Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > ТОП 5 > 5 причини зошто да купите BMW а НЕ Mercedes – Benz
 
Spodeli
20 ноември 2015, 11:58


5 причини зошто да купите BMW а НЕ Mercedes – Benz  5 причини зошто да купите BMW а НЕ Mercedes – Benz
Во светот на луксузните автомобили, има нешто што го знаеме како светото германско тројство – Mercedes – Benz, BMW и Audi. Но, ако бидеме искрени, главното ривалство е сепак меѓу Штутгарт и Минхен...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да, Audi можеби стигна близу до имиџот на другите два конкуренти, но тука ќе го изоставиме, бидејќи Mercedes vs. BMW одѕвонува некако подобро во ушите. Отсекогаш било Mercedes vs. BMW!

Многумина од вас веројатно веќе размислуваат за нов премиум модел и најверојатно се мислите меѓу еден од моделите на двете компании. Да бидеме реални – не можете многу да погрешите. Ривалството кое трае повеќе од половина век, придонесе и двете компании да донесат многу нови технологии и иновации и ултимативно да прават подобри автомобили, од што секако имаме корист ние купувачите.

Последниве неколку години и двата брендови навлегоа во многу нови сегменти на возила, погони и платформи. Причината е едноставна – кога еден од двајцата ќе повлече, го следи и другиот. Затоа Mercedes – Benz ја направи новата A Class како конкурент на BMW 1 Series, односно новиот GLE конкурент на BMW X6 и обратно, BMW го направи BMW 2 Series Active Tourer како одговор на Mercedes – Benz B Class…

Сепак, еден од двајцата беше поуспешен при оваа миграција во новите сегменти, а благодарение на иновациите има и целосно подобра моделска гама, освен во највисоката класа. Затоа, еве пет причини зошто да купите BMW автомобил, а не Mercedes – Benz.

1.    Сакате да го возите својот автомобил

Ова беше очекувано, нели. BMW бил и ќе биде подинамичен, позабавен и поспортски бренд од Mercedes – Benz. Тоа не е тајна. Нивните модели нудат многу подобро чувство зад воланот, подобри перформанси и многу подобра динамика. Возачот на BMW секогаш ќе има поголема контрола над возилото и повеќе ќе ужива додека го прави тоа. Затоа, доколку сакате да возите, BMW!



2.    Подобар баланс меѓу возните својства и удобноста
Последниве неколку години, Mercedes – Benz се обиде да внесе од динамиката на BMW во своите возила и обратно, BMW се обиде да ги направи поудобни нивните модели. Сепак, тука повторно е поуспешен BMW – многу од моделите од Штутгарт имаат тврдо возење, но и натаму не се на нивото на главниот конкурент кај возните својства. Оваа разлика не е многу голема, но ја има кај доволно модели за да дојдеме до заклучокот дека BMW има постигнато подобар баланс кај своите модели.

3.    Иновација

И двата брендови се меѓу најголемите иноватори во автоиндустријата, но BMW е видливо напред. Додека новите погони, како електричниот или на водород, кај Mercedes – Benz ги гледаме пред се кај концептни модели и како преправка на веќе постоечки модел, BMW има нова серија на електрични/хибридни автомобили – i3 и i8. BMW е генерално подобар и кога се во прашање напредните мултимедијални системи во ентериерот – iDrive е сеуште неприкосновен во авто индустријата. Што значи, ако сакате да бидете во чекор со највисоката технологија – повторно BMW!



4.    Поевтини за одржување
Повеќето од корисниците на премиум автомобил веројатно знаат дека ги очекуваат повисоки сметки за одржување, но ако има избор, секој би избрал да потроши помалку пари, нели? Моделите на BMW  имаат генерално поевтини сервиси, поевтини делови и пониска потрошувачка, иако разликите не се особено големи.

5.    Уникатни погони и платформи
Додека Mercedes – Benz почна да соработува со многу надворешни компании за нови платформи и мотори, BMW остана верен на своите технологии. На пример, A Class доаѓа со дизел мотор од Renault, кој исто така се вградува и во Dacia, нешто на кое нема да наидете кај моделите на BMW. Да, некои од нив ја делат платформата со Mini, но истата е производство на BMW. Да, Mini е BMW. Затоа, доколку сакате целосен премиум пакет – BMW!

Ви се допадна тоа што го прочитавте? Следете и понатаму за повеќе вакви текстови - ќе има и пет причини за Mercedes - Benz. Во меѓувреме, прочитајте зошто не треба да купите половен BMW автомобил, тука.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од ТОП 5



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил