Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > ТЕСТ - Fiat Punto Evo - Еволуцијата започна!
 
Spodeli
28 април 2010, 02:45


ТЕСТ - Fiat Punto Evo - Еволуцијата започна! Fiat Punto ТЕСТ - Fiat Punto Evo - Еволуцијата започна!
Слоганот на торинскиот производител е People First, Then Car. Малку зборови, но со многу тежина. Италијанците од Fiat секогаш умееле да понудат автомобил кој до максимум ќе ги задоволи апетитите на сите во автомобилот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Традицијата на создавање на совршени, мали градски автомобили Fiat успешно ја пренесува низ историјата, а до ден денес постојано  нуди автомобили кои се вистински по меракот на купувачите, особено за пазари каков што е македонскиот.
Ќе ви простиме доколку зборот Evo ве асоцира на друг автомобил полн со рели трофеи во витрините. Кај Punto, Evo значи еволуција. 
Ќе пробаме да ви ја доловиме еволуцијата..

Изглед

Надвор - Стилот не се менува

Фантастичната силуета што ја замисли Guigarо кај Grande Punto доживеа само мал facelift, Однадвор, Punto Evo е како нашминкано Grande Punto. Благ редизајн на предните и задните светла, како и на предната маска... Истиот автомобил, но малку поубав.

Внатре - Подобрувањето се забележува

Она што е вистинска еволуција е внатрешноста. Подобар во секој поглед од претходникот. Речиси целиот ентериер доби нов дизајн, посебно инструмент таблата. Брзиномерот и покажувачот на вртежи сега се повеќе се како во Bravo или Delta, делуваат моќно и класично спортски, со впечатлива изведба во форма на круг – како што сакаат традиционалните спортски вљубеници во автомобилите.

Многу подобар квалитет на материјали

Значително подобри се материјалите користени во внатрешноста, а мошне впечатливо делува изработката на централниот дел, каде најсоодветен збор би бил англискиот “shiny”… како да е лакирано, свети.. Различните видови на текстури и бои доловуваат посериозен пристап, па кога е во прашање ентериерот и чувството на  престиж (секако во рамките на класата), Punto Evo и тоа како е подобар од своите конкуренти.

Седиштата имаат добра странична потпора. Лесно воочливо е дека е посветено големо внимание на дизајнот, а патем и одлично го држат телото. Исто како и кај претходникот, седењето е прилично високо.

Солидна прегледност

Високото седење значи и подобра прегледност, со мал исклучок во пределот на предните столбови, но со забелешка и на малите димензии на повисокото задно стакло, благодарение на што се бара и повешто справување со паркирањето во рикверц.

Солидна ергономија

Речиси се е поставено на дофат на раката на возачот, па преголеми движења и оттргнување на погледот од патот не е потребно. Она што делува несвојствено е командата за бришачите. Наместо “нормалното“ горе - долу, командата за бришачи се вклучува со вртење, што секако не оди во прилог на високата ергономија.

Простор

Многу простор напред
Простор на предните седишта има на претек, Punto и тука е во врвот на класата. Сосема доволен простор и за луѓе со поголеми димензии.

Просечна понуда на простор на задната клупа
Солидната понуда на простор напред не е целосно пренесена и на задната клупа.

Багажен простор
Punto Evo е во просекот. Багажниот простор изнесува 275 литри.

Просечна практичност

Типичниот италијански стил не овозможува преголема практичност во внатрешноста на автомобилот. Просторот за пијалак пред менувачот, неколку мали делови за оставање на мобилен телефон и некои ситни предмети... Во Punto Evo нема преголем простор за оставање на ситници.

Со навалувањето на задната клупа се ослободува голем багажен простор. Така, од 275 литри волумен, со спуштање на задната клупа се создава простор од 1030 литри, што Punto Evo го чини максимално функционален при пренос на поголеми предмети.

Комфор

Отсекогаш бил удобен

Удобноста секогаш била силна страна на Fiat автомобилите. Традицијата продолжува и со Punto Evo. Покрај седиштата, кои се сосема комфорни, цврстата шасија не дозволува пренесување на ударите од патот во внатрешноста.  Целосно гледано, удобноста е на повисоко ниво од претходникот Grande Punto, и е на високо скалило ако се споредува со речиси сите конкуренти од класата.

Подобрена звучна изолација

Звучната изолација кај Punto Evo навистина заслужува префикс “еволуција”. Шумовите од воздухот и звукот од гумите при поголеми брзини се веќе минато. Како во класа поголем автомобил.


Возни својства

Динамика?

Иако наизглед спортски, Punto Evo повеќе се однесува како семеен градски автомобил. Премногу спортски перформанси и динамика во возењето не може да се бараат од автомобилот кој повеќе е наменет за уживање во возење, посебно на лошите и нерамни патишта какви што има кај нас. 

Летаргичен мотор

1.4 бензинецот со 77 КС e малку летаргичен и не нуди силно потегнување нанапред. Едноставно, кај Punto Evo лесно се воочува поголемата тежина на автомобилот.

Што велат бројките? До стотка забрзува за 13,2 секунди, а максималната брзина изнесува 165 км/ч. Максималниот вртежен момент изнесува 115 Nm.

Солидна управливост

Ниту управувањето не дозволува некоја претерана спортска динамика, а за поздравување е City функцијата, за која симнуваме капа. Со едноставно притискање на едно копче, значително се олеснува вртењето на управувачот, а дополнително, се намалува и кругот на вртење на управувачот, што го прави Punto Evo исклучително лесен за паркирање и маневрирање низ тесни улички.

Недоволна стабилност

Punto Evo заостанува зад најстабилните автомобили во класата. Тоа најдобро се согледува при поголеми свиоци, каде што автомобилот покажува подуправливост, односно тенденција на бегање кон надворешнот дел од кривината, но и благо навалување.

Менувачот го држи просекот во класата

Punto Evo има солиден менувач, се кој лесно се маневрира низ град, но впечаток е дека во класата има автомобили кои имаат подобри менувачи.

Вредност

Сосема коректна цена и ниво на опрема

Повеќе за моделските изведби и нивоата на опрема на новото Punto Evo можете да погледнете тука.

Тестираниот модел е 1.4 Dynamic, со пет врати и клима уред, радио/CD/MP3, централно заклучување, електрика на прозори напред, ABS и две воздушни перничиња. Поволен компромис меѓу вложеното и добиеното - цената со ова ниво на опрема е една од најниските во класата.

Потрошувачка

Потрошувачката на Punto Evo и баш не му е силна страна. Фабричките податоци ветуваат просечна потрошувачка од 5,9 литри на 100 км. Реално, на тестот, просечната потрошувачка беше за литар повеќе. Со лежерно возење низ град може да се очекува 7 до 7,5 литри на 100 км, а со малку повеќе динамика, лесно може потрошувачката да се искачи и до 9 л/100 км. На отворено, потрошувачката се движи околу 5,5 литри.

Безбедност

Punto Evo се уште не е тестиран од EuroNCAP краш тестовите. Како најава, неговите претходници, лесно ги освојувале високите 5 ѕвездички

За кого е овој автомобил?

Иако италијанец, Punto Evo нуди германски разум и претставува рационален избор. Секако, има симпатичен дизајн, нуди особено пространа внатрешност, висока завршна обработка и квалитетни материјали, а единствена забелешка се возните својства, благодарение на кои не може да им конкурира на најдинамичните автомобили во класата, кои имаат потврдо подесена суспензија и кај кои се чувствува речиси секоја нерамнина.

Генерално, заклучок е дека Punto навистина созреа – вистински избор за сите кои сакаат автомобил со поспортски изглед, а кој има универзални карактеристики и предности.

Предности:
•    Симпатичен надворешен дизајн
•    Квалитетна внатрешност
•    Пространа кабина
•    Солидни седишта
•    Висока удобност
•    Одлична звучна изолација
•    City мод на работа на воланот, за полесно маневрирање низ градските улици
•    Коректна цена и богата опрема

Недостатоци:
•    Послаба возна динамика
•    Летаргичен мотор
•    Висока потрошувачка (споредено со конкурентите)
•    Помалку прецизно управување


Fiat Punto
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Ova e zastava nemam verba vo fiat
Напишан од Cufi  пред  околу 86 месеци
Ovie Italijancive se maheri za dizajn. Fiatite kako marka se mnogu dobri no edinstvena mana im e toa sto imaat mnogu nezna prednica. Evoto za tie pari e TOP.
Напишан од Igor  пред  околу 87 месеци
kolata e katastrofa teska
Напишан од pero  пред  околу 88 месеци
Kolava e gubre!!!
Напишан од BOBI  пред  околу 89 месеци
iako sum fan na Audi treba da bideme realni i iskreni novoto Polo ne moze so Grande Punto znaci ako e nekoj golf podobar od Stilo ili od Bravo ne moze polo da bide isto taka a ja zboruvam samo za poslednata serija na GrandePunto najposakuvaniot gradski avtomobil
Напишан од tetova  пред  околу 90 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил