Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Возевме: Peugeot 1.6 HDi CSS Performance Tuning
 
Spodeli
05 јуни 2015, 13:05


Возевме: Peugeot 1.6 HDi CSS Performance Tuning Peugeot 308 Возевме: Peugeot 1.6 HDi CSS Performance Tuning
„Чипувањето“, односно подобрувањето на перформансите на моторот со промена на чипот или на софтверот кај автомобилите е исклучително популарен во последно време, бидејќи за реално ниска цена, се добиваат многу придобивки...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Увозникот за гамата на возилата на Peugeot кај нас, „Еуроимпекс“ од неодамна е застапник за неколку различни тјунинг брендови, кои се осврнуваат на перформансите на моторот, издувниот систем и суспензијата. Тука, имавме можност да ги пробаме сите во хармонија, вградени во нов Peugeot 308 1.6 HDi, кој според фабричките податоци има 92 КС и 230 Nm вртежен момент, додека во тјунираната верзија има 115 КС и 280 Nm вртежен момент. Сето ова звучи добро на хартија, но дали навистина се пренесува во пракса?

Перформанси
Пред да го повозиме тјунираниот 308, имавме можност да повозиме фабричка верзија на моделот, која не беше подобрувана на никој начин. Според она што го имавме забележано и досега, дизелскиот агрегат на Peugeot е исклучително еластичен и лесен за возење, но во послабата верзија доаѓа со менувач со пет прилично долги степени на пренос, кои делумно ги расипуваат перформансите, иако добро делуваат на намалување на потрошувачката.

Вистинско изненадување потоа беше првото тргнување со тјунираниот модел со софтвер од производителот Aleintech. Уште веднаш се чувствува разлика во перформансите, а особено во еластичноста на моторот, кој сега многу полесно тегнеше уште од пониските вртежи на моторот. Всушност, благодарение на поголемиот момент и сила, не само што моторот овозможува повисоки перформанси, туку го прави и возењето полежерно и потивко, бидејќи нема веќе потреба од завртување до високите вртежи за постигнување на повисоки брзини. Кога сме веќе кај тие брзини, тука почувствувавме најмногу разлика – за разлика од фабричкиот модел, овој добро повлекува и над 140 km/h, а влева и поголема самодоверба при престигнување на нагорнини.



Според бројките, забрзувањето до стотка е намалено од 12,6 на 10,9 секунди, додека максималната брзина е зголемена од 180 на 196 km/h, што е прилично голема разлика во перформансите. Нашата забелешка дека степените на пренос се малку подолги останува и во тјунираниот модел и поради тоа не би можеле да кажеме дека со овој тјунинг, агрегатот би можел да биде директна замена на фабричкиот мотор со 110 КС, кој има менувач со шест пократки степени, но ова сега се чувствува многу помалку и реално не претставува некој особен проблем.

Сумирано, придобивките се навистина забележливи и дури и ја подобруваат безбедноста на автомобилот, бидејќи го намалуваат времето во кое се задржувате на спротивната лента кога престигнувате и воопшто, влеваат поголемо чувство на сигурност.

Суспензија

Покрај подобрувањата во моторот, моделот кој го пробавме имаше и спуштена суспензија за 15 mm, со нови спирали и амортизери од производителот Vockland, за кој Еуроимпекс исто така е застапник. Иако и фабричката 308-ка има одлично подесена шасија и суспензија и е една од најдобрите во сегментот кога се во прашање возните својства, спуштањето на тежиштето на автомобилот буквално како да отвори нов свет! Навалувањето во кривините кај тјунираниот модел е многу помало, а со тоа и држењето многу подобрено. Како да возите нов, поспортски автомобил. И најинтересно од се, ние не видовме некоја особена разлика во удобноста, освен при поминувањето преку поголемите дупки, кои се чувствуваат малку повеќе во внатрешноста. Сепак, со оглед на подобрувањата во динамичноста и агилноста и со тоа зголемувањето на безбедноста, за нас, малото намалување на удобноста не претставуваше некој особен проблем.



Има гаранција? Вреди за парите?
За возилата од гамата на Peugeot, Еуроимпекс ветуваат дека нема да има намалување на гаранција доколку сакате да го тјунирате вашиот автомобил. Исто така, производителот ветува дека на подолг рок, тјунираните модели нема да имаат негативно влијание врз моторот и неговата издржливост и долготрајност, а бидејќи се работи за Aleintech, кој е многу респектиран во областа, нема зошто не би им верувале.

Цената на тјунирањето инаку е околу 250 евра, зависно од моделот и според нас, особено доколку не ја скратува гаранцијата на автомобилот, вреди за секое евро. И повеќе од тоа. Едноставно, ќе се чувствувате како да возите целосно нов автомобил, помоќен, побезбеден и полежерен. За надградбата на суспензијата, секако, важни се вашите потреби и желби, па затоа би ја препорачале при тјунинг на помоќните модели, за да се добие поспортско чувство.



Исто така, според податоците на производителот, потрошувачката кај тјунираниот модел се намалува за 0,9 литри, што значи дека вложените пари ќе се исплатат на подолг рок, нешто што секако не е за занемарување.

CSS тјунингот во Еуроимпекс е достапен за сите марки и модели на автомобили, односно, сите мотори кои имаат компјутерска контрола на протокот на гориво и не е ограничен само на Peugeot возилата. Наскоро, ќе пишуваме и подетално за сите придобивки, во ексклузивно интервју со Зоран Темелковски, одговорниот за оваа дивизија во Еуроимпекс.


Peugeot 308
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил