Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > SUV за новата доба - Kia Sportage
 
Spodeli
16 април 2010, 15:26


SUV за новата доба - Kia Sportage KIA Sportage - ne treba ova SUV за новата доба - Kia Sportage
Од обичен корејски автомобил од средината на 90тите, Kia Sportage се претвори во урбан градски убавец, премиерно претставен на саемот во Женева. По Procee'd и Soul, Kia има уште еден модел кој може да се пофали со својот изглед и дизајн...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кога беше претставен во 1993 година, владееше мислење за несигурниот корејскиот производител кој сака да се пробие на европскиот пазар. Во Македонија, KIa пристигна со моделот Pride, модел направен на некогашната Mazda 121. Со текот на времето, Kia стануваше се поозбилна и се поважен играч на светските и европските пазари.

Почетокот на новиот век, беше вистинска пресвртница за Kia. Автомобилскиот свет беше шокиран од 7 годишното владеење на Cee'd, а потоа пристигна и урбаниот Soul. Но тука не е крајот на овие изненадувања од Кореја, бидејќи на вратата чука нов модел со привлечен дизајн. Станува збор за новата генерација на Sportage.



Новиот SUV од Kia со право го носи епитетот урбан. Но настрана од урбаноста, Sportage е стилски привлечен, со сосема нов дизајнерски пристап. Hyundai IX35 и неговиот нов брат од Kia семејството очигледно се многу послични отколку Tuscon и Sportage од 2004 година, но нашето мислење е дека Sportage e далеку подобро естетски дизајниран. Од аспект на изгледот, Sportage носи потполн нов дизајнерски впечаток, а рамо до рамо може да се носи со останатите SUV автомобили на пазарот.

Новата генерација на Sportage е подолга за 90, поширока за 15 и пониска за 60 мм од претходната. Новиот тренди дизајн, не ги наруши главните SUV одредници, како високото седење, поголемо чувство на сигурност и моќната појава на патиштата. Новиот Sportage е многу подинамичен, а исто така на високо ниво е донесена и аеродинамиката. Коефициентот на отпор на воздухот од 0,40, редуциран е на о,37, што за ваков автомобил, претставува податок за фалење.



Забележителното зголемување на димензиите, ја зголемува и масата на автомобилот? Не, сепак не е така. Sportage е “ослабен“ за 91 кг, а со намалувањето на висината, редуцирана е и оддалеченоста од подлогата, што е доволен показател за димамичките возни особини. Освен должината и ширината, профитираше и меѓуоскиното растојание кое е зголемено за 10 мм. Исто така зголемена е и ширината на тркалата, предните за 74, а задните за 75 мм.

Kia со новиот Sportage сака да ги задржи постојаните, но и да привлече нови купувачи. Главен адут ќе биде новата металик “Techno Orange“ боја, со хромирани детали на маската на моторот. Во ентериерот, се забележува високиот стил и естетиката на надворешниот дизајн. Во понудата ќе бидат две нивоа на опрема (LX и EX) со голем список на додатна опрема. Освен поголемата пространост, подобрена е и прегледноста за возачот.

Висината на седиштата е смалена за 29 мм, а оквирот на вратите е повисок за 31 мм, со што се олеснува влезот и излезот. Четворокракиот управувач и мерачите се сместени во три куќишта во цилиндричен облик, кои полека стануваат заштитен знак на Kia.



Багажникот е зголемен, благодарение на зголемувањето на задната оска. Со подигнатите наслони, багажниот простор е за 80 мм подолг и 110 мм широк. Со тоа, истиот има капацитет од 564 до 1353 литри. Новиот Sportage ќе се произведува во новата модерна фабрика во Словачка.

Почетокот на продажбата носи дволитарски бензински и дизел мотор, на кои при крајот на годината ќе им се придружи 1.7 - литарскиот дизел и 1.6 GDI моторот. Дволитарскиот R мотор е новиот член на семејството на дизелски мотори на Kia, а се очекува неговата популарност кај купувачите на Sportage. Дволитарскиот бензинец Theta II дава поголема моќ, поиздржлив е и поштедлив од својот претходник. На крајот на годината, Kia ќе понуди и Start & Stop систем за 1.7 - литарскиот дизел и 1.6 GDI мотор.

На купувачите во Европа ќе им биде понуден погон на предните и погон на сите тркала, со рачен менувач од 5 или 6 степени на пренос, како и 6-степенски автоматски менувач со посилните мотори. Заедно со Sorento, Sportage ќе ја зголеми и засили продажбата на Kia мотори на европскиот пазар, а продажбата треба да започне во текот на летото.





Стари коментари
JEEP SO JAPONSKI GENI
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 90 месеци
Киа се надмина себеси со новиот sportage. Едноставно дизајнот е предобар и најмогу ми се допаѓаат новите мотори кои немаат којзнае колкава зафатнина што значи дека е намалена и потрошувачката.
Напишан од Петре  пред  околу 93 месеци
Hyundai се за нијанса подобри и затоа и нивната цена е за нијанса повисока, но кај помалите модели цената е веќе иста така да јас преферирам Hyundai а и ix35ката е подобарa од Kia Sportage како надворешно така и во внатрешноста.
Напишан од Dimitar  пред  околу 93 месеци
kia i hyndai se ista firma i navistina poslednive 2-3 godini kia nudi pravi avtomobili i soodnos cena -kvalitet
Напишан од ratkapna  пред  околу 93 месеци
Квалитет на страна, дали се споредува со Q5, X5, Captiva, па да не речам и Q7? Во смисла на дизајн и естетика. Според мене, рамо до рамо е со нив.
Напишан од Mr.Doni  пред  околу 93 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил