja toyota Rav 4
Напишан од selim  пред  околу 79 месеци
MITSUBISHI PRAVI SVOJ DIESEL MOTOR NE POZAJMUVA OD NIKOGO
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 82 месеци
bravo be kutivs nisto ne znaes pa najde ti da kazuvas na avtopat e zakon a ne tuareg golem i mnogu glomazen da nemozes vgrat da go izvadis tulku se raz biras ti pa najde da zboris
Напишан од m.t.  пред  околу 85 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил