Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест: Fiat 500 X Off Road 2.0 – неодоливо шармантен SUV
 
Spodeli
16 октомври 2015, 13:34


Тест: Fiat 500 X Off Road 2.0 – неодоливо шармантен SUV Fiat 500X CityLook Тест: Fiat 500 X Off Road 2.0 – неодоливо шармантен SUV
Во стилот на италијанската посебност, новиот Fiat 500 X е еден уникатен мал SUV, со дизајн и пристап кои ќе го стоплат и најладното срце, но и одлична функционалност и практичност, каква што се очекува од еден ваков автомобил....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најновиот модел во понудата на Fiat повторно го следи ретро јазикот кој започна со 500-ката, но во повисоко и поголемо пакување, како што налага трендот во Европа. За разлика од многу од конкурентите, 500 X има и понуда со погон на сите тркала, каков што беше моделот што го имавме на тест, што е одлична вест за авантуристите, но и за вистинско зголемување на безбедноста, кое инаку не би било можно со модел со погон само на предните тркала.

Дизајн
500 X се базира на дизајнот на ултра успешниот Fiat 500 и со право. Ретро линиите никогаш нема да застарат и шармот кој го носат кружните и меки надворешни форми на каросеријата не оставаат никого рамнодушен и зрачат со многу топлина. Всушност, смирениот преден дел е вистинско освежување во претераниот број на налутени предници, кои веќе станаа преагресивни за и за најмладите купувачи. Не, Fiat 50 X не е билдерот од теретаната кој ги вади сите свои мускули на виделина, туку е шармантниот заводник облечен во одело, со грижливо избран парфем и цвеќе во раката.

Но, што е со внатрешната убавина? Веројатно како ниту еден друг модел во SUV сегментот, 500 X ги преточува надворешните линии во внатрешноста. И тука, како и надвор, ќе налетате на многу кружни форми кои само го зголемуваат ретро шармот започнат однадвор, со внимание посветено дури и на најмалите детали, кои се издвојуваат од генеричките ентериери на кои навикнавме досега...



На пат

Перформанси
Малиот Fiat 500 X кој го имавме на тест, доаѓа со прилично моќен дизел мотор со 140 КС и 350 Nm, извлечени од зафатнина од 2.0 литри. Резултатот? Одлични перформанси во сите режими на работа и особено висока еластичност – на отворен пат можете да престигнувате и во повисок степен на пренос. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 9,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 190 km/h, што е сосема респектабилно за еден мал SUV и доволно да ги задоволи и поагресивните возачи.

Управливост/Удобност
Уште првите неколку километри со 500 X, забележавме дека суспензијата е малку потврдо подесена и дека ги пренесува поголемите дупки во внатрешноста, но возењето не е неудобно и се смирува при повисоки брзини на отворен пат. Потврдо подесената суспензија сепак си има и свои позитивни страни, а тоа е помалото намалување во кривините – 500 X се чини дека тука е најдобар во класата. Ова значи дека телото многу помалку ќе ви се движи лево – десно на кривулестите патишта, што во меко подесен автомобил знае да биде и заморно.

Од друга страна, ова значи дека автомобилот има и извонредни возни својства. Fiat 500 X вози како компактен автомобил и благодарение на 4х4 погонот со кој беше опремен тест автомобилот, скоро и да е елиминирана подуправливоста. Дури и при побрзите влегувања во свиоците, погонот одлично ја распределува силата и носот на автомобилот многу лесно може да се исконтролира, односно може да го насочите каде сакате. Со посилно притискање на педалата за гас, автомобилот преминува дури и во многу мала преуправливост, што го прави возењето исклучително забавно! А забавата уште толку се зголемува благодарение на директното управување и одличниот, прецизен менувач.



Погонот на сите тркала асоцира и на возење на терен. Секако, не помислувајте на тешки излети надвор од патот, но Fiat 500 X може многу лесно да премине преку полесните терени со кал, песок или снег, нешто со кое не можат да се пофали скоро ниту еден друг конкурент, бидејќи немаат модели со погон на сите тркала во понудата.

Рафинираност
Целосната рафинираност на подвозјето и звучната изолација се одлични, особено на поголеми брзини, со тоа што дизел моторот е прилично гласен при забрзување. На отворен пат се смирува, но не остава чувство на рафинираност, бидејќи покрај звукот, има и доста вибрации, кои се чувствуваат во внатрешноста. Претпоставуваме дека бензинските агрегати се подобри во овој поглед, но за да го потврдиме тоа ќе треба прво да ги повозиме.

Во кабината

Простор/Практичност
И покрај тоа што надворешните димензии, а особено должината од само 4273 милиметри не ветуваат особено пространа внатрешност, во кабината има доволно простор за четири возрасни патници и на предните и на задните седишта. Всушност Fiat 500 X е покомфорен дури и од некои модели од компактната класа, а на високиот комфор се придружуваат и одлични седишта, кои добро го опфаќаат телото и се доволно удобни и за подолги патувања.

Низ кабината има и доволно места за одлагање ситници и поголеми предмети и шишиња, а пред совозачот има и две големи фиоки. Багажникот брои 350 литри, што е помалку од другите модели во сегментот, но истиот има правилен облик, а со спуштањето на задните седишта се добива целосно рамен под, кој е многу корисен за товарање на поголеми и подолги предмети.



Ергономија
Зад воланот, седењето е малку пониско во однос на конкурентите во класата, што го прави чувството поспортско, но возачот и натаму има одлична прегледност на патот напред. Командите се одлично поставени и наоѓањето на идеалната позиција е многу лесно, додека средната конзола е секогаш на дофат на раката. Мултимедијалниот систем со екран на допир е лесен и интуитивен за користење и единствен недостаток му е што дисплејот има малку помала резолуција. Сепак, најважно за безбедноста е што возачот многу ретко ќе го оттргнува погледот од патот.

Опрема
Моделот кој го имавме на тест беше опремен со Cross ниво на опрема и моделската изведба Off Road Look. Опремен е прилично богато и единствен недостаток е тоа што е вклучена мануелна клима и што за автоматска треба да се доплатат 450 евра. Off Road Look изведбата донесува и поробусен надворешен изглед, кој ги нагласува теренските можности на погонот на сите четири тркала. Кај Fiat 500 X има и големи можности за персонализација, кои вклучуваат избирање на бои и за делови од внатрешноста, што уште толку го зголемува целосниот шарм на автомобилот.

Финансии


Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Цената на основниот Fiat 500 X со 1,6 литарски бензински мотор со 110 КС, погон на предните тркала и Pop ниво на опрема изнесува 15.980 евра, што е во рамките на сегментот. Сепак, моделот кој го имавме на тест чини 24.460 евра, што е прилично високо и покрај тоа што е опремен со погон на сите тркала, дизел агрегат со 140 КС и прилично богата опрема.

Дизел моторот е прилично штедлив дури и кога се вози поагресивно. Во град, потрошувачката изнесува од 7,5-8 литри, зависно од условите, што е одлично за толку моќен SUV со погон на сите тркала. На отворено, се симнува на 5,5 литри, до околу 6 литри на автопат. Просечно на тестот потрошивме 6,4 литри, што е и повеќе од задоволително за модел со погон на сите тркала. Потрошувачката може и дополнително да се симне со посмирено возење – дизелот на Fiat може лесно да се вози и на пониски вртежи, а благодарение на високиот вртежен момент.



Квалитет, доверливост и повратна вредност
Кабината на 500 X има исклучително прецизна изработка и дури и при возење на терен, не постои крцкање или тропање, што е позитивно изненадување кај Fiat. Одличен е и изборот на материјалите – пластиката не е најлуксузна, но делува цврсто и солидно. Големо внимание е посветено и на деталите, кои исто така се изработени од квалитетни и грижливо избрани материјали.

Во поглед на доверливоста, Fiat има забележано подобрување последниве неколку години, особено кај моторите, кои не појавуваат поголеми проблеми. Исто така, подвозјето е цврсто – се базира на Jeep Renegade, што значи дека може да се очекува целосна долговечност на возилото.

Безбедност
Fiat 500 X заработи четири ѕвездички на новите, строги тестирања на EuroNCAP, но во сите категории каде е тестиран е многу близу до максималните пет ѕвездички. Позитивно е што уште во основниот модел е опремен со целосна опрема за безбедноста, која вклучува 6 воздушни перничиња, цел сет на контроли за стабилноста (ESP+ASR+MSR+HBA+Hill Holder+ERM), како и достапен погон на сите четири тркала, кој помага во услови на лизгав коловоз.



Заклучок
Fiat 500 X има многу сличности со помалиот 500, кој и натаму ни е еден од најомилените автомобили во класата. Исклучително е забавен за возење – насмевката е скоро загарантирана, а исто така е привлечен и за гледање – крши многу вратови низ градските улици.



Можеби е малку потврдо подесен, што може да им пречи на повозрасните возачи, но Fiat и не цели кон нив, туку кон младите авантуристи на кои им е поважна динамиката на автомобилот, но и возливоста надвор од патот – со моделот со погон на сите тркала, кој многу конкуренти го немаат, можете да истражувате многу подлабоко и подалеку.

А најдобро од се, забавата во возењето не значи дека автомобилот не е функционален. Низ кабината има доволно простор и за патниците и за сите ситници, а багажникот, иако помал, има правилна форма и може да проголта доволно багаж.

Предности:
•    Висока динамика во возењето, особено кај моделот со погон на сите тркала
•    Директно управување, прецизен менувач
•    Пространа кабина
•    Практичен и функционален
•    Одлична ергономија зад воланот
•    Ниска потрошувачка

Недостатоци:
•    Дизел моторот е бучен при забрзување
•    Малку потврдо возење


Fiat 500X CityLook
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил