Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Toyota Yaris 1.0 VVT-i
 
Spodeli
17 февруари 2015, 01:22


Тест – Toyota Yaris 1.0 VVT-i Toyota Yaris Тест – Toyota Yaris 1.0 VVT-i
Иако не е целосно нов модел, барем однадвор, освежениот Yaris изгледа многу поагресивно, поспортски и генерално далеку подопадливо од претходникот. Од Toyota велат дека има и промени под убавото лице и тоа наменети за возачите со спортски амбиции, но и во поглед на целосниот квалитет на возењето, о...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сепак, Toyota направи чекор поназад во однос на функционаноста - не ја повторни можноста која ги карактеризираше двете претходни генерации, како на пример задната клупа која можеше да се помери напред – назад, односно да и се навали наслонот, што привлече многу купувачи. Во превод, се придружи на концептот за градско возило како што вообичаено го замислуваат европските дизајнери – мал, забавен за возење и допадлив однадвор, со тоа што Yaris e маил и допадлив, ни никако забавен за возење. Го загуби ли и јапонскиот шарм по пат? 
 

Дизајн

Визуелно, главната промена во однос на моделот пред фејслифтот е предната маска, која сега го има “X” изгледот на новото Aygo и делува многу поагресивно. Всушност би отишле дотаму и ќе кажеме дека дури и целосно го менува карактерот на возилото. Промени има и во задниот дел, каде светлосната група е нешто помала и со нова графика, што исто така оддава спортски амбиции и помодерен, млад изглед. Странично, промените се минимални, но и покрај тоа, затегнувањата напред и назад се чини се доволни за новиот Yaris да биде еден од подопадливите модели во сегментот.
 

На пат

Перформанси

На тест го имавме веќе добро познатиот 1.0 литарски бензинец со три цилиндари и сила од 69 КС и 93 Nm при релативно високи 3.600 врт/мин. Тоа е застарен мотор,  што речиси цела деценија се вградува во моделите на Toyota и го карактеризира лесно вртење до високите вртежи, голема еластичност, но и непријатна бука и висока потрошувачка. Сепак, не се гуши при ниски вртежи како многу други помали атмосферски бензинци во класата и лесно може да се вози и во повисок степен на пренос. Менувачот има долги односи, кои ја намалуваат потрошувачката, но и ги расипуваат перформансите и се чини се „криви“ за забрзувањето до стотка од 15,3 секунди, односно нешто потешкото престигнување по нагорнини. Максималната брзина изнесува 155 km/h, што е во рамките на класата.
 
 

Управливост/Удобност

Иако кај моделот пред фејслифтот забележавме потврда суспензија, која не изненади бидејќи сепак се работи за Yaris, кај овој модел автомобилот подобро се однесува во однос на нерамнините на патот, правејќи ги и подолгите патувања релативно поудобни во однос на својот претходник.
 
Од Toyota велат дека освежениот модел е и позабавен за возење, но, ние не успеавме да забележиме некоја поголема разлика и Yaris и натаму е еден од помалку забавните мали автомобили, со послаба динамика во возењето од најдобрите. Доволно е се чини што подобрувањата не се на сметка на влошена удобност. Напротив. 
 
Она што веројатно сакале да го постигнат инженерите е Yaris да биде безбеден и лесен за возење автомобил. Можеби не е забавен како другите, но затоа е доволно стабилен и при повисоки брзини, а менувачот, педалите и воланот се едни од најлесните за вртење, што го олеснува возењето во градски услови и го прави автомобилот идеален за дамите. Yaris има и најмал круг на свртување во класата, што го прави да делува како многу помал автомобил низ тесните паркинзи.
 

Рафинираност

Иако при забрзување малиот трицилиндарец одекнува со карактеристичниот  трицилиндричен звук во кабината, на повисоки брзини Yaris е тивок и лесно може да се разговара во кабината до брзини од 140 km/h, што е одлично постигнување за толку мал автомобил. Генерално, недостасуваат и вибрации и удари од подвозјето и кабината останува смирена. И моторот, иако со три цилиндари, работи без многу вибрации.
 

Во кабината

Простор/Практичност

Како и своите претходници, и новиот Yaris е најпространиот автомобил во сегментот. На задната клупа лесно можат да се сместат и повисоки патници, со простор и за главата и за колената, додека напред евидентна е големата ширина меѓу возачот и совозачот. Багажникот брои 286 литри, што е во просекот на класата. А најдобро од се, Yaris има и најмали надворешни димензии во класата!
 
Во поглед на практичноста, јапонскиот малечок е меѓу подобрите во сегментот и има многу места за одлагање ситници во кабината, а со спуштањето на задните седишта се добива рамен под. Сепак, ја нема задната лизгачка клупа од претходникот, што според нас е голем недостаток и покрај тоа што таква нема ниту еден друг конкурент.
 
 

Ергономија

Зад воланот, возачот лесно може да најде добра позиција за седење, иако во основниот модел недостасува подесување на воланот по длабочина. Сите команди се на дофат на раката, а копчињата се големи и лесно читливи. Главните команди се лесно достапни и на совозачот, особено оние на аудио уредот, а уште во основниот модел се достапни и команди на воланот, што е вистинска реткост во класата. Седењето, за разлика од претходникот е пониско, но и натаму повисоко во однос на конкурентите, што е добро за видливоста во град, а возачот лесно може да ја најде вистинската позиција благодарение на подесувањето на воланот по височина и длабочина уште во стартниот модел.
 

Опрема

Уште во основниот модел, Yaris е опремен со целосна опрема за безбедноста, како и електрика на предните прозори, клима уред, електрика и грејачи на ретровизори, аудио систем со USB+AUX и 6 звучници, контроли за аудио уредот на управувачот, возачко седиште и волан подесиви по височина... Ценовник и опрема, тука.
 

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка

Со стартна цена од 10.990 евра за изведбата Ready, Yaris е еден од најскапите модели во сегментот, независно од богатата опрема која ја нуди и гаранцијата од 5 години, односно 160.000 km. Од изведбите, препорака е Terra, која ја имавме на тест и чини 11.490 евра. 
 
Најмалиот мотор во понудата е економичен во рамките на очекувањата - во градски услови постигнува потрошувачка од 6,2 литри гориво. На отворено, потрошувачката е околу 5 литри, но само до брзини од 80-90 km/h. Бидејќи се работи за агрегат со мала зафатнина, потрошувачката на реалните брзини на отворено, на околу 110-120 km/h изнесува околу 6 литри, бројка слична на онаа од градските услови. Сепак, ова е случај со сите автомобили од ниската класа со помали мотори. 
 
 

Квалитет и доверливост

Како и секогаш, главен адут на Toyota е квалитетот. Јапонците ветуваат дека ова особено ќе биде изразено кај новиот Yaris, благодарение на новиот процес на дизајн и производство на деловите и целосниот производ (строгата контрола за квалитет на Toyota сега е присутна и кај добавувачите на делови), кој ќе придонесе моделот на Toyota да биде најдоверлив модел во класата, што во превод значи долговечност.
 
Во однос на автомобилот пред фејслифтот, подобрен е и квалитетот во внатрешноста, која сега е рамо до рамо со најдобрите во класата.
 

Безбедност

Чисти пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP и одлични резултати во сите категории и не се изненадување – Yaris во сите генерации беше еден од најбезбедните во класата. Безбедносната опрема во стартниот модел вклучува ABS+EBD+BAS, 4 воздушни перничиња и Isofix подготовка за детско седиште.
 

Заклучок

И покрај поагресивниот дизајн однадвор, Yaris и натаму остана смирен и пред се, лесен за возење автомобил. Додека конкурентите даваат се поголемо значење на забавата во возењето, кај јапонскиот модел главна улога има леснотијата во управувањето. Мал е, полесно се паркира и вози, има многу места за ситници во внатрешноста и е удобен дури и преку поголемите дупки. Без намера да правиме поделба, токму поради тоа повеќе би одговарал на понежниот пол, иако, адут на Yaris е и пространата внатрешност. Оние што се зависни од подинамичното возење, пак, подобро ќе бидат послужени од другите модели во класата.
 

Предности:

Исклучително пространа внатрешност
Лесен за возење и паркирање
Удобност
Одлична ергономија
Квалитет на материјалите о внатрешноста

Недостатоци:

Послаба динамика во возењето
Недоволно прецизно и директно управување
Просечни перформанси од основниот мотор, комбинирани со просечна потрошувачка
Висока цена

Toyota Yaris
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил