Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Атак на врвот од класата
 
Spodeli
23 февруари 2010, 16:34


Атак на врвот од класата Volkswagen Polo Атак на врвот од класата
Да се порасне значи да се стане позрел и поодговорен. Но растењето го прави човекот помалку спонтан и поенергичен. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Истото важи и за автомобилите. Зрелоста со себе носи епитет да се биде подобар од својот претходник. Тоа во целост го исполнува новото Polo кое се искачува за едно скалило погоре од својот претходник.

Новото руво на целата гама возила, понекогаш дава одлични резултати. Свежината која VW му ја даде на новото Polo го направи малечкиот толку блиску до повисоката класа како во изгледот, квалитетот така и во возните својства.

Изглед

Надворешен изглед

Традиционалниот изглед на VW возило не заостанува ни кај Polo. Предната намуртена маска ја заокружуваат веќе препознатливите VW фарови. Чисти линии со редизајнирани задни “штоп“ светла. Сепак, во време на модерно и фенси дизајнирани супер мини автомобили, Polo веќе изгледа по малку застарено, посебно ако се гледа отстрана или одзади. Може да се каже дека изгледот е сосема очекуван за еден модел на VW.



Новото Polo е подолг за 5, поширок за 4 и повисок за 1 cm. Трендот на доближување на малите градски автомобили кон повисоката класа, е застапен и кај новото Polo.

Класичен VW ентериер

Ентериерот од Golf е целосно прилагоден во новото Polo. Дизајнерите ја тргнале иновативноста на страна, и одиграле на карта на емоции на сегашните и поранешните сопственици. Се чини дека секој дел од ентериерот на поголемиот брат - VW Golf, е намален и вклопен во новото Polo.

Возни својства


70 кс снажниот мотор на Polo ќе ви овозможи одлично мирно возење. Но забавата во возењето побарајте ја во други возила, пред се Ford Fiesta и Mazda 2.

Солидна прецизност

Polo нуди солидна прецизност при управувањето. Лесен серво управувач со кој лесно ќе ги надминете сите пречки на патот. Возачот ја има целосната контрола позади воланот, но на ова поле, Polo не може да се рамни со најдобрите во класата.

Динамичен за возење?


Градското возење е местото каде што доаѓа во полн сјај. Одлично потегнува до 75 - 80 км, а исто така добро кочи. Но ова може да се каже само за возење низ град. Динамиката заборавете ја при возење на отворено.

Одлична стабилност


Поголемиот комфор, резултира со помало возачко задоволство. Но тоа не е така кај новото Polo. Препознатливата стабилност на сите возила на VW, е застапена и кај VW. Свиоците преставуваат најмал проблем за Polo.

Одличното подвозје, комбинирано со цврстата шасија му гарантира на возачот перфектна стабилност. Стабилноста не потфрлува ниту на повисоките брзини, што го крунисува Polo како еден од најстабилните автомобили во својата класа.

Недоволно силен мотор, погоден пред се за градски услови

На спортски перформанси со новото Polo не ни помислувајте. 70 КС на 1,2 моторот ќе ви овозможат одлично возење низ градски услови. За долги патувања, моторот е недоволно силен.

Максималната брзина од 165 км/ч е сосема доволна за автомобил од неговата класа. До стотка забрзува за 14.1 секунда, што е доволно за градски услови. Возењето низ град го олеснува и максималниот вртежен момент од 112 Nm, кој е достапен при ниски 3.000 вртежи во минута. Агилен и енергичен мотор на ниски вртежи, кој ќе ви обезбеди релаксирано возење.

Прецезен менувач како кај останатите VW возила?

Токму така! Одличното возење со новото Polo го надополнува и солидниот менувач, иако ја нема прецизноста на јапонските менувачи, а има и малку подолги одови.

Комфор

Висока удобност во возењето


Новото Polo покажува колку е важна големината. Високото ниво на рафинираност, комбинирано со поголемата пространост и тивката кабина овозможуваат високо ниво на удобност како за возачот, така и за патниците. Тотално комфорен, ни малку заморен, возењето во Polo преставува вистинско задоволство.

Седиштата се тврдо подесени и како такви, добро го држат телото и допринесуваат за намалување на заморот при долги патувања.

Простор

Има ли простор напред?
Сосема доволен простор дури и за луѓе со два Х големина. Поголемите пропорции на Polo од неговиот претходник, овозможуваат и поголем простор во внатрешноста.

Дали е простран и назад?
Незначително помал простор назад, но сосема доволен за удобно сместување на два патника на задната клупа. Третиот патник би имал проблеми со простор за рамената. Во споредба со конурентите, Polo е во просекот на класата кога е во прашање пространоста на задната клупа.

Поголем багажник од конкурентите?
Polo го држи просекот. Во споредба со Punto, Fiesta и Corsa кои се лидери во поглед на големината на багажот, Polo со своите 271 л, е неколку литри зад нив.



Совршена ергономија
Веќе видениот досаден ентериер си има своја убавина. Совршената ергономија му овозможува на возачот лесен пристап до сите команди кои се позиционирани на вистинските места.

Менувачот и воланот се секогаш при рака, а одлично позиционираното возачко место ја заокружува високата оценка за ергонимијата.

Подобрена звучна изолација

Тивката кабина и високата рафинираност го прави возењето во новото Polo вистинско уживање. Епитетот за бучните Германци е демантиран и во малечкиот од Волфсбург. Тука Polo е најдобар во класата.

Прегледност

Вообичаеној, возач на мал градски автомобил кога ќе се заврти назад има проблем со недоволната прегледност. Тој недостаток не е толку изразен кај новото Polo, кое изненадува со солидната прегледност.

Голем минус на прегледноста се малите ретровизори кои ја намалуваат можноста за лесно маневрирање, претежно низ градскиот метеж.

Квалитетот во ентериерот не одговара на цената


Polo со команди од раните деведесетти... 21 век не донесе никаква свежина кај VW! Командите за светла, прекинувачот за климата и останатите копчиња не даваат впечаток на некаква разлика меѓу оваа шеста генерација на Polo и претходните две.

Тврдата пластика е составен дел од ентериерот на Polo, но затоа обработката е на највисоко ниво во класата.

Практичност


Со преклопување на задната клупа се добива простор од 1030 литри, што го прави Polo практичен автомобил според потребите на сопственикот.

Вратите лесно се отвораат и затвораат, типично за Јапонските автомобили.

Вредност

Полето каде што VW традиционално губи во однос на конкурентите, односот на вложено - добиено, не остава простор за полемика. VW Polo со својата цена и нивото на опрема навлегува во повисоката класа.

Цена / Опрема

Повеќе за моделските изведби и нивоата на опрема на новото Polo можете да погледнете тука.

Моделот кој го возевме, 1,2i моторот, кој генерира 70 КС и Trendline опрема изнесува 11.900 евра. Но со овие пари можете да купите автомобил од повисоката класа па и со повеќе опрема отколку оваа стандардна кај Polo. Онаму каде што најчесто настанува заблуда е дека должината на автомобилот нема никаква врска со квалитетот. Мерењето на метар или на кило, како што најчесто се практикува кај нас, сигурно нема да ви помогне да се одлучите за Polo. Оние кои тоа не го прават, ќе добијат за повеќе пари одличен автомобил кој се повеќе навлегува во поголемата класа.



Потрошувачка

Потрошувачката според фабричките податоци во град изнесува 7,3 литри, 4,5 на отворено и 5,5 литри при комбинирано возење на 100 км. Но овие податоци се смешни во поглед на вистинската потрошувачка. При градско возење потрошувачката изнесува над 8 литри, а со малку поагресивно возење може лесно да се достигнат и до 10 литри на 100 км. На отворено возење, дијапазонот од 4 - 5 литри потрошувачка, може да се оствари само при претпазливо, релаксирано возење. Во спротивно, потрошувачката ќе изнесува скоро 6 литри на 100 km. Споредено со конкуренцијата, Polo се уште не е економичен како трицилиндрашите на јапонските конкуренти.
Комбинирана емисија на CO2 изнесува 109 грама на 100 км.

Повратна вредност


Германските возила се познати по “држењето“ на цена на нашиот пазар па и пошироко. Кога и да се решите да го продадете вашето Polo, несомнено е дека ќе добиете добра сума на пари назад.

Безбедност

Polo е најбезбедниот автомобил во својата класа. Петте ѕвездички на EuroNCAP тестот го говорат тоа. Дополнителен плус на безбедноста се и воздушните перничиња и ABS и ESP системот.



За кого е овој автомобил?

Овој автомобил е дефинитивно за фамилијарни луѓе пред се кои сакаат доверлив и квалитетен автомобил. За оние кои не бараат голема забава во возењето и за традиционалните VW вљубеници. Polo е дефинитивен избор и за оние кои неможат да си дозволат Golf во своите гаражи.

 

 

Предности:

•    Солидна удобност

•    Тивка и пространа кабина

•    Одлична завршна обработка

•    Ниска потрошувачка

•    Добра прегледност

•    Одличен менувач

•    Солидна стабилност и агилност

•    Високо ниво на ергономија

 

Недостатоци:

•    Висока цена во повисоко ниво на опрема

•    Недоволно силен основен мотор, погоден само за град

•    Досаден дизајн на ентериерот

•    забава во возењето

 


Volkswagen Polo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Avtomobilov zivee na stara slava. No deneska vremete go ima pregazeno. Dizajn nula ako voopsto ima dizajn vo ovaa kocka od kola , Enterier plastika i izgled kako pred 20 godini.Katastrofa.Ova e za babicki i dedovci koi ke mislat deka vozat avion
Напишан од sound  пред  околу 79 месеци
koj sto saka neka kaze, ama avtomobilov rusi rekordi na prodavanje vo negovata klasa. Prethodno procitav nekoi komentari deka Ima polno plastika, pa sto, zelezo li da stavat pa da go napravat 3 tona, pa de nemoze avtoto da mrdne posle. Mojata edinstvena zamerka e sto ima slab motor. Dobitna kombinacija za ovaa avto bi bil motor od 2000cc, 150 ks i 4motion. :D
Напишан од venom  пред  околу 80 месеци
koj sto saka neka kaze, ama avtomobilov rusi rekordi na prodavanje vo negovata klasa. Prethodno procitav nekoi komentari deka Ima polno plastika, pa sto, zelezo li da stavat pa da go napravat 3 tona, pa de nemoze avtoto da mrdne posle. Mojata edinstvena zamerka e sto ima slab motor. Dobitna kombinacija za ovaa avto bi bil motor od 2000cc, 150 ks i 4motion. :D
Напишан од venom  пред  околу 80 месеци
koj sto saka neka kaze, ama avtomobilov rusi rekordi na prodavanje vo negovata klasa. Prethodno procitav nekoi komentari deka Ima polno plastika, pa sto, zelezo li da stavat pa da go napravat 3 tona, pa de nemoze avtoto da mrdne posle. Mojata edinstvena zamerka e sto ima slab motor. Dobitna kombinacija za ovaa avto bi bil motor od 2000cc, 150 ks i 4motion. :D
Напишан од venom  пред  околу 80 месеци
koj sto saka neka kaze, ama avtomobilov rusi rekordi na prodavanje vo negovata klasa. Prethodno procitav nekoi komentari deka Ima polno plastika, pa sto, zelezo li da stavat pa da go napravat 3 tona, pa de nemoze avtoto da mrdne posle. Mojata edinstvena zamerka e sto ima slab motor. Dobitna kombinacija za ovaa avto bi bil motor od 2000cc, 150 ks i 4motion. :D
Напишан од venom  пред  околу 80 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 9
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил