Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест на користен автомобил - Opel Insignia 2.0 CDTi
 
Spodeli
16 јуни 2015, 12:08


Тест на користен автомобил - Opel Insignia 2.0 CDTi Opel Insignia Тест на користен автомобил - Opel Insignia 2.0 CDTi
Моделот од средната класа на Opel е исклучително популарен кај нас, како за купувачите на нови, така и за купувачите на користени автомобили. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Затоа, токму Insignia е првиот модел на koli.com.mk за кој се одлучивме да направиме тест на половен автомобил. Низ разни факти ќе се обидеме да дојдеме до заклучок дали се исплати да се купи користена Insignia, и уште поважно, дали е доверлива?

На тест имаме Insignia Hatchback произведена 2009-та година , со поминати 120.000 километри, со дизел мотор со зафатнина од 2.0 литри и 131 КС. Опремата е прилично богата и вклучува речиси се што би вклучил нов модел од оваа класа со средно ниво на опрема. Автомобилот е увезен од Германија, што во конкретниов случај е предност, иако некои купувачи не веруваат во увезените автомобили однадвор.  За разликата помеѓу автомобили купени во Македонија и увезени од странство, поконкретно, подоцна во овој тест.
 
Но, да почнеме од почеток. 
 
Состојбата на автомобилот, генерално, е повеќе од задоволителна. Insignia со 120.000 Km е во полна кондиција. Моторот ја има силата, подвозјето се однесува речиси идентично како кај нов автомобил, автомобилот целосно е стегнат. Може слободно да возите и 190-200 Km/h (иако таква брзина во Македонија на ниеден пат не е дозволена), и се уште да имате целосна доверба, да се чуствувате безбедно и да имате целосна контрола врз автомобилот. 
 
Во однос на целосното искуство што Insignia го нуди, од тоа како вози и дали купувачот на овој половен автомобил ќе има вистинско чувство дека вози автомобил од повисоката класа. 
 
Висок квалитет на возењето
Уште кога ја пробавме Insignia како нов автомобил, забележавме дека има висок квалитет во возењето. Ова во превод значи дека има солидни возни својства и солидно ниво на удобност, односно дека во неа ќе уживаат и возачот и патниците. Insignia, е многу возлива, сака да ја возите динамично, но затоа не е најудобна во класата, или ако бараме споредба, тука е некаде во рамкките на германското тројство, заедно со Passat и Mondeo. Секако, поудобни модели во таа класа се Accord и Citroen C5 со хидраулична суспензија. Како и да е, компромисот меѓу возните својства и удобноста кај Insignia е извонреден, што заслужува огромна пофалба.
 
Дизел моторот има 131 КС при 4.000 врт/мин и висок вртежен момент од 300 Nm, достапен од 1.750-2.500 врт/мин. Ова го прави исклучително еластичен и релаксиран за возење, особено на отворен пат, каде престигнувањата се лесни и течни, дури и во повисоките степени на пренос. Тука секако помага и одличниот менувач со шест брзини, кој има одлично одмерени степени, со сила прилагодена низ сите степени, и низ голем интервал на вретжи. Навистина, можеби забрзувањата не се експлозивни (11,3 до стотка), но затоа сила има постојано. Максималната брзина од 202 km/h значи дека на автопат нема да заостанувате ниту зад многу помоќни автомобили.
 
 
Единствена замерка за дизел моторот е што е малку побучен при забрзувањата, но затоа рафинираноста при повисоките брзини е и натаму една од најдобрите во класата, со многу малку звук од гумите и ветерот и многу малку вибрации од подлогата. Всушност, тука Insignia делува како автомобил од класата повисоко, затоа е идеален за подолги патувања. 
 
Функционална и пространа
Благодарение на долгото меѓуоскино растојание од 2.737 милиметри,во insignia има доволно простор за возрасни патници и на предните и на задните седишта, каде единствено повисоките патници може да се пожалат на помалку простор за главата. Багажникот брои одлични 520 литри и може да проголта многу товар, а има и правилен облик. Моделот кој го возевме е хечбек варијанта, која е многу пофункционална од седанот, бидејќи отворот е многу поголем, па затоа внесувањето на поголеми предмети е полесно, што е една од причините што многу од купувачите во западните земји често се одлучуваат токму на оваа изведба, иако, рака на срце, седан изведбата изгледа попривлечно, или со поинаков израз - посекси.
 
Зад воланот, поставеноста исто така е многу удобна и лесно се наоѓа идеалната позиција, дури и за многу ниски и многу високи возачи. Реално, ни требаше малку подолго време да се навикнеме на централната конзола, која има премногу копчиња, но истите се барем поставени на дофат на десната рака.
 
Кабината е изработена од квалитетни материјали и пластиката на многу места е мека на допир. Кај оваа Insignia, има само мало, речиси незабележително крцкање на само еден дел од пластиката на средната конзола, кое лесно може да се отстрани, додека сите други делови во кабината се и натаму цврсто склопени. Кај Insignia е забележан голем напредок во однос на материјалите и квалитетот на централната конзола, нешто што како квалитет недостасуваше кај претходниците на Opel во истата класа. 
 
Богато опремена
Моделот кој го возевме е исклучително богато опремен, што и не е чудно, бидејќи е сепак увезен од Германија. Еве и целосна листа на опремата: Мултифункционален волан, Кожен волан, Систем за навигација, ДВД - 800 со картички презентација во боја со дисплеј, Патен компјутер, CD плеер со MP3, AUX-IN и MP3, ABS + ESP, Контрола на тракцијата, Двозонска клима, Електрични прозорци, Серво управувач, Контрола на патувањето, Централна брава со далечински управувач, Електричнa контрола на ретровизори, Електрика на прозори, Воздушни перничиња (предни, странични и воздушни завеси), Електричен Имобилизатор, Светла за магла, Филтер за честички, 17 " тркала со алу-бандажи, Комфор седишта, Патен компјутер со проверка на контрола, Електрична рачна сопирачка, Лумбарна поддршка на возачко седиште, Централен потпирач за раце, Внатрешен декор алуминиумски, Топлинска заштита / Боја на стакло и Дизел Филтер за Честички.
 
Се чувствуват ли годините?
Неколку пати сме имале можност да возиме по патиштата низ Германија и, јасно, нивниот квалитет е драматично подобар од оние кај нас. Големи дупки нема никаде, а и самиот квалитет на асфалтот е многу поголем, односно има многу помалку мали нерамнини. Тоа го штеди автомобилот, па затоа, кај конкретната Insignia што ја имаме на тест речиси и да не се слуша тропање на суспензијата или други делови од подвозјето, како што тоа би било случај со автомобил возен на Балканот, или конкретно во Македонија. 
 
Исто така, квалитетот на горивата во Германија е неспоредливо подобар со тој кај нас, или во другите земји на Балканот, па затоа и моторот не тресе, односно не е побучен отколку кога бил нов. Секако, автомобилот е редовно сервисиран во сервис во Германија, кој веруваме работи многу квалитетно и доверливо.
 
Поради ова и потрошувачката е слична, само малку покачена во однос на тоа кога автомобилот е нов. Производителот ветува 6,9 литри во град, 4,2 литри на отворено, односно комбинирана потрошувачка од 5,2 литри. Реално, потрошувачката е повисока од фабрички ветената и е некаде околу 7 литри. Од друга страна, препорачуваме избегнување на бензинците, кои се едни од пожедните во сегментот.
 
 
Дали се расипува?
Главни поголеми проблеми кои ги јавуваат корисниците на Insignia низ Европа се со електрониката во автомобилите. Сепак, ова се мали дефекти и се лесни и евтини за отстранување. Автомобилот кој го имавме на тест за среќа нема вакви пријавени дефекти.
 
Од механиката, најнежен дел кај дизелите е спојката, но тоа е потрошен дел. Други поголеми проблеми не се јавуваат и единствено би не загрижил проблемот со нечистите горива кај нас и филтерот за партикуларни честички, кој го има овој автомобил, а кој помага да се задоволи Euro 5 нормата за издувни гасови.
 
Многу е важно што автомобилот е добро заштитен од ‘рѓосување и има робусно изработено подвозје, кое може да истрпи многу километри. Кај многу модели на Opel и дизел моторот се има покажано како долговечен и не би требало да има проблеми со пумпите и турбо полначите.
 
Цена / Вредност
Оваа Opel Insignia моментално се продава по цена од 11.500 евра, што е многу коректно, особено што реално не се чувствуваат поминатите километри и автомобилот делува како нов. Недостатокот на механички проблеми, ниската потрошувачка, супер богатата опрема и пред се високиот квалитет во возењето, се адути кои не може лесно да се победат. За аргументот дека за тие пари може да се купи нов автомобил од компактната класа нема да расправаме, но факт е дека автомобил од повисока класа секогаш ќе биде подобар сопатник за долгите патувања.
 
Предности:
Висок квалитет во возењето – и удобна и стабилна
Тивка и рафинирана
Економичен и долготраен дизел мотор
Пространост и голем багажник
Богата опрема
 
Недостатоци:
Малку побучен мотор при забрзување
Мало крцкање од средната конзола
 
Најчести проблеми:
Електроника Ламела кај дизел моторите
Може да има проблем со филтерот за честички, а поради квалитетот на горивата кај нас
 
Се исплати ли?
Ќе почнеме од цената. Ваков модел, со овие параметри, во моментов има пазарна цена помеѓу 11.000 – 11.500 Еур, што е отприлика 50% од цената на ист модел, со ист мотор и слично ниво на опрема, во моментов, во Македонија. 
 
Кај конкретниот модел, она што го забележавме дека сигурно следно е за интервенција, е промена на предни дискови и плочки (кои во овластен сервис  чинат околу 300 Еур), но и потреба од промена на ребраст каиш (со водна пумпа), кои исто така заедно чинат околу 300 Еур. За оние кои сакаат да ризикуваат, наместо во овластен сервис, можат промената на овие делови да ја направат и независно од овлстениот сервис, што секако не е препорачливо, но  би се заштедило околу 50% од сумата.
 
Дополнително, пожелно е да се набават нови гуми кај конкретниот автомобил. 
 
Во пресметките за исплатливост на автомобилот, секако потрошувачката мора да се земе во обзир. Ваква Insignia, со 2.0 мотор, за километрите што досега ги поминавме троши 6,8 литри во просек. На отворено со форсирање, потрошувачката е околу 7 литри. Исто толку е и низ град, додека потрошувачка на отворено, штедливо, со темпо до кај 110-120 Km/h, потрошувачката паѓа и на околу 5 литри. 
 
Во однос на сервисните интервали, иако предефиниран интервал е 15.000 поминати километри, сега, на 120.000 Km, препораката е сервис да се прави на 10.000 Km, заради осетливоста на моторот. 
 
Ако направиме пресметка, за следните 100.000 Km, колку чини користењето на ваква Insignia, би дошле до следните бројки
  • Потрошувачка (7 литри во просек, 56,5 денари е литар дизел во моментов на пишување на овој текст) = 6.430 Еур, за гориво
  • Сервис, 10 сервиси по околу 120 Еур во овластен сервис = 1.200 Еур
  • Еднократни поправки, сега = 600 Еур (дискови, плочки, ребраст, водна пумпа) 
  • Нови гуми = ~600 Еур
  • Нови, неочекувани поправки = ~1.000 Еур
  • Загуба на вредност = 6.000 Еур
Вкупно, иницијалниот влог, независно од сумата за набавка на автомобилот изнесува 1.200 Еур (еднократни поправки и нови гуми), а вкупните трошоци за следни 100.000 Km, би биле 8.630 Еур. Ако на тоа се додаде и загубата на вредност што автомобилот би ја имал, а таа би изнесувала околу 6.000 Еур (сега вреди 11.500, а на 220.000 Км ќе вреди помеѓу 5 и 6.000 Еур), ќе добиеме вкупна бројка од 15.830 Еур. Ако тоа се подели на 100.000 планирани следни километри, се доаѓа до бројка од 0,1583 Eur за секој поминат километар, или тоа е околу 9,7 денари. Толку чини задоволството за користена Insignia, увезена од Германија, ако се вози од 120.000 до 220.00Km.
 
Доколку сакате да направите споредба со ист модел, но нов, ќе дојдете до други бројки. Отприлика, за модел од оваа класа, за првите 100.000 километри, вакви се пресметките
  • Потрошувачка 6,5 литри/100 Km = 5.971 Eur
  • Сервис (6 сервисни интервали) = ~ 1.500 Eur
  • Делови = ~500 Eur
  • Загуба на вредност (12.000 Еур загуба на вредност во први 100.000 Km)
  • Гуми = 600 Еур
Вкупно, сумата е околу 20.570 Еур, за први 100.000 Km, кај нова insignia со ист мотор и опрема, што значи еден поминат километар чини 0,2057 Еур = 12,6 денари, што е за околу 3 денари повеќе отолку да се вози истиот автомобил, од 120.000 до 220.000. Три денари излгедаат малку, но доколку се помножат по 100.000 поминати километри, разликата е околу 5.000 Еур. Толку повеќе чини задоволството да се вози нова наспроти користена Insignia, притоа несметајќи ја првичната инвестиција која е за околу 12.000 Еур повисока. 
 
Интерсно, доколку истата пресметка се направи, но не за следни 100.000 Км, туку за следни 50.000 Км, ќе се дојде до други бројки
  • Потрошувачка (7 литри во просек, 56,5 денари е литар дизел во моментов на пишување на овој текст) = 3.215 Еур, за гориво
  • Сервис, 5 сервиси по околу 120 Еур во овластен сервис =600 Еур
  • Еднократни поправки, сега = 600 Еур (дискови, плочки, ребраст, водна пумпа) 
  • Нови гуми = ~600 Еур
  • Нови, неочекувани поправки = ~500 Еур
  • Загуба на вредност = 3.000 Еур
Вкупно, 8.515 Еур, или тоа е 0,17 Eur за секој поминат километар= 10,47 денари, за користена insignia, од 120.000 до 170.000 Km
 
За нова insignia, од 0-50.000 Km, пресметките би биле
  • Потрошувачка 6,5 литри/100 Km = 2.985 Eur
  • Сервис (3 сервисни интервали) = ~ 750 Eur
  • Делови = ~250 Eur
  • Загуба на вредност (9.000 Еур загуба на вредност во први 50.000 Km)
Вкупно, тоа е 12.985 Еур, или, доколку се подели на 50.000Km, се добива бројка од 0,259 Eur / километар = 15.9 денари
 
Заклучок, кога и како најмногу се исплати да се вози insignia
- За поминуање на 100.000 Км
9,7 денари (120.000 – 220.000 Km)
12,2 денари (0 - 100.000 Km)
 
- За поминување на 50.000 Km
15,9 денари (0 - 50.000 Km)
10,5 денари (120.000 – 170.000 Km)
 
Разликите по поминат километар во денари излгедаат мали, но доколку се земе вкупната сума, разликите се прилично големи,
- За поминуање на 100.000 Км
15.772 Eur (120.000 – 220.000 Km)
20.478 Eur (0 - 100.000 Km)
 
- За поминување на 50.000 Km
12.926 Eur (0 - 50.000 Km)
8.536 Eur (120.000 – 170.000 Km)
 
За точноста на бројките, може да се остави простор за мала грешка при естимацијата, како и заради начинот како секој сопственик би го одржувал својот автомобил, но генерално, начинот на пресметка е тој.  Со оваа пресметка, за конкретен модел на користена Opel Insignia, пробувамеда ви го претставиме нашето размислување во однос на тоа, која е реалната пресметка и трошок.
 
Вие секако, може да си направите ваша пресметка. Insigniata што ја имаме на тест, секако ја препорачуваме, сега е идеалната комбинација на добиен квалитет на возење и трошок што се прави. Добивате квалитет на возење речиси идентичен како кај нов автомобил, а трошокот е помал. Секако, се знае дека најдобар автомобил е нов автомобил, но во ситуација каде македонскиот купувач е ограничен со буџетот, секако дека алтернативни решенија се добредојдени, особено ако сите карти се стават на маса, и се пресмета што се добива, а што се губи. 

Opel Insignia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил