Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Toyota Corolla 1.4 D4-D Terra
 
Spodeli
10 април 2010, 17:46


Тест – Toyota Corolla 1.4 D4-D Terra Toyota Corolla - old Тест – Toyota Corolla 1.4 D4-D Terra
Уште со лансирањето на првата генерација пред околу половина век, Corolla се наметна како доверлив, евтин и достапен автомобил. Ваквиот концепт функционираше беспрекорно низ историјата, па затоа Corolla е најпродаваниот автомобил на сите времиња (сите генерации што го носеа името Corolla, заедно). ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот модел, кој на пазарите во Европа се нуди само како седан изведба, покрај претходно споменатите адути, нуди повисоко ниво на луксуз и комфор, ѕиркајќи помалку и во класа погоре.
 
Изглед
 
Американски дизајн надвор
 
Иако не е радикален, изгледот на новата Corolla прилично се разликува во однос на претходната генерација, која беше само продолжена хечбек изведба. 
 
Интересно, наместо да го земат Auris како база за дизајнот и од него да изведат седан автомобил, инженерите во Toyota се одлучија за целосно различен дизајн во однос на хечбек полубратот. 
Резултатот е класично дизајнирана лимузина, со доста американизирани елементи. Не толку модерно или динамично, повеќе класично и елегантно.
 
 
Посебно е забележителна предната маска, со светла кои се протегаат како крилја кон краевите на каросеријата, каде се слеваат во флуидната странична линија, која завршува во високо поставените задни светла со неодредена геометриска форма.
 
Класичен дизајн на ентериерот, со неколку интересни детали
 
Во внатрешноста не се експериментирало премногу. Се е складно дизајнирано, со карактеристична поставеност на средната конзола за еден семеен автомобил. Сепак, има некои елементи, како копчињата за климата, чии рабови светат мошне необично кога ќе се притиснат и даваат доза на луксуз. На ова се придружува и инструмент таблата со 3D изглед – стрелките се движат околу два дисплеи и овозможуваат интересно визуелно доживување.
 
Возни својства
 
Возна динамика
 
И покрај солидните перформанси и одличната стабилност, Corolla не нуди најдобри динамички возни својства. Автомобилот не реагира најбрзо на наглите промени на правецот, што се должи пред се на малку помеко подесената суспензија. Сепак се работи за семеен автомобил.
 
Управувањето не дава доволно повратни информации од патот
 
Идејата со Corolla е да биде максимално едноставна и корисна. Затоа, управувањето е исклучително лесно, што го олеснува возењето низ град, но затоа, при повисоки брзини, управувачот станува непрецизен и не враќа доволно информации од патот, што го отежнува брзото и динамично возење во свиоци.
 
Стабилноста на повисоки брзини е на високо ниво
 
Можеби не е толку динамична, но Corolla се однесува сосема стабилно и предвидливо при повисоки брзини. Вистински автомобил за отворен пат, за мирно и релаксирачко возење. 
 
Малиот дизел овозможува одлични перформанси
 
Малиот 1,4 литарски дизел мотор со 90 КС, првенствено е наменет за штедење. Сепак, тоа не значи дека скратува на перформансите. Благодарение на високиот вртежен момент и одличниот 6- степен мануелен менувач, штедливецот постигнува уверливи перформанси, посебно при брзини до 120 km/h. Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка трае 11,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 175 km/h.
 
Во пракса, моторот потегнува многу рано, уште од ниски вртежи, но не се буни да се заврти и повисоко, кога произведува звук сличен на бензинец. Најоптимално е да се вози во границите од 1.800 до 3.000 врт/мин, кога на сила стапува максималниот вртежен момент од 190 Nm, кој овозможува течни и лесни престигнувања.
 
Врвен менувач
 
Како кај секоја Toyota, целосно новиот 6-степен менувачот е на ниво на задачата. Извонредно е прецизен, со кратки одови и лесно префрлање од една во друга брзина. 
 
Комфор
 
Удобност како од средната класа
 
Corolla меко поминува врз честите нерамнини на нашите патишта, не заморувајќи дури ни по подолг престој во автомобилот. На ова би ја додале и високата оценка за седиштата, кои нудат одлична потпора за грбот и солидна странична поддршка, факти кои гарантираат удобност.
 
Простор
 
Напред – комфорно и за двајцата патници
Забелешка за просторот на предната клупа нема – и двајцата патници седат комфорно, со доволно простор за главата, колената и рамената.
 
Назад – и трет патник ќе може да седне во солиден комфор
И на задната клупа се седи исклучително комфорно, со одличен простор во сите правци. Дополнителен простор за патникот во средината, отвора и целосно рамниот под во задниот дел, што не е случај кај конкурентите.
 
Багажник – целосно употреблив, но во просекот на класата
Багажникот брои 450 литри, што е во просекот на класата. Просторот е одлично организиран и Corolla лесно ќе проголта повеќе куфери, пред се благодарение на должината на самиот багажен простор.
 
Ергономијата е на високо ниво – сите команди и копчиња паѓаат природно на рацете
 
Во Corolla лесно се наоѓа вистинската позиција зад управувачот, а менувачот и примарните команди се поставени на дофат на раката. Тука нема забелешки – кога ергономијата е во прашање, Corolla е еден од најдобрите автомобили воопшто, не само во класата.
 
 
Звучна изолација – меѓу најтивките во класата
 
Дизел моторот е одлично придушен и се слуша единствено при нагли забрзувања. На повисоки брзини, благодарение на шестиот степен на пренос и одличната аеродинамика, кабината останува извонредно тивка. 
 
Прегледност карактеристична за седан
 
Како и кај секој седан автомобил, прегледноста е на повисоко ниво отколку кај хечбек изведбите. Сепак, високиот заден дел на Corolla го отежнува паркирањето во рикверц, па препорака се паркинг сензорите со кои беше опремено тестираното возило, а чинат 390 евра.
 
Впечаток за квалитет, материјали и завршна обработка
 
Квалитетот на материјалите е на високо ниво, а пластиката е мека на допир. Завршната обработка е на највисоко ниво, а се забележува и дека е посветено големо внимание на деталите.
 
Практичност
 
Во внатрешноста има многу фиоки и отвори за оставање на ситници, а она што е различно во однос на конкуренцијата се двете фиоки пред совозачот.
 
Вредност
 
Цена/Опрема
 
Цената на тестираниот модел, со 1.4 D4-D моторот и Luna ниво на опрема, изнесува 18.990 евра. Опремата е богата и вклучува се што би било потребно за еден семеен седан, освен забелешка за недостатокот на темпомат, кој и тоа како добро би му дошол на овој автомобил. Цена ја оправдува самото лого напред, но секако и гаранцијата од 5 години или 160.000 километри (инаку, највисока гаранција во класата).
 
Повеќе за цените и опремата можете да видите тука. 
 
Извонредно ниска потрошувачка
 
Онаму каде малиот дизел заработува најмногу поени е потрошувачката на гориво. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка изнесува 4,7 литри на 100 km. Во град, таа расте на 5,7 литри, додека на отворено паѓа на 4,2.
 
Во пракса, резултатите за потрошувачката и не се многу различни од фабричките – на отворено измеривме просек од 4,5 литри, додека во град нешто над 6 литри гориво. Просечно на тестот потрошивме 5,5 литри, што е извонреден резултат за еден голем семеен автомобил.
 
За ниската потрошувачка пред се е заслужен новиот Toyota Optimal Drive систем, кој се вградува во сите нови модели на Toyota. Со него е оптимизирана работата на сите движечки и ротирачки делови, со што се намалува триењето. Дополнително на овој систем, и дизел моторот претрпе некои измени – доби нов менувач со шест степени и piezo прскалки за гориво од последната генерација. Резултатот е и повеќе од видлив.
 
Повратна вредност
 
Toyota секогаш држи добра цена на пазарите за половни автомобили, а тоа посебно важи за модел како Corolla, кој важи за еден од најдоверливите автомобили на сите времиња.
 
Безбедност
 
Corolla заработи чисти пет ѕвездички на EuroNCAP, по стариот начин на тестирање од 2009 година. Од безбедносната опрема, тестираниот модел беше опремен со 9 воздушни перничиња и ABS+EBD. За контрола за стабилноста и тракцијата дополнително се доплаќа.
 
 
За кого е овој автомобил
 
Преку 30 милиони продадени примероци на Corolla низ целиот свет, јасно говорат за квалитетите на овој автомобил. Новата генерација се нуди исклучиво во седан изведба, па според тоа и би ја препорачале на семејствата, кои сакаат пред се простран, удобен, економичен и доверлив автомобил.
 
Освен послабата возна динамика, Corolla е автомобил без вистински недостатоци, со точно погоден баланс меѓу перформансите и удобноста. Благодарение на ол-раунд карактеристиките, Елегантната Јапонка е во преден план во многу популарната класа кај нас (класата на семејни лимузини).
 
 
P.S. 
 
Ние од koli.com.mk секој автомобил го возиме на начин на кој производителот предвидел. Бидејќи сакаме адреналин, повеќе би сакале да се тркаме, но... Ако немаме автомобил за трка, не значи дека и немаме причина за трка. Додека тестиравме Corolla се тркавме со бројките за потрошувачка. 
 
Мирното возење овозможува чест поглед во патниот компјутер, каде информацијата за потрошеното гориво вели дека помалку од тоа би можело само во некој научно – фантастичен филм, што секако е вистински предизвик да се задржи умереното темпо. Тоа е Toyota Corolla. Така беше, така си останува, се уште... Побарајте Тест возење.
 
Предности:
 
Удобно возење
Супер ниска потрошувачка
Тивка кабина
Пространа внатрешност
Солидни перформанси од моторот
Солиден багажник
Прецизен менувач
Врвна ергономија
Опрема
Гаранција
 
 
Недостатоци:
 
Послаба возна динамика
Управувачот не враќа доволно информации од подлогата
Прегледност во задниот дел
1.4 D4-D моторот заслужува cruise control, и тоа како потребен за овој автомобил
Цена, помеѓу највисоките во класата



Toyota Corolla - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ako zaglavi gasta imas kocnica kaj ke odi so mu fali na kolata koja nova kola ne cini?
Напишан од zac  пред  околу 74 месеци
Corolla vozam 2 godini. Ne bi ja menjala za nisto drugo osven za nova corolla. Kvalitetna tivka i ekonomicna. Mnogu si ja sakam
Напишан од Biljana  пред  околу 79 месеци
Abe ocigledno komentarive se napisani od nepismeni citaci. Vo Italija i vo nekoi drugi evropski zemji ne se prodava ovoj vid Corolla tuku se prodava Corolla Verso, procena na Toyota e koj model najdobro ke se prodava na koj pazar. Vo SAD se prodava istava nasa Corolla so mala sminka na nadvoresniot izgled prilagodena za nivniot pazar i normalno pojaki motori. Inaku da sporeduvas Golf i Corolla ne se vo ista klasa (Golf sporedi so Auris). Moze Jetta i Corolla pa da vidime sto e poeftino ako veke
Напишан од giko  пред  околу 79 месеци
Во глобала тестовите ви се тапа.Ако стварно ги тестирате дајте податоци за забрзување,меѓузабрзување,кочење(ладни-топли),реална потрошувачка во град и отворено,како се однесува на угорнини,на автопат.Вие само ни давате каталошки вредности помешани со ваше лично мислење,дали вам ви се допаѓа или не.Вие треба да ни презентирате бројки и факти за пореално да добиеме слика за возилата.
Напишан од Giugaro  пред  околу 80 месеци
JAS ZIVEAM VO ITALIA MOMENTALNO TOYOTA COROLLA VO ITALIA NE SE PRODAVA VEKE MOZEBI 5 GODINI JAS NE ZNAM SAMO OD KADE IDAT TIE COROLI KAJ NAS AURIS SAMO SE PROIZVEDUVAT I PRODAVAT VO ZAPADNA EVROPA TO E ZAMENA ZA COROLA JAS BEV I VO PRESTAVNIKOT VO TOYOTA VO ITALIA I IM JA POKAZAV OVA COROLLA SO SE PRODAVAT USTE KAJ NAS LUGETO SE CUDEA NE ZNAEA ZA OVA NESTO OD KADE GI NABAVUVATE TIE KOLI I SAMIOV NE ZNAM A I ITALIANIVE BEA ZBUNETI CUDO
Напишан од toni  пред  околу 80 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил