Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Квалитетни и испитани половни возила од Volkswagen
 
Spodeli
22 април 2010, 01:15


Квалитетни и испитани половни возила од Volkswagen  Квалитетни и испитани половни возила од Volkswagen
Омилената марка на половни автомобили на нашиот пазар, наскоро ќе биде достапна и преку Das WeltAuto програмата, преку која ќе може да се набави испитано половно возило од програмата на германскиот производител...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Преку оваа програма, Volkswagen ветува дека купувачите ќе искусат квалитет и перформанси, кои одговараат на брендот, односно на она што купувачите го навикнале кај овој производител. Кристјан Клинглер, членот на управниот одбор на Volkswagen AG одговорен за продажба, надополни: „Одејќи во чекор со имплементацијата, ќе бидат поставени јасни стандарди и ветување за квалитет, како и атрактивни цени за сите возила од Das WeltAuto брендот. Сето ова ќе биде имплементирано во светски рамки“.

Целта на оваа програма, односно на брендот Das WeltAuto, е и купувачите на половни автомобили да добијат проверено и квалитетно возило. За истото тие ќе добијат и соодветна гаранција, а дури и ќе можат да го вратат производот доколку не ги исполнил нивните очекувања. За што полесно да дојдат до својот автомобил, на купувачите ќе им биде овозможено и олеснето плаќање преку кредит или лизинг.

Покрај сето претходно наведено, на купувачите ќе им биде овозможено да изберат модификација на возилото, било од козметичка или од технолошка природа. На овој начин тие лесно ќе го персонализираат автомобилот по своите желби и потреби.

Лансирањето на брендот Das WeltAuto на светските пазари, ќе биде поткрепено и со соодветна маркетинг кампања, преку која дилерот ќе се обиде да ја продлабочи довербата кај купувачите во брендот на Volkswagen. Промотивен материјал за кампањата, ќе се дели кај сите дилери на возилата на овој бренд.

На овој начин, концернот Volkswagen отвора сосема ново подрачје во дилерството на возила, односно продажбата на половни возила. Ако не сме целосно сигурни за успехот на странските пазари, за успехот на ваквата програма на нашиот пазар не се ни сомневаме, посебно по последните случувања во врска со увозот на половни возила.





Стари коментари
Vo Hrvatska veke go ima, no cenite se malku soleni
Напишан од goran  пред  околу 83 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил