Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Флуиден и робусен – Hyundai ix35
 
Spodeli
22 февруари 2010, 16:07


Флуиден и робусен – Hyundai ix35 Hyundai ix35 - old Флуиден и робусен – Hyundai ix35
Наследникот на Tucson, новиот компактен SUV на Hyundai, ix35, ја доживеа премиерата и на нашиот пазар. Покрај помодерниот дизајн, новиот модел го карактеризираат и многу технички новитети....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Надворешно, ix35 сега добива многу подинамичен и флуиден изглед, следејќи ги новите трендови на компанијата. Забележителната предна маска со косо поставени светла и голем отвор за ладилникот, најавува многу поагресивен дизајн и кај другите модели на Hyundai.

Кај ix35, и страничниот дел е флуидно изведен, со две линии над крилата кои ја зголемуваат динамиката во дизајнот. Во задниот дел доминираат косите стоп светла, кои го заокружуваат одличниот дизајн на спортскиот SUV.

Големо внимание е посветено и на деталите, како трепкачите сместени во ретровизорите, браниците изведени во две бои за посилен оф-роуд изглед и задниот спојлер со стоп светло. Дефинитивно голем напредок во однос на Tucson.



Голем скок во однос на претходникот се забележува и во внатрешноста, каде доминираат електронските системи. Посебно е забележителна средната конзола, со многу хромирани делови и поголеми дисплеи. Видливо е и вградувањето на поквалитетни материјали низ целата кабина. За уште подобро чувство во кабината, може да се порача и панорамски покрив, кој се протега по целата должина на внатрешноста. Се на се, ентериерот на ix35 ќе биде многу попријатно место за патување.

Зголемувањето на надворешните димензии, дополнително ќе придонесе за комфорот на патниците. Со должина од 4.410 mm и меѓуоскино растојание од 2.640 mm, ix35 е еден од најголемите модели во класата, а воедно и еден од најпространите. Големината на багажникот изнесува до 730 литри, зависно од конфигурацијата на седиштата.

Покрај зголемениот простор, внатрешноста профитира и од многу повеќе отвори за ситници, како што е отворот во централната конзола со големина од 6,2 литри или големите отвори во вратите од страна.

На нашиот пазар, ix35 ќе се нуди со два мотори, бензинец со 163 КС и дизел со 184 КС. И двата мотори се достапни со мануелни и автоматски менувачи со шест степени на пренос, а ги задоволуваат Euro 5 нормите за издувни гасови. Дизелот стандардно доаѓа и до DPF филтер за прочистување на партикуларните честички.

Аналогно на посилните мотори, за ix35 е развиена и целосно нова шасија и ново потпирање со мултилинк задна оска, нови амортизери и пружини со странично носење, кои треба да овозможат повисоко ниво на комфор во однос на претходникот но и многу подобри динамички возни својства.



Нормално, достапен ќе биде и погон на сите четири тркала, кој ќе има два мода на работа – компјутерски контролиран погон на сите четири тркала и фиксен погон на сите четири тркала со 50:50 распределба на сила на предната и задната оска, кој ќе се користи за теренски услови.

Hyundai ветува и поголема преодност дури и во таквите услови, благодарение на нападниот агол од 24,2 степени, односно клиренсот од 170 mm. Моделот со погон на сите тркала ќе може да искачи и максимална нагорнина од 44,19 степени, односно ќе биде отпорен на странично превртување дури и при агли од 45 степени.

Ќе бидат вградени и два електронски системи за помош при возење по нагорнина и надолнина. Првиот не дозволува враќање на возилото наназад при тргнување, а вториот ја контролира брзината при возење по надолнина.

Од електронските системи за помош при возењето тука се нормално ABS и ESP системите, а за максималната безбедност ќе се грижат и осумте воздушни перничиња кои се стандардни во сите нивоа на опрема.

Цената на основниот ix35 со бензински мотор и погон на две тркала изнесува 21.900 евра, додека дизелот со истото ниво чини 25.500 евра. Изведбите со погон на сите четири тркала се поскапи за 1.300 евра. Во однос на Tucson, цената е покачена за неколку илјади евра, но покрај видливиот напредок во дизајнот и техниката и посилните мотори, сега и стандардната опрема е многу побогата.


Hyundai ix35 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Navistia prekrasno sraboteno i odnadvor i odvnatre so primena na iskrseni linii kako konveksni i konkavni a voedno se e svedeno na perfektno tecno sraboten SUV.Sekoja cest i samo superlativi se lepat za ovoj ubavec.
Напишан од jovance  пред  околу 88 месеци
ja go imam videno vo zivo i ke vi kazam deka e mnogu jak samo malce menacot mu e prost inace drugoto se e super i deka e eden od poevtin od negovite konkurenti
Напишан од eden  пред  околу 90 месеци
Po toa sto go imam videno na net i sporedba na ceni so konkurencija mislam deka ix35 predni4i vo mnogu raboti,toa e moe viduvanje uste da vidime kako ke se prodava kaj nas... se nadevam da bide 4esta gledka po pati6tata na mk bidejki mi se dopaga :)
Напишан од Josif  пред  околу 91 месеци
stvarno jako izgleda
Напишан од razor  пред  околу 91 месеци
извинете за тоа што го пратив 2 пати коментарот, а да додадам дека освен за јапонските, така се сваќа и за корејските возила.....
Напишан од мр.дони  пред  околу 91 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил